А зашто не би се дало чија семе ако се дава просо, амарант и киноа? Тоа не ми е јасно не најдов нигде податок. Негде се напоменува давало енергија али нема сигурни податоци. Некој препорачуваат после 6+ некој после 9+. Знам дека да прашам неколку од нашиве педијатри сите различно ќе кажат. Фала ти на советот.
Токму поради тоа бидејки е енергетска бомба и не се препорачува за бебиња, како и да е јас не би дала пред 12+ ако си член на здрава храна здрави деца на фб, таму доста е зборувано за неа па можеш да прочиташ. Мислам дека премнигу се форсираат овие модерниве житарки, некои прв пат слушаат за киноа и амарант ама битно на бебе дале Јас ништо од ова не давам, му давам пченка, пченица, овес, рж, јачмен , просо бидејки е сепак од нашето поднебје, има разни видови на снегулки во Дм , а понекогаш и цело зрно му варам.
Да член сум во групата и таму читав за искуства со чија семето. Се согласувам со се што напиша иако ете јас давам од киноа, амарант. Татко ми кога ќе види секогаш коментира : Аман жено шо е со хранава за папагали, дај му на дете тоа и тебе шо то давале а ова остај за папагалот Секое сабајле се смејам кога спремам јадење. До некаде и во право е човекот, но ете статии викаат здраво било па ајде. Чија семето јас го користам па онака ми текна за дали можам и на синко да дадам. Но, некако не се осмелувам сепак не е дека неможе без тоа. Овесни снегулки на Натура ќе почнам од утре да давам па чија ако не ќе почека неколку месеци. Фала ти мајка и имај убава ноќ.
Чија семето содржи многу комплексни растителни влакна кои детскиот организам не може да ги дигестира и само може да му направи тегоби на желудникот.
Јас исто како @anastasijaki ниту давам од овие со чудни имиња, ниту имам намера Доволно е овес, просо, пченичен гриз, палента и тоа. Искрено, ова житарките и други чудни овошја во исхраната на децата е само класично помодарство и ништо повеќе. Не се знае што да се изведува повеќе.
И јас не давам од модерниве житарки, купив за поголемото, после година и пол дадов, не дека нешто беше одушевен, ама јадеше. ептен бев тогаш загреана за здрава и сирова храна, па и модерни артикли. Ама си размислив убаво за некои работи, па сфатив дека можеме и без нив. Амарантот ми е ептен безврска, како го јаде, така го кака, дали нешто се искористува којзнае. А вкус одвратен. Киноа и хељда сакаше. Малово уште нема пробано такви житарки, има време за нив. А чиа семе - па дискутабилно ми е. Од една страна можеби е ок, давав на големиот еднаш или два пати, прекинав. Имам дома, ама ни јас не го конзумирам, оти читав дека може да влијае на хормоните, па прекинав со употреба. Некако многу се форсираат вакви продукти, за нашите родители непознати, ние без нив сме пораснале. Факт е дека времињата се менуваат, светот станува глобално село, ама верувам дека овие нови исфорсирани житарки колку се корисни, сигурно имаат и нешто што не чини, а ние сме од поднебје во кое не успеваат (мислам дека тоа е мног уважен фактор во исхраната). Допрва ќе се дознава за тоа, па не давам такви житарки и семиња на почеток, за понатака може, повремено.
Јас кус кус, амарант, киноа па дури и тарана немам дадено. Хељда да, дури и хељдини снегулки и палачинки од хељдино брашно што според мене се најубави такви. Но ова другово не. Јес да киноата е полна со растителни протеини но за протеини повеќе форсирам животински неголи растителни.
И ние за некој ден правиме 4 месеци. Планирам од 4 ипол мес. Да почнам со кашички нас педијатарот ни даде листа што може да се дава.
Јас од ’’модерниве““ житарки давам само киноа и тоа ретко, еднаш во 10 дена. Имам купено и амарант ама поглупо од тоа нешто, здравје. Кај се вари цел саат, па и не набабрува, не може да ти биде основа како што се другите житарки. А во нашата исхрана користам чија семе секојдневно, киноа и хељда како додаток во супи и чорби и гоџи бери.
Може да ми сликнеш и да ми пратиш? Ако сакаш,може и во инбокс. Мене мојов педијатар ништо такво не ми даде.
И јас не планирам да давам од овие кус-кус, киноа, чиа. Не сум дала ни на поголемите. Кисело млеко, јогурт од кога може? Јас мислев од 7 дека може, ама гледам на бебе готвач од 8+. Сакав од домашно млеко, да потквасам дома. Дека уште ништо не јаде, па си помислив може ќе сака со кисело млеко. Сега се мислам дали да дадам или да чекам. Тиква пробавме вчера, едвај три пати лизна и тоа беше се. До сега не се нервирав, ама веќе ми иде со сила да му ставам во уста. Се што ќе направам фрлам. За овие два месеци само едно кило е поправен. Утре сме на контрола па ќе ја прашам и докторката што да воведеме.
Ама не гледај повеќе на вага, помина тоа. После 6тиот месец многу поспоро качуваат, некогаш и по 300 гр месечно. Кисело ако даваш дај со палента, знаат да не го прифатат од прва.
Кисело млеко му даде свекрвата на 6 ипол месеци.  Без моја дозвола нормално. Гледам на детето му се услади само кисело млеко, немаше никакви реакции фала богу. Многу сака кисело млеко, некојпат само тоа јаде за вечера. И кога не му се свиѓа ручекот додавам к.млеко и се си изруча.
Можеби веќе е пишувано, но немам време да барам сега...ќе воведувам жолчка, па како ја давате, чиста жолчка ( 1/8 ), па нешто доручек после некое време или доручекот е жолчка во комбинација со нешто што оди? Какви реакции обично може да се очекуваат доколку покаже алергија на жолчка?
Битолско кравјо кисело млеко ( 3,2% масленост ) дадов денес прв пат ( по препорака на сестра ми, такво на внук ми давале и даваат ).