Риба од 10+, за големово така беше, на малово уште не сум дала, оти немам најдено убава, многу сум терсене за риби. Зборам за наша, локална пастрмка. Морските секако после година одат. Грав на двајцата им дадов после година, општо, јадењата кои мене ми се тешки на стомак како грав, зелка, праз ги давам кај двајцата после година, големиов немаше проблеми, малово со грчеви ми реагираше на гравот и празот, а со зелката немаше мака. Индивидуално е тоа. Боранија, грашок, леќа, пченка во зрно од 8+, патлиџан 10+ дадов, се' домашно, наше, од наша бавча. Ништо не сум купувала летото, освен леќата, сега почнав да купувам, бидејќи немавме толку количини грав, грашок и боранија за замрзнување. Патлиџани замрзнав, и салца направивме за во манџи место сос. Кефир не сум дала воопшто, немам габа, не сум ни зела да правам. Можеби понатака.
и сок ли му даде на три месеци? Сајкоски препорачува сок од трет месец,што за мене е далеку од разумно размислување.За тоа каков дијагностичар е не коментирам.За исхраната брза мн незнам зошто
Не мила синко прв пат проба сок после 4тиот месец, мада дали до сеа 4-5 пати сум дала али нејќе да пие и никогаш не сум форсирала. Водата ја форсирам мада ете не ја сака Реално не значи дека треба баш за све да се слагаме и слушаме педијатри од сама причина што не се сите со исти став. Сметам дека секоја мајка си го знае сопственото дете и знае горе-доле што да понуди и дали да го послуша педијатарот за нешто што не и е баш своиствено. За повеќе работи се комсултирам и со мајка ми, а некогаш и со другарки чии деца се веќе средношколци. Исто и овде на форумов па и достапно е све на гугле и јутуб. Па си собираш неколку совети и мислења па одлучуваш. Незнам за тоа дека советувал од 3+сок до сега не сум наишла на таква изјава негова. Сепак до 4ти сметам дека не се дава ништо освен млеко, вода и по потррба чајче за грчеви.
Еве по овие табели и апликации се водам, но пак останува тоа дека горе-доле некој работи не се совпаѓаат т.е. не се воведуваат исто според ова И чат пат на гугле, јутуб или по групине на фб ( искуства на мајќи и сите нормално различни ) и опппп тотален хаос е со намирнициве. Па некоја златна средина наоѓам.
Јас сум гледала доста интервјуа на Сајковски и не сум чула за давање сок од 3 месеци. Последно гледав гостување на 24 и кажа да се дава цело овошје затоа што цеденото е главно концентрација на шеќери.
Јас за него имам високо мислење и како човек и како доктор. Во однос на сокот, неколку пати го иман слушано, тој не советува сок баш сок, туку во периодот на пробување вкус да му се даде по малку од сокчето на овошјето да осети вкус. А не сок да купиш и да дадеш. Зборувам за варено овошје. Во однос на подоцнежно давање сокови, баш сега го слушав велеше да се даде целосно овошјето, наместо да се цеди во сок.
Здраво мамички. Ние почнавме со пробување на вкусови. почнавме со тиквичка 2 дена , а денеска прв пат јаболко. Му дадов на бебе 4 лажички , ама после плачеше за уште. Му дадов и од водичката што го варев јаболкото и сака да ја пие. Прашањето ми е и утре ќе му давам јаболко па дали да му дадам колку сака или да се држам пак на неколку лажички?
Јас му давав колку што сака, ма да тој период кратко траеше, сега не сака уста да отвори. Затоа штом сака давај му.
Кефирот е 8+ А шампињоните се после втората година, ама мене искрено ми беше страв дека се доста алергени и ги воведов после третата година.
Јас денес ставив во ручекот да се вари едно мало шампињонче. Ама уште сум на мисла дали да го дадам. Мм работи со шампињони и тој инсистира дека се многу чисти и здрави и да ги воведеме. За дека е алерген не сум слушнала, според мојата табела се после годинка, а што читам по странски сајтови е 10+.
Јас дадов на 18 месеци во готова кашичка. Не беше намерно на кашаа пишување 12+. Кога сфатив и видов дека немаше реакција продолжив од време на време да давам ама термички обработени не свежи. Мојов ептен ги сака.
Да, да и јас ќе ги обработувам термички, зборот свежи ми беше во смисла не конзервирани од тегла. Ние дома јадеме многу често и ептен ги сакаме, скоро во секое јадење, па решив да дадам, ќе видиме како ќе реагира.
Јас од печурки многу се плашам. Не знам за алергени, мислам дека опасноста е ако ја згрешиш печурката. Не давам уште, иако овие од бонум често ги земам за нас. А инаку, по некои нови сознанија свинскиот шол веќе се вбројува во бело месо, поздраво од телешко. Се мислам кога да воведам свинско? Кога дадовте тие што давате? Педијатарот на систематски ( не нашиот) рече давај