Јас телешко дадов на 7 месеци поради низок хемоглобин. Одлучив дека е подобро така одошто да чекам да ипадне повеќе, па да требаат вештачки суплементи. И се покажа како паметна одлука.
И јас дадов телешко со полни 7 месеци. Домашно. После тоа не можев да најдам домашно, па оттогаш наваму купувам исклучиво јунешко месо. Пилешко давам само домашно и ден денес, исто и јајца (освен во зима кога не носат кокошките). Во принцип, кај бебиња е подобро да се почне со посно месно - пилешко, мисиркино, зајачко, телешко/јунешко. Останатото може да почека.
@joy1 Мој совет - не го блендирај туку го испасирај. Блендиран е како гума и леплив и ретко кое бебе таков чист го прифаќа.
Веке и дадов и тоа блендиран.Касно те прочитав.Проба два три пати но се гледаше не му се радуваше мн.Утре ке пробам пасиран со малце морков
И мене не ми беше логично блендиρан да му дадам(освен мноооогу потечен да се напρави) теглив е κомпиρот блендиρан и се лепи Јас задутρе ќе му дадам. п.с И од водичκата κај што се ваρи да му ставам за потечно да биде?
Малата моја на компир ми е алергична уште од самиот почеток кога и воведов (5,5 месеци). Околу устето цела се исфрла и станува црвена Пред некој ден и дадов пак кога направи 7 месеци и пак истото. Не ми е јасно како може на компир да е алергична, намирница која се воведува меѓу првите ама тоа е. Се мислам дали да и дадам батат (сладок компир) или да си почекам уште некој месец да видам како ќе биде со компирот
Кај мене синко обожава компир. На почеток кога му го давав беше чист, па потоа го комбинирав. Јас не го мешав со млеко, туку со водичката каде што се варел.
jas pocnav do domasno pilesko od 7 i pol a so telesko pred nepolni 9 ... kasi gotovi na hipp so meso nemam dadeno i ne ni planiram ..
На ред е грашок и авокадо. Тоа ми е во план да воведам во исхраната на моето бебе. Од утре почнувам со авокадо, а грашок ќе воведам отприлика на 9 ипол месеци. Имам слушнато дека е малку јако авокадото и дека се дава во помали количини...колку е тоа точно? И колку да дадам како за прв пат...осминка доволно ќе е? Планирам со банана како за почеток да го измешам. И ова малце поглупо прашање ама јас ќе си прашам што правите со остатокот од авокадото...го лапкате вие или го чувате за наредниот ден повторно да му додадете во кашата на бебето? Досега немам дадено овошје или зеленчук кое ми останало од претходниот ден, па се прашувам дали да направам исклучок со авокадото? Вака кога се читам прашањето ептен ми е глупо ама ај
Јас лично авокадо ставам многу малку оти е доста јако. Штрбнувам малку со лажичката и повеќе го користам како додаток. За чувањето, го чувам во фрижидер поклопено со фолија, семката не ја тргам, а кога давам пак потемнетиот дел го тргам. Имам прочитано некои финти со лимон против потемнувањето, ама искрено не сум пробала.
@snegulkata не повеќе од половина авокадо. Другата половина ја чувам во фрижифер за утредента. Првиот пат дадов два дена четвртина, па третиот ден половина. И јас имам читано дека треба да се чува со се семката, но незнам зошто точно. @Rabbit мислам дека можеш да пробаш батат зашто е сосема различно растение, а како што имам читано повеќе табели, бататот оди од 6 м. а обичниот компир од 7-8. Сепак направи подолга пауза со обичниот (едно 3 месеци барем) па пробај пак. Инаку, во врска со сливата, јас давам почесто сува (без шеќери и други додатоци) ама сварена. По една до две ги блендирам со друго овошје, и највеќе ми е за да и ја регулира столицата. Свежите сливи периодов што се нудат не ми се свиѓаат, а повеќето се увозни.
@leona83 не сакам во бебешко мени, па овде да ти кажам. Семето од коприва е 12+, а останатите семиња како лененото, сусамот, семките од тиква итн. се од 10 месеци.
И јас знам дека 10+ се семки од тиква, сончоглед, ленено семе и сусам. Ама пожелно е да се многу добро сомелени. За другите не знам.
Значи да почнам по малку сусам, тиква. Имам додаток на блендерот за семиња, прав ги прави. Фала мајки
Сеуште не поминуваме успешно со воведувањето на овошје(после неκолκу лажичκи бебчо моρа да повρати и тоа оообилно),па за недела планиρам и зеленчуκ κаκо втоρ обρоκ и тоа κомпиρ,спанаќ,бρоκула плус оρиз. Би ми биле добρедојдени κомбинации.