Зошто страв, нема што да згрешиш, јас дадов прво јаболче дома си направив кашичка, оти така сметав дека ете јаболче најлесно се преработува. Докторот мој остави да одлучам сама иако повеќе беше да почнам со зеленчук, но јас ете така сакав, наредната недела веќе дадов морков и така си продолживме.
Па тоа и ме мачи шеќерот, ама кога ќе поделам таа грамажа на едно бисквитче дневно ваљда не е многу. @Annath ќе ги проверам и тие на Babylove пишува од 10+ ама сигурно не се многу поразлични по состав иако на овие пишува 6+.
sigurno ima pisano nekade niz postovite, no nemozam da najdam, sakam da prasam grav i zelka zgotvena od kolku meseci moze da se dava? Isto i japonsko jabolko od koga moze?
И едно и друго 10+. Костените само да се убаво исчистени и измешани со ад млеко или измолзено млеко, оти знаат да бидат суви и тешки за голтање. Погоре пишав за костени, а за мушмули не сум сигурна, мислам дека исто беа 10+. 10+ се, ама јас дадов после година, оти јас имам проблеми од нив. Малото имаше грчеви од гравот, а зелката супер ја прифати. Јапонско јаболко некаде е 10+, некаде со полна година. Јас после 12 месеци дадов на големото, на малово уште не сум му дала, уште не се стасани нашите. @Lolipop23 @Mayyya првите кекси немаат воопшто шеќер, воопшто не се благи, и малце се тешки за прифаќање на вкус, макар што мене ми се свиѓаат. Како да јадеш обични житарици, без вкус се, затоа што се за учење на самостојно јадење и не се дробат баш лесно. Вторите имаат гликозен сируп во составот, а третите агаве сируп. Шеќер како шеќер, воопшто немаат. А LoBello се многу благи, на исто рамниште ги ставам со Џиџи Бебе или како и да се викаа тие турските. Дури и од плазмата се поблаги, како што кажав, моево од нив повраќаше.
ако дадеш мандарина значи си дала мандарина. родот на овошјето нема врска. исто како со мешункасти зеленчуци.
Денес за прв пат дадов малку белка од јајце, во меѓувреме си јадеше и од жолчката и одма исповраќа. Дали е можно да е алергиска реакција или може од жолчката, дека така си ја јадеше варена, иако не и е прв пат.
ќе дадеш пак и ќе знаеш сигурно, но пробај со храна која има јајце во неа, зошто вака може од жолчката да и залепило..
Здраво Со кои зеленчуци почнавте да пробувате? Ние имаме пробано јаболко, слива и круша. Сега сакам со зеленчук да почнам, но не знам од кој да почнам.
Мегу првите компир, морков, пашканат, батат, тиквица, брокула. Јас тоа за почеток имам давано. Од овошје јаболко, круша, слива, тиква, банана, авокадо, праска
Не ме сфаќај погрешно, лошо се изразив изгледа. Правилно е твоето, ама повеќето мајки тука почнуваат од 4 месеци со дохрана. Водена од таа претпоставка кажав дека компирот е 6+, за да не брзаат.
Извинете грешката е моја, јас не пишав за возраст. Иначе ќерка ми е 5 месеци и сега почнавме со пробување на вкусови. Ви благодарам на сите на одговорите.
4 и пол месеци сме. На ад сме само, уште не сум почнала со кашички. Сакам да почнам да давам. Е сега ме интересира јаболко во комбинација со што може да дадам или за почеток само јаболко?
Само јаболко за прв пат 3 дена. После можеш друго нешто на пример морков, слива, круша исто 3 дена. Откако ќе воведеш 2 намирници можеш да ги мешаш. Нека пробува вкусови, после ќе можеш да мешаш и за месец ќе стигнете до салам оброк-доручек.
Скоро е 7+ месеци и со дохрана започнав од 5+. До сега никогаш не сум воведувала ниедна намирница по 3дена. Тоа ми беше и совет од алерголог и педијатар со напомена дека е побезбедно зашто е на доење па мајчиното млеко содржи антиалергени, антибактериско и анти анти е во поголем процент. Сепак да напоменам во блиска фамилија па и подалечна нема никој алергии. Па се водев и по она како и нас не ранеле, на никоја не ни воведувале по 3 дена нмирница. Ако се појави алергија ќе појави од прв ден. И можеби не воведував по 2-3 дена една намирница, зашто зеленчукот и овошјето татко ми го сади ( имаме викендица со плац ) па така да ми е све органско не прскано. Но, доколку се купува можеби е подруго. Инаку почнав со јаболка прв пат дадов со крушка, па слива, тиква, банана, авокадо, батат, ориз, млрков итн. како идат месеците додавам намирници соодветни.