И на форумов и во близина има многу примери каде реакцијата не се јавила одма. Меѓу нив е и моето бебе. Поготово првиот месец треба пазење.
Точно, не мора да значи дека реакцијата ќе се јави одма, иако најчесто е во првите неколку часа после воведувањето на намирницата. Има и доцни, одложени алергиски реакции кои се јавуваат до 72 часа после контактот со потенцијалниот алерген. Затоа со оние намирници кои се алергени треба особено да се внимава на реакција и после три дена. Во принцип, ако нема алергии во фамилија, најверојатно и детето нема да има, ама никогаш не се знае. Еве, мм пројавил реакција на јагоди како мал, а никој во семејството не е алергичен на јагоди.
@BirMelek Истата намирница се воведува три дена со ред или еден ден се воведува па пауза па по три дена нова? И по колку лажички за прв пат дали само по една за пробс или колку сака?
Истата три дена. Првиот пат по една лажичка, вториот две-три, а третиот колку сака. Откако ќе воведеш така две, можеш да мешаш.
Пази со круша, може да се јават грчеви. Иначе во првите намирници е, ама јас ја дадов околу 7 месеци дека имаше грчеви. Пробај.
По препорака на педијатар утре почнуваме со кашички. Заборавив да ја прашам нешто па затоа сте вие тука Откако ќе и дадам да проба пр. кај 12 место да пие млеко ќе и дадам кашичка. Дали после кашичката и давам одма млеко или го скокам тој оброк па после млеко. Прашувам за сега додека пробуваме вкусови. Исто така и по колку лажички им дававте или колку сакаат на почетокот?
нова намирница секогаш само лажица или две сум давала.Така да тие две лажици неможат оброк да ти заменат.Кога ке почне да јаде барем над 50 грама (пола мала тегличка) тогаш е оброк
Читав малку наназад, само сакав да кажам да не брзате да проба сѐ бебето што побрзо...Зелка, грав, костени, мушмули, калинка, краставица...сето тоа се дава над полна година. Исто така и останатите што брзаат со дохрана пред 6 месеци...поради што брзате?
А зошто да не се дава пред 6 месеци? На самите кашички од јаболко и морков пишува се даваат од 4 месеци.
Јас не разбирам зошто сите мудрувате кој кога да почне со намирници...Значи, има мајки кои не дојат, да бев таков случај ќе почнев од 4 месеци. Јас доев па со вкусови почнав на 5+, не дочекав полни 6. Секој си знае за своето дете. Ако некој бара совет, ако знаете кажете, ако не, оставете да прави како сака
Препораките на СЗО се со навршени 6 месеци да се почне, организмот е спремен, желудничето е спремно за друга храна освен млеко. Ај и да е на 5, 5 и пол, ама на 4 месеци, 3? На кашичките ќе наидеш пишува сѐ и сешто, болоњезе од 5 месеци, јагоди од 6 месеци....тоа би дала на бебе?
Не би дала јагоди пред година. Алергени се тие. Ама јаболко и морков зошто да не, не разбирам?. И самите педијатри кажуваат дека може да се почне да се вкусуваат од 4+. Не знам што е толку тоа трагично. Ете и @kikin убаво пишала. Јас не ја дојам малата и и затоа сакам да почнам по една, две лажички да видам како ќе ги прифати, а сме 4 и пол месеци.
Нема врска доено-недоено дете. Докажано е дека бебешко стомаче е спремно за дохрана на 6, и полека се искоренуваат старите совети на педијатрите кои сеуште ги даваат, на пример за почеток на сохрана на 4м. И @kikin незнам што толку смета некој да даде добронамерен совет? На форумот све толкувате како мудрување и продавање мозок, човек неможе ништо да каже.
Јас мудрувам, или вие што не оставата мајката раат да тера како мисли. Таа праша само како, а не дали смее и што викаат светскоте здравствени организации...
Секој си има причина зошто почнува со дохрана и кога. Секој совет е добронамерен, но треба да се почитува и одлуката која сме ја донеле без да се осудува. Ете малата моја е 4 и пол месеци и јас не сакав да почнам со пробување вкусови барем до 5 и пол па од 6 да си почне со еден оброк. Меѓутоа по совет од педијатар заради здравствени проблеми на малата почнуваме порано со пробување вкусови и потоа и воведување на цел оброк.
@kikin Не објаснувам само сакав да дадам пример дека зад секоја одлука понекогаш лежи нешто друго за кое другите не се свесни, затоа не треба одма со коментари. Ако за некој некоја одлука е исправна за друг можеби не е, меѓутоа треба да се почитува. Иако сите различно гледаме на работите сепак сите си ги сакаме најмногу нашите деца и правиме се за нивно добро.
Китен, убаво е совет да. Ама еве јас никаде несум видела да пишува јагоди и болоњезе од шест месеци. Не знам ти кај си го прочитала тоа. Мене и педијатар пред некој ден ми даде листа и први намирници се јаболко, морков, па праска понатаму, а не пишува од 5 месец јагоди. А замисли, свекрвата ми вика да и дадам на ќерка ми жолчка, која има 4 и пол месеци, да не и ослабнала крвта, она давала на нејзините и ништо не им било. Епа сигурно нема да ја послушам. Се водам по она што ми го кажува педијатарот, а не од рекла казала муабети