Бројките на бебешките кашички не означуваат кога се воведува намирницата туку ги означуваат 3те фази на исхрана. Првата (4-6м) значи дека е потечна кашичка за која не мора бебето да знае да џвака, втората фаза (8-10м) се кашички со погуст состав кои можат да имаат и мали парчиња низ нив, затоа се за бебиња кои веќе почнуваат да џвакаат, и третата е од 10 м нагоре односно храна со поголеми меки парчиња за бебиња што знаат да џвакаат и имаат некое запче.
Чекај, тазе си На што све не наидов, дури се чудам кој им ги одобрува тие кашички. Значи зборувам за готовите, од рафт. Секако најсигурно е да се слуша педијатар и да се информираш од разни страни, но има многу мајки што не знаат и не ги интересира баш да се информираат и таа назнака 4+ или 6+ на тегличето може да направи проблем. Мада и кај педијатрите има исклучоци, баш истово со свекрва ти и се случи на пријателка, ради анемија педијатрот и кажал да почне жолчка да дава на 4м. а според мене и од сите мои сознанија до сега, на 4 месеци е рано за било каква дохрана. Со рано почнување со дохрана се зголемуваат ризиците за развивање алергии подоцна во животот. Спојлер: Слики од спорните кашички @SofiMar_ незнам дали е баш така, зашто во тегличката со болоњезе баш има парченца, а еве на Хип е од 4+ А на кашичките со јагоди зошто би пишувало дека е од 6м. кога се знае дека е јак алерген и не треба да се дава пред наполнета година?
Зошто? Растопен во чајот, на врв на лажиче ставам.. и чај ми велеа не смеам да давам, само млеко смеело дете да пие, и нас така не израснале, нели
настрана што е мн јак алерген,ризикуваш да развие доенечки ботулизам.Тоа е цревна инфекција која може да заврши со смрт кај доенчето.
Немој да ме сфатиш погрешно, ама немој да гледаш од тоа :и нас така не израснале. И свекрва ми викаше да и давам на ќерка ми жолчка, леб по малку , ама јас секако нема да ја послушам. Ај можеш малку една капка мед, и тоа еднаш во две недели, ама немој постојано.
Далеку од тоа да се водам строго по тоа и да давам секакви глупости, жолчка во млеко ми велеа да ставам и слични бакрачи.. како и да е, количината е многу малку и е ретко, не му давам чај секој ден, само во случаеви кога има појаки грчеви од обично... Фала ви на информацијата во секој случај
od kolku meseci moze da jade bebe cela zolcka od jajce? Nie prv pat zolcka probavme na 10m, prvo so cetvrtinka, pa posle nekoe vreme po pola, i seuste davam pola, bebe e 11+ m, pa me interesira dali moze veke cela zolcka da jade?
Денес воведов лук. И добро го прифати. Изеде цела тегличка од малите. До сега зеленчуковите каши беа неуспешни, максимум до 5-6 лажички каснуваше. Комбинацијата беше боли глава, ама на бебе му се допадна. Сакам и месо да почнам, ама не знам од каде да набавам. Имаат од комшии телешко, една година било старо телето, па рече ќе ми дадат. Ама од кој дел да и побарам?? Не се разбирам баш во овие работи. И пилешко не можам да најдам, така да ќе си почекаме. За некој ден ќе полниме осум месеци па ќе почнам со жолчка. А и домашниот спанаќ набрзо ќе биде, па ќе се надокнади колку толку за месото.
Секаде различни се препораките за медот, навистина не знам како е правилно. Според вас од кога може да се дава мед?
Мајки, знам дека мандарини се после година но мм не знаел и кога јадел големиот му дал и на бебе. Многу ја бендисал шмокал, е сега за нецел месец сме година , да продолжам да воведам или да почекам , што мислите?
Ako nemalo reakcija davaj slobodno. Ne mora tolku da se strogi granicite, 2 nedeli porano ili podocna ne menuva nisto koga se alergeni vo prasanje.
Здрaвo. Бидејќи oд неoдaмнa зaпoчнaвме сo дoхрaнa, ме интересирa кoлку oбрoци дaвaте oд 6 месеци и кaкo, еден нaутрo еден нaвечер? Истo сaкaм дa прaшaм кoгa мoже дa пoчнеме сo oриз, пaлентa, тaрaнa, телешкo месo?
Еден, посебно ако е неодамна почнато. Кај 7-7.5 воведов втор. Најчесто 1-2 месеци после воведување н првиот оброк. Невечер е веќе трет оброк. Се воведува првен појадок, па ручек, третиот оброк е вечерата. Ориз од 6ти давав, телешко кога воведов втор оброк, 7ми.
Еден оброк е на 6 плус како што ти кажаа и погоре. Обично се почнува со овошје и потоа комбинација на овошје со житарка или зеленчук со житарка. На почеток е по малку количински а оброк се смета дека е воведен односно кога бебе ќе изеде околу 100-120 грама. Ориз и палента се 6+ како безглутенски житарки. Месо со воведува кога се воведува втор оброк и тоа е 7+ најрано. Месото се комбинира со зеленчук. Трет оброк е вечера и најчесто е житарка со кисело млечен производ ама тоа е накај 9+.
Здраво Пред рдна недела почнавме со пробување вкусови. До сега му имам дадено само јаболко и круша. Ме интересира кога почнавте со пробување дали прво му ги дадовте сите овошја што се за таа возраст па после почнавте со зеленчук или им ги мешавте. На пример еден ден овошје еден зеленчук.