Немаш многу зеленчуци за избор. Само тиквица и морков до 6 месеци, па после компир можеш, тиква и тоа. Можеш и наизменично да даваш, ама изборот на овошје е поголем за почеток.
Мајки пред една недела почнавме со пробување на вкусови, јаболко и круша имаме до сега, ме интересира од кога ќе можам да му го рачунам доручекот како оброк. Денес бараше уште да јаде ама ми беше страв да му дадам, му дадов десетина лажички. Кога желудничето ќе му биде спремно за цел оброк? Освен јаболко и круша што смеам да дадам на 5+ месеци?
Од 6 м веќе ќе може оброк да се смета. Таман дотогаш пробувајте. Можеш слива, морков, банана, тиквица, праска и кајсија. Последниве ги нема веќе свежи, може од готовите кашички.После 6 м може и компир, палента, просо, ориз и така ќе си врви времето ќе даваш повеќе производи.
Мајки, почнавме со кашички, колку ете да ги вкусува. Само јаболко дадов три дена, а сакам и друго овошје. Што да и дадам овошје, освен круша (имам читано дека создава грчеви)? 4+ сме. Може има некој напишано, но немам многу време да пребарувам.
Праска и кајсија можеш. Пробај и крушка и таа е во првите намирници, синко немаше никаков проблем со неа.
@Black girl Слива можеш ако сакаш само овошје. Јас давам неизменично еднаш зеленчук, па овошје. Досега дадов морков, јаболко, тиква. Следно ми е слива. Кој зеленчуци следно можам да ги воведам?. За недела дена сме 5 месеци.
@Black girl и ние ќе почнуваме да пробувме вкусови, 4+ сме. Да те прашам, пробувате измеѓу оброк? Или на местото на оброкот прво неколку лажички па млекце?
само морков и тиквица компир брокула и батат е од шест полни се останато иде над седум месеци од зеленчук
Не знаев кај да го поставам прашањево еве тука нека е. Мајки што давате кефир, колку можам да и давам во денот на малава? Уште малце година ќе прави.
Му полнам шишенцето од 210мл и колку испие во текот на денот толку. Некогаш ни 100мл нема да испие па јас го допивам.
Две недели сме почнати со дохрана.. Со точно 6 почнав.. Уште мислам дека учи и пробува со муцето дс јаде.. Некаде околу 60гр јаде што знсчи уште не можам оброк да го наречам.. Давам пред да цица. Пробавме јаболко, банана и слива. Следно ќе биде батат, морков, брокула, тиква, праска... Сакав да прашам за глутен.. Имаше чинам посебна тема, но овде опфаќаме општо за воведување... За првово пред 4 години имаше став дс се воведи околу 8-9месец..по новиве истражувања, статии што наидувам на нет а и препорака од матичен педијатар тоа било касно.. Најдобро било 4-6.. Спојлер: Линк http://www.dr-raketic.rs/ishrana-2/gluten-celijaklija
Да, со новите истражувања и Сајковски го имаш на јутуб за глутенот збори во емисијата 0+ на Телма, да се воведе до 6мес. и објаснува убаво зашто. Јас на 6+ воведов глутен.
Кефир е пробиотски млечен производ изгледа како габа со бели точки. Се прави во млеко да отстои 24 часа и се згуснува како јогурт (повкусен е од него) Природен пробиотик и многу здрав за деца и возрасни. Кај деца може да се воведе штом се почнува со млечни производи. Еве ти еден линк прочитај си се за него http://mkd-news.com/kefir-dolgo-chu...-dolgovechnost-na-kavkaz-shto-se-lechi-video/
Готов има по маркетиве, а за дома да го правиш треба да ти даде некој што има габа и да ја подели. Поубав е домашен.