Како дел од оброкот за доручек. Ги мешаш со намирницте што веќе се внесени и внесуваш по една нова за ако евентуално има некаква реакција да знаеш дека е од новата.
Фала ти најмногу, зошто јас кога воведував нова ја давав само таа намирница 2 до 3 дена и ми беше несватливо како да му воведам оброк и плус нсмирница нова. Многу ми помогна
Солта е после годинка бидејки е штетна за сеуште неубаво оформените бубрези кај бебето. Јас не би ја препорачала а и не знам баш дали и после годинка би ставала. Јас од зачини ништо не користам сеуште иако сме 11 месеци. Може ќе почнам со магдонос после годинка. Од зачин го смртам лукот и кромидот како сласт за во зеленчукова каша. Во овошните ставам понекогаш цејлонски цимет.
Кромид, лук, пашканат, магдонос, цимет, може и оригано. После година повеќето зачини може да се користат, освен овие набројаните, коријандер, мајчина душичка, босилек, ким, куркума, ѓумбир, црн, бел и црвен бибер, црвена пиперка (ама не запршки).
Др ми предложи да почнам да му давам и палента по малку на бебето,ај ако може да ми кажете како ја припремате дали додавате нешто бидејќи првпат ќе ја дадам па да не утнам нешто, фала
Jas koga pocnav da davam palenta,kje svarev edno malo jabolko ili krusa vo 2dl voda,koga kje bese svareno go vadev ovosjeto,i stavav 1,5 lazica palenta i kje ja svarev.Potoa kje ja izmesav palentata so varenoto ovosje.
Ќе си ја свариш со вода, на филџан вода лажица, лажица и пол палента, убаво е малку поретка да ја направиш. Додаток ќе биде нешто овошје или зеленчук што имаш воведено, затоа што само палента е прилично блуткава и нема да ти ја јаде чиста.
Палентата е убава во комбинација со јаболко ако имаш воведено .. круша. Со морков не знам баш дали че му се допадне оти нема да има нешто баш вкус. Јас и ден ден правам со јаболко и му се допаѓа многу.
Од колку месеци е палентата? Ние сме 6 месеци и ме интересира што воведивте во шестиот месец? Досега имаме воведено круша, слива, јаболко, морков, блага тиква и ориз.
6ипол месеци сме и вчера кога бев на педијатар ни предложи палента,брокула,ориз,просо,компир да воведеме
На полни 6 месеци ке почниме со пробување на вкусови. Патронажната ми кажа по 5дена едно исто. Нели по 3дена треба и со што да почнеме прво и по колку?
Три дена една иста намирница. Почни со јаболко најпрво. Следно- круша, банана, морков, компир, праска, киноа, амаратн, просо,палента, тиква. Сите се 6+ Даваш мала количина на почеток и постепено зголемуваш. Ке внимаваш на реакции.