можеш тиква.Но набави и си блендер за секој случај.Некои бебиња се дават и гадат напочеток доколку не им е мазна хомогена кашата
@orhideea пробај со гмечалка за пире правење, незнам како да ја наречам таа направа сигурно знаеш за што ти кажувам. Додај вода и ќе добиеш хомогена кашичка.
Да знам, ќе пробам овде немам блендер ама дома си имам, затоа не ми се купува за две недели. Ви благодарам мајки за советите
Ние кога бевме нагости правев преку цедалка за процедување со лажица и од цедалката излегува убаво. Чисто како совет може ќе ти помогне.
Мислиш на бисквити? Бидејќи плазма како такви содржат мед. Инаку можеш безглутенски бисквити да даваш, такви се само на ЛоБело. Ама многу се благи, моево од нив повраќаше кога му дадов првпат, со 6 полни. Други безглутенски не знам дали има. Обични посни бисквити со 6 полни или кога ќе воведеш глутен, тоа оставам на тебе.
Ова мое дете никако да почне да јаде...кога ќе види лажиче абе стега уста плука ..живци искинав..сака да си цица само..7ипол месеци е..крупно бебе е ..големко..би требало да не му е доста цицање..имам пробано да го изгладнам..друг да му даде..не и не..само понервозен станува така.. уште месец и нешто ќе тргнам на работа..што ќе се прави..преку ден два..може да се собере 50-60 гр да касне..многу малку..и тоа пола е ко сосила..дај те некој совет..
Тука неколку членки имаат пишано слично искуство, прочитај може ќе ти помогне https://forum.femina.mk/threads/Намален-апетит-кај-бебе-до-1-год.20274/
Истава мака ја имав и баш за ова тука пишував . Тие недели мислев дека нервно попуштив, нај искрено ми идеше да можев инка во уста д аму ставам и да ја исипам кашата . По 1ч готвев па фрлав зашто не отвараше уста и полудував некогаш, буквално по 1ч моликање и џабе ни 1лажица немаше да изеде. Имаше денови буквално ни 10г немаше да изеде. Само цице и друго ништо нејќеше, буквално вриштеше мислиш го тепаат и се буташе во цицли или тегнеше мајца за цицање. Издржи период е, еве го сега си е супер ( да не го подречам ) мада не дека ќе изеде 200гр оброк ( намерно мерам за да имам предвид колку јаде ) и пак ќе јаде и бара да цица и пак фаворит му е цицањето. Тој период мислев којзнае колку ќе падне во кг, но супер си напредуваше на 8мес имаше 10кг. Иначе може почна да јаде зашто сменив тактика, незнам и до тоа дали е ете пробај ..... ( срце ме боли 5000ден што се опрчив за хранилката ене ја така си седи ) ... го седнувам пред мене измеѓу моте нозе и му пуштам на youtube на тв Пепа прасе, јагодици или MTV hits и не го форсирам нит брзам, го занимавам му брбљам дур гледа и полека го ранам ( но,никогаш со сила ). Измеѓу му давам и по малку водичка и одма продолжува да отвара уста откако ќе се напие малку вода. Али почнав да наоѓам начини барем 2ч размах да има од цицање до кашичка. Околу 07ч станува, околу 9.30/10ч кашичка, после до најкасно 14ч кога сака цица, околу 15.30/16ч ручек, па цица после кога сака и најкасно 19.30ч му е вечерата и 20ч веќе спие. До сабајле цица неколку пати ноќта. Иначе за некој ден ќе е 9мес. Пробај со ваков распоред и начин на хранење. Јас немаше што не пробав и само вака ми успеа да го ранам ( како погоре што објаснив ) и за чудо буквално сам отвара уста и чека да му дадам . И кога ќе изеде целосно оброк имам чувство како да сум освоила 100000 хахаха. И да не заборавам....пробај пасирано давај. Мојов ако е блендирано уста не отвара, ако има парченца тогаш јаде и лебче често му ставам во ручекот.
Ти благодарам за утешните зборови и мило ми е што ручкате сега ..верувај ми одам по тој распоред..со пола сат разлика + - од тебе..така со првото правев..така и сега..ама скрозззз различни се двајцата..првото кога ќе го слушнеше блендерот отвораше уста и ден денес си е таков..мамо ми се ручка напрај ива напрај она.. Крвна слика супер..убаво напредува..кога ќе речам не јади сите ми велат:ејј видиго машала колкав е.. Се надевам искрено дека ќе помине..уште му припишувам како период на адаптација..кога ќе тргнам на работа сака неќе ќе јаде..или така бар си мислам.. Машала и твоето бумбарче ..по килажава што ја спомнуваш тука негде се..на 7 месеци над 9.500 беше
Леле колку само се пронајдов во ова. Се, буквално се исто доживеав, нерви трајно изгубив, прави каши и фрлај... Сега се храниме на ист начин како вие, во скут кај мене, свртена со грб и нешто се занимаваме..А кога денес ги изеде.сите 3 оброци ми идеше да се качам чочек на маса да играм
месо воведов околу полни седум кога имаше.Имав домашно пилешко и телешко давав извесен период жолчка дадов на осум полни глутен исто тој период за глутенот велат можеш и порано.
@joy1 Фала на одговорот, сто различни работи чув и прочитав, педијатарот ми предложи да давам се ова и путерче малку, ако сакам малку и кисело млекце штом наполни 7 месеци и некако подзината останав
глутен и месо можеш за жолчка би почекала но како сакаш.Во секој случај немаш ни време се толку наеднаш да дадеш затоа што претпоставувам дека ке воведуваш и нови овошја,зеленчуци соодветни за возраста па ке ти се соберат мн нови намирници за кратко.
Глутенот најкасно до 7месеци се воведува според најновите истражувања ( гледај го Сајковски на јутуб убаво објаснува во врска со глутенот ) . Домашно телешко и пилешко воведов на неполни 7мес. Глутен од 6+ воведов. Жолчката од 6+ постепено ја воведував. Но, жолчката во случај на атопичен дерматит и доколку во фамилија има алергии, тогаш покасно се воведува. Јас лично еве го скоро 9мес и путер немам дадено. Само маслиново ( ладно цедено ) и кокосово ( ладно органско ) тоа само користам.
Глутен воведов на 7 месеци. Пилешко месо на 7ипол некаде, а телешко на 8. Жолчка воведував споро а почнав од 8ми месец.
6+ сме. Досега пробуваме вкусови, но ќе воведам и прв оброк. Ме интересира колку грама треба да изеде бебуш за да ја држи?
На почеток ми јадеше по скоро цела мала тегличка. Сега понекогаш ја јади цела, а некогаш половина. И држи 3-4 часа. Мислам дека самото дете ќе ти кажи колку и е доволно. Никогаш не сум и давала со сила да и пикам лажички. Самата си затвора уста и нема шанси да и пикнеш. Ако и пикнам го плука и почнува да плаче. Мислам по мое од досегашното мое искуство дека околу 80-100 грама е доволно за да го рачунам за оброк.