Само ориз давам од инстант оризот на хип и го мешам со некое овошје. Омилено и е јаболко-морков морков-тиква. Праска-банана Други комбинации јаболко-слива, круша-слива. Јаболко-банана.Јаболко-круша-морков, кајсија-банана. Ориз-спањак. Компир-тиква-тиквица Сега имам многу купечки каши кои ми ги даваат за нова година за малата па тие што се чисти или ги мешам со ориз или ги давам чисти само една намирница пр. само јаболко.
Докторката ни рече кога ќе воведам оброк за почеток да биде 70 грама. Со што мерите ? Немам кујнска вага и додека да си купам со што да мерам ?
Јас мерев со тегличките од кашичките. 70гр отприлика пола кашичка да изеде. Е сега немора ептен точно до грам, ќе видиш како ќе сака да јаде.
Штом така ќе купам една кашичка а може и да му дадам да проба и од кашичката. а инаку сакам чисто за ориентација да знам.
Сакам да дадам ориз на ло бело со ад млеко на бебуш, 6+ е. Мора прво да проба или да дадам одма оброк? И дали мора секоја нова намирница прво да ја проба неколку дена?
За оризот јас давав одма оброк ама не чист туку со овошје. На почетокот новите намирници и ги воведував 3 дена, а сега мешам нова намирница со веќе воведена и ја давам како оброк.
Мајки слива може ли да дадам да проба или таа покасно се вовдува. Вчера најдов во Тинекс и купив, бидејќи читав дека овај период веќе нема сливи, баш една членка пишуваше овде. Инаку пробавме тиква и морков ама бебе се гади не сака, плука. Нормално ли е оваа реакција?
Дади слободно она е у првите намирници обари ги малце и блендирајте ( ако најдовте блендер мисл кажуваше немаш) можиш и од водичката да му дајш .. не е опасно нормал е првите вкусови ги плукаат и бљуткави се морковче и јаболка дај му убаво е вкусно .. симни си а и апп бебе готвач има доста комбинации рецепти и кое од кога е повеќето се водиме по неа .. купи крај краева и некоа купечка и мешај му со домашните намирници колку за старт не е опасно .. Убав провод мк .. секоа втора ден нова намирмица можиш да воведуваш со веќе дадената тоа за зеленчукот а овошје исто не мора денови да чекаш даваш едно само и нема ни да го сака морков на пр само мешај слободно секоа втора ден додавај ново денес морков јаболко утре на пр морков тиквица др ден можиш тиквица компир итн.. и за оризот како ти одг давај не е опасен тој ја користам на хипп бебешкиот и мн полесно и поубав ми е .
Здраво мами денес наполнивме 4 месеци е деновиве сакам да почнам со кашички прво со домашни на ад сме пие по 150 мл е сега како го давате како оброк или само да пробува и како да го давам совет од поискусните фала
првен или овошје или зеленчук воведуваш една намирница по два дена иста секако после третата ден вметни на тоа плус нова за оброк целосен е рано тоа сега ќе пробува по неколку лажички и постепено ќе наголемуваш до 6м веќе ќе имате целосен оброк .
Мајки 5+ сме, па кај и да е сакам да почнам со пробување вкусови. Дали овошјето го варевте, го обработувавте на пареа или свежо го дававте? Со што почнавте? По колку количински дававте на почеток? Многу прашалници Не сум зборувала уште со педијатарот па сакам ваши искуства.
Јас денес дадов јаболко 4meseci сме го сварив и во нутри булет синко за прв пат изеде неколку лажилки и уште бараше дури плачеше тешко мене ќе биде
Јас лично од точно 7мес почнав да му ја давам на синко ( може и некој ден порано непамтам ) и еве за некој ден е 9мес и скоро секој ден или секој втор ден по 4-5 зрнца му ги пасирам во овошните кашички.
Палента земам на Дивела, најситна е, буквално е инстант, готова за пет минути. А гриз од оној со бебе, плавиот, од наше детство.
Уште поситна палента е таа на Даверт, или ако ја има сеуште таа во Дм од нивната марка. Ептен се добри двете, мене Дивела ќерка ми не ја бендиса. Гриз сум купувала од тој со бебето на слика, плава кесичка. Јас ништо не варев, овошјето свежо од старт го давав. Најчесто се почнува со јаболче, морков, круша, слива.. @Belabelinakinder зошто не почекате уште еден месец бар за почнување дохрана?