Изглеа ствар на вкусови Мене омилена ми беше на Алнатура (дм), вкусот буквално како со путер веќе правена, ама после некое време не ја увезуваа, а сега гледам е сменета марката. А во меѓувреме ја пробав Дивела, ми беше обична како и секоја друга.
Моето синче е исто 5+ по совет на педијатар почнавме со пробување на вкусови ,ми рече лупено па варено се да давам освен бананата нормално ,во листата на намирници кој треба да ги пробаме за овој месец ми запиша јаболко,морков,круша,слика,кајсија,тиква,тиквичка и праска ,секоја намирница да ја пробуваме по 3 дена од кога ќе порбаме се може да дадам оброк од 80 -100гр . До сега добро ни оди имаме пробано јаболка,морков,круша и банана ,само на јаболчето малку се мрштеше ,а другиве зинува со устето му се допаѓаат
ствар на вкусови, хехе па обична треба да биде, чисти вкусови нели треба да пробуваат, па си додаваш што сакаш. Јас во млеко ја варам, па ставам путер на крај, и ептен ми е убава. Само малово не сака на млеко, си ја сака на вода варена. Не знам како приметува, ама не ми ја јаде таа со млеко. А таа со вода ја крка без проблем.
Нели се почнува од 4 месеци сите почнале од толку а педијатарот не го имам прашано ако треба ќе почекам битно сака домашни
Нашиот педијатар ни кажа кога ќе наполни 4м да почнам да ѝ давам сокче и кашички. Јас не се согласувам со тоа и планирам кога ќе наполни 5м да почнам по некоја лажичка да ѝ давам, а од 6+ и цел оброк.
Јас со кере почнав на 4+ да давам дека бевме на АД Со ова засега се доиме па ако остане така би почнала малку покасно 5+ ваљда
Еве и од други членки имаш искуство. Се препорачува од 6, и не порано од 5, бебешкиот желудник не е спремен. Јас почнав со пробување вкусови од 5 и пол, цел оброк од полни 6. Ќерка ми беше ексклузивно доена. Новите истражувања викаат дека соковите се празни калории и бебињата апсолутно немаат потреба од нив.
Мајки од 5+ педијатарот ми рече да почнеме со пробување вкусови и тоа со зеленчук ми рече да почнам (компир, морков,тиква, тиквица, па после јаболко, банана...). Денес го носев затоа што ми кашла и воопшто не обрнав внимание на советите за воведување оброк. Освен што запамтив да биде варен зрленчук па блендиран, да користам вода по потреба за хомогенизација и да давам лажичка две или колку изеде без форсирање, по два три дена од еден вкус да давам пред да поминам на друг. Не прашав во колку часот да биде пробувањето вкус...и дали понатака може кога треба да го оставам син ми со некој тогаш да темпирам да му даваат кашичка ( без разлика што би било пример 5-6 попладне -ова кога веќе ќе се најадува од кашичка)? И со што почнавте вие? Ориз смеам меѓу првиве? :/ И што дриго осврн наведеново смеам?
@Igle не сум многу искусна ние пред месец почнавме со пробување вкусови и сега веќе има цел оброк но ќе ти го споделам моето искуство. На почетокот јас почнав со готови кашички кога пробувавме вкусови. Првиот ден давав до три лажички, потоа наредните дена наголемвав. Готовите кашички во фрижидер седат отворени до две дена па ја користев истата кашичка. Јас давав наутро помеѓу 10-12 зависно кога требаше да пие млеко. Прво и давав да проба од кашичката, а потоа и давав млеко. Се препорачува да се пробуваат нови вкусови наутро заради можна алергија. Исто така кога прима вакцина педијатарот ми рече да не се пробува нов вкус. Сега исто кога има веќе цел оброк со каша му ја давам наутро, попладне не сум дала каша. Јас почнав неизменично еднаш зеленчук еднаш овошје. Можеш да дадеш морков, јаболко, круша, слива, тиква, тиквица, праска, кајсија. Бананата и компирот и оризот ги дадов некаде на 5 и пол. Овошјето не го варам, зеленчукот да. Внимавај на крушата и сливата. Малата моја има многу гасови од нив. Ова е моето искуство досегашно.
Здраво мамички 6+ сме , прв пат ќе му давам ориз . Вие со каков почнавте? На бебе готвач пишува некој мелен посебен , а познанички му имаат дадено обичен само сомелен ориз. Што би ме советувале?
Обичен ориз давај, мелениот не го бива. Може прво да го сомелеш во зрно како што е, да добиеш фино брашно, или пак да го изблендираш после варење. Ама јас не би блендирала ориз да сум на твое место, ќе се направи како лепак. Само развари го убаво, сами зрната ќе се распаѓаат.
Леле, како јас да се читам. Скоро 8 месеци ќе правиме абер нема, живци искинав. Ајде се тешам 4 заби за.месец ипол извади, па настинат па нервозен. Ама на работа ќе појдам он абер нема. Имаме воведено многу намирници според возраста и нема нешто да му е омилено. Со првото друга песна беше ама пројаде дур појдов на работа...Уфф
Јас давам мелен на холе. Во другите едно не сум сигурна, друго овој ми е полесен за подготовка. И вкусен е, барем за бебе
Здраво , сакам да прашам дали некој има почнато со житни каши без глутен па потоа со постепено мешање со овошје , па со зеленчук ? Да ми кажете искуство. Фала ви
Се пробав..се...друг да му даде..да го заиграм..пред тв..надвор..луѓе неќе и неќе...што ќе правам не знам..само што ќе види лажиче ги стега муцињата и не попушта... првото и ден денес да тропни лажица отвора уста ...
Мајки да ве прашам денес ни е на ред да пробаме слива ,да ја дадам чиста така сварена или да ја смешам со некоја од предходните намирници кои ги имаме пробано (јаболка,круша,банана и морков ) ?