Јас ја дадов сварена чиста. И му ја дадов водата што се вареше сливата и ја испи, водата повеќе му се допадна. Потоа имаше промена во столицата да знаиш да не се испаничиш како мене, му беше слива боја така ептен темно. Мајки бебево мое воопшто не сака да проба ништо едвај сосем малку, му се гади, плука и добива нагон за повраќање, водата од сливата и јаболкото си ја пија ама не е мерак за јадење, се плашам дека нема да јади или уште е рано. Дали ова е нормална реакција?
Рано е уште, само што почнавте. Битно е да стекне навика дека мора да јаде. Труди се за почеток да биде во точно одредено време, да биде изгладнет, барем 2 часа претходно да нема пиено млеко и по можност да јаде во столче за хранење. Ако одбива да јаде не му нуди веднаш замена, ниту друга кашичка, ниту млеко, почекај барем пола саат да помине, за да не се научи дека секогаш ќе има друга опција ако првата не му се свиѓа. Ќе менува постојано, ќе пројаде некое време, па кога ќе излегуваат запчиња пак ќе протестира и се така во круг. @Aneta92 јас давам повремено мелен на Хип.
Палента 6+, гриз кога ќе воведеш глутен, тоа од тебе зависи. Јас дадов на 7 месеци. @Black girl сливата трпи секаква комбинација, со јаболко, со банана, со праска, кајсија...со ориз, со овес...
Со банана исто, со млеко може, за да може полесно да ја голта. Јас обично не ја мешам тиквата со други зеленчуци/овошки, само со млеко/вода, да не е густа.
Мајки од колку воведовте кокос и на кој начин?Дали само кокосовата течност(од свеж кокос) или и пулпата?Дали термички претходно го обработувавте,подгрејувате?
Sakame da pocneme so dohrana, prvo so jabolce. Toest prvo neli se probuvat vkusovi. Na 27.12 napravivme 5 meseci. Kako, surovo ili obraboteno da im dadam, kolku za prv pat kolicinski, lazice edno..ajde ve molam sovet majki.
Дали ќе биде свежо или варено, изборот е твој. Овошје од почеток на дохрана давам свежо. Две три лажички за почеток се доволни, колку да се сфати дека има и нешто друго освен млеко. Следниот ден даваш малку повеќе, третиот ден колку сакаат, ама да не е повеќе од 50 грама. После наголемуваш постепено. Три дена една намирница даваш, после друга може да мешаш со неа.
Што парче месо барате во месара за бебе? За јунешко и пилешко ме интересира. Плус, колку грамажа за воведување давате и колку време го варите?
Мислам дека бејби биф што го викаат е најубаво младо телешко. Едно мало парченце колку за бебето за варење тоа е брзо се вари ќе приметиш кога ќе биде готово ќе омекне убаво.
Пилешко само домашно проверено купувам ( по маркети и месари се со хормони напукани ), имаш на фб страна каде препродаваат домашни продукти. Телешко исто домашно, а кога не наоѓам тогаш од месара бејби биф. Телешкото го сечам на парченца ( по 40-50 ) и ги варам наеднаш најмалце по 1ипол час. После откако ќе се оладат ги ставам во замрзнивач и по едно парче користам во кашичката за ручек.
Фала на конкретниот одговор. Пилешко ќе набавувам домашно а телешко од едни луѓе што имаат приватна месара ама не знам што да барам. Да не знаеш телешки бујон од кога смее да се дава?
Јас почнав од полни 7+ телешки буљон (Темељац ) да давам, со консултација на педијатар и пријатели доктори. Од проверени луѓе од каде зимаме телешко зимаме и коски. Чисти без додатоци ги варам во експрес лонец околу 6ч, кога малку ќе се олади ги полнам ќесине за лед ( оние коцкастите ) и во длабоко си стојат. По 1на коцка во манџичка ставам. http://istineilaziohrani.blogspot.mk/2012/02/karika-koja-nedostaje-temeljac-ili-juha.html?m=1
еј алал вера за иновативноста со ќесите. јас мислев во тие силиконските за мраз ама ова е почиста работа. фала ти
Шест месеци е малиот,има пробано морков,тиквица,компир и тиква.Дали од нив мешано може да јаде еден оброк и по колку за доручек или треба и од овошјето да проба по неколку дена па тогаш да има доручек?Пие мое измолзено млеко.
Јас од моево кратко искуство ќе ти кажам, јас по два дена пробувам една намирница со тоа што првиот ден пробува по неколку лажички, а вториот ден му ја комбинирам со некоја веќе пробана ставам во една мала тегличка од 100гр и му давам дури зинува да јаде колку сака,затоашто докторот ми рече кога ќе изеде од 80-100гр само тогаш може да се рачуна како оброк.