Немам идеа за доручек/ручек. Бебе веќе ми одбива се што му давав до сега. Јајце не јаде, не сака.. телешко исто..зеленчук не јаде, јадеше овошје сега и тоа не сака.. се му е веќе тоа па тоа и најверојатно му скисна. Дајте ми идеа за храна што давате вие и како приготвувате? Сите каши ги фрлам по цел ден
пробај во каша со житарки да додаваш по малку зеленчук, да маскираш со тиква, батат или тиквичка... жолчка со банана пасирана и малку млекце. другарка ми дури даваше телешко со банана блендирано. Скромно ми е искуството ама ете совет може ќе ти се најде...
Мајки , пробавме неколку овошки , круша сака најмногу со сласт си шлапка и отвора усте Да му давам мислам оти цела каша ќе изеде. Прашањето ми е, кога воведовте цел оброк? Ние сме 5 мес и 20тина дена. Др.ми рече до крај на месец да стигнеме оброк од 120-150 гр. Пример, дали можам утре да му направам пример јаболче и круша? Или да чекам да ги проба сите вкусови за 5 месец? Кога пробуваме вкусови ,- кога пробува а кога е доручекот?
Доколку и јаболко и круша ти се воведени дај му нека си изеде колку сака, потоа 1-2 лажичиња од тоа што сакаш да го воведеш. Колку алергиска реакција да следиш.
Можеш да му дадеш комбинација ако ти се воведени двете намирници ,нас педијатарот ни рече да пробуваме 2-3 ч после првото доење .
Разреден со вода за да дојде како напиток, а не да замени оброк. Зашто неразреден ќе ги засити и ќе прескокне оброк. Го разредувам 50/50 или 70% сок и 30% вода ( ама поретко вака разредувам ).
Можеш да правиш комбинација од намирниците кои ти се веќе воведени, што имаш друго воведено од вкусови? Ко Колку месеци сте?
Можеш да ги комбинираш без проблем, истотака можеш да воведеш слива, јаболко со морков, тиква, кајсија, и откако ќе ги воведеш можеш слободно да ги комбинираш, моево на пример знаеше да се исфрли малку на лицето од слива но др ми рече подоцна (после недела дена) пак да му дадам да пробам и така и напраив и повеќе не ми се исфрли. Искрено банана и јаболко го давав свежо испасирани а другите овошја искрено не можев да ги најдам баш тазе и затоа му купував готови или на хип или на фрутек
Многу мајки се пожалија дека кашава дала реакција кај нивните бебиња. Внимателно или дај подобро обичен ориз.
Да читав и јас затоа и прашав,не сакав обичен ориз затоа и ја зедов,и дадов малце немаше некоја реакција
Ние вчера прв пат пробавме каша од слива. Му дадов две три лажички и ептен ја бендиса. Денес повторно му дадов и зинеше шлапкаше изеде 40 мл. Да не претерав? Гладен беше претходно два саати немаше цицано, а после кашата уште два саати не цицаше. Прашањето ми е дали откако воведовте храна веднаш се намалија подоите?
Нормално внесува поцврста храна и го држи сит подолго време, една намирница 3 дена се пробува, потоа продолжуваш со друго овошје истотака 3 дена, се додека не ги пробаш горе доле повеќето а потоа ќе правиш комбинации пример круша кајсија, јаболко банана, банана кајсија, итн итн итн Ова ориз е? Ако е ние користиме од хип истотака ама друг вид ќе ти счикам ако сакаш
Мојот бебо е ептен напреден, да не речам буцко, па се плашам да не продолжи исто со цицање и плус храната.. да не качи премногу килажа.
Индивидуално е. Минимално кај нас се намалија подоите мада нема голема разлика. Освен што има разлока не е како до 4мес кога се дешаваше и на 1ч да бара да цица. Сега може и на 3ч да бара. Но, јас не дојам по саат од прв ден. Кога сака,колку сака и каде сака...Еве синко иако е веќе со кашички сепак цица горе/доле исто како и порано. Околу 6-7 подои има и навечер цица. Е океј не цица баш со ист интензитет, онака некад ќе цицне неколку пати колку да се каже цицнал. Кога сака му давам, а искрено пре би цицал отколку да јаде. Кога започнав со дохрана на 4+ ( по препорака на педијатар зашто многу качуваше на кг ) мислев : лелеее овој ќе биде лапач невиден. На 5+ воведов доручек. Негде накај 7+ дете се смени и еве не скоро 10мес и има денови само е на доење нејќе уста да отвори за јадење каши. Има денови дали 200-250гр вкупно во денот ќе внесе каша. Се молиме по 1ипол саат за 5 лажици и на крај вришти и ме тегне за цицање и тоа е тоа. Значи немора да значи дека ако почнал да лапка дека ќе јаде убаво и понатака. Мењаат многу и тоа преку ноќ. Ок има и дечиња кој јадат без мака и уживаат да јадат. Ете мојов само да може на цицка ќе е И после 6ти месец не накачуваат кг како првите месеци. После месечно и по 200 до 400гр накачуваат. После 9ти месец може само и по 100-200гр да накачат. Еве за да не се плашиш дека ќе стане буцко ќе ти дадам компарација со мојов. Мојот е роден 3330гр ( исписна 3020 ) , твоето ако не се лажам беше некој 3700родилна. Мојов на 3 месеци ја дуплираше тежината,на точно 6мес беше 9кг ( ако не грешам, во темата за напредок има ) , еве на последна контрола на точно 9месеци имаше 10, 200гр. Значи од 6мес до 9мес качи само 1,200гр. Не се плаши немоме да качи многу, незнам колку месеци сте, но после 6+ намалуваат со качување килажа. Иначе би биле по 20кг на 1г така ми викаше педијатарката кога и јас ја прашував ова за кое и ти прашуваш сега.