@Capricorn Taurus убаво ти објасни @sofi2107, гледај ја и висината може па и да се извиши повеќе па килажата во висина да му отиде, добро е кога јадат има деца нејќат уста да отварат, ајде свиркај си и уживкај си
Мила верувај мојов ама има денови уста не отвара мислиш којзнае што му давам. Само фрлам јадење. Сепак требе да има 3 оброка, а он никогаш немал полни 3 оброка. Не ми е мака и само да е на цицање, но мора и да јаде. И на форумов читам има деца кој несакаат да јадат па се тешам ама па ене ги негови врсници си ручкаат без проблем по 3 убави оброци. Да, извишен е па сега не е како ќебапче . Се надевам ќе смени и ќе јаде нормални оброци.
Нормално во голем процент секое дете менува исто како нас возрасните некогаш ти се јаде некогаш не, битно внесува колку толку дали преку тебе или преку исхрана внесува, или на крај краева остави го гладен малце подолго па види дали би ја изел тогаш кашичката можеш и така пробаш
@sofi2107 а јас пак сакав да те прашувам како и што му даваш да јаде мислев три оброци имате. Моево ама ич не јадеше 25 дена едвај 2 лажици со сила кога успевав да му ги подметнам. Ама не е тоа тоа кога не сака не сака. На 6+ еден оброк на 7+ два оброка и од 8+ ниту еден оброк. Некогаш цица на саат некогаш се заборава 3 саати не бара цице па гледам заборавил сама го земам па цица како да е прегладнето. А напредува соодветно и има добра крвна слика. Проблем е што немаме пробано мн намирници бидејќи не сака да јаде. Да потсетам ние сме 9+
Да 3 оброка има. Но, има денови вкупно ни 300гр не изел оброци. Има денови супер јаде. Све она што ми го кажала педијатарката скоро е воведено. Леб само обожува да јаде и мислам само да може тоа и цицање ќе тера. Еве денес не доручкуваше само цицаше. Напредува супер али сепак сакам и 3 оброка целосни да има и се трудам. Мислам до вадењето заби е ама незнам. На 6мес кога му излегоа првите 2 вака правеше ама некој ден само. На 8+ наеднаш 4 излегоа и беше ваков. Сега го осеќам вади пак заби па може затоа е ваков. Незнам може само си се тешам дека е до тоа. Еве сега риба и макарони ( посни ) ќе му правам па се надевам ќе јаде. Инаку нема веќе што не пробав и каков се не начин за да јаде и џабе. Рекорт беше 5ипол сати гладен по совет на педијатарот и не и не. Излуде дете уста не отвори ме тегнеше и бараше да цица. Веќе не се замарам сепак убаво напредува па кпга нејќе да јаде му давам да цица. И се надевам ќе смени зашто некој денови излудувам најискрено по 1ипол саат се молиме за 3 лажички да изеде.
Затоа и прашав за искуства, знам примери каде што внесоа храна а подоите останаа исти... се надевам кај нас нема да биде така бидејќи има 5 ипол месеци и над 9 кила Иако и Јас така сум напредувала а сега сум 162 см и 50 кг
@Capricorn Taurus кај нас остана исто. Иста килажа беше како твоето, на 5 месеци имаше 9170, после тоа го меревме на 8 и беше 11 кг. Втор оброк почнав на 7 и пол, 3 негде кон 9 месеци. После јадење бараше да дои пак. Но, килажата почна да стагнира од 8 месеци натаму и до година имаше 1 кг ставено. Сега е 2 години и сосема нормална тежина за таа возраст.
И првиот и вториот пат не јадеше кога вадеше заби. Само што ќе пробијат одма си јаде нормално. Иако цицањето секогаш ни е на прво место. Па сок. Па вода. Па храна. И покрај тоа што не се препорачува сок до една година јас почнав да давам чат пат од 8+. А чај уште немам дадено.
јас земам президент несолен, црвена амбалажа е и тоа земам од веро од оние како за едно јадење пакувања. Едно такво мало за неколку оброка и е таман. Така земав демек нема долго да стои отворено... До сега еве дури едно има изедено
И Чоколино, и сите Лино производи се со одредена количина на шеќер. Тие кашички не се за пред 8-9 месеци, ти одлучи си дали ќе даваш. Јас мора да признаам дека ставав по малку Фрутолино за да згуснам многу ретка овошна каша, а Чоколино почнав околу годинка.
На самата кутија е означено 8+. Се посоветував со педијатарката и од 8+ почнав да го давам Чоколиното на Лино.