Идев по самото упатство. Во 200мл топло млеко ставаш 5 големи лажици Чоколино. Јас додавам и цејлонски цимет малку. Само ретко да го изел цел оброк. Инаку како целосен оброк му го спремив првиот пат Чоколиното и колку сакаше толку изеде. Уште од прв ден кога започнав со дохрана ( со секоја намирница ) давав колку сака да јаде толку.
@Black girl место да даваш чоколино земи каши на хипп, холе, нестле, има разни вкусови и овошни и со кекс...подобри се отколку чоколино, фрутолино ..инаку какаото , чоколадото по табела е 12+, јас дури после годинка дадов какао и чоколадо.
Денешниот ни беше полн погодок : пола банана, пола манго, пола јаболко и 5 врсти житарки на хипп. Превкусно. Инаку давам овошен јогурт+житаржи, јуфки со скута и јогурт посебно, палента со јајце и грчки јогурт, гриз банана портокал цимет, киноа банана круша слива...
Педијатарот ми рече откако ќе изеде цел оброк 120мл да се скокне подој. Ние два пати изедовме така, еднаш го држеше сит 2 часа еднаш цицаше после 1 час но многу малку , потоа го исповрати. Што воведовте се за наша возраст, ние сме 5 мес т.е 6 за една недела. Воведов круша , јаболко , банана, морков.
Ние почнавме со слива, и вчера прв пат јаболка. Следно планирам круша па банана. Морковот сам се воведува или во комбинација со нешто веќе воведено, пр јаболка? Тоа е добра информација дека откако ке внесе 120мл се прескокнува подој фала. Инаку мојов после пробувањето не сака да цица два саати, барем овие Три дена така беше, ќе видиме како ќе продолжи...
@eli25 Исто така можеш тиква, тиквичка, слива, праска, кајсија, авокадо, ориз, брокула, карфиол, компир, сладок компир-батат.
Мислам дека прво овошните треба да ги проба @eli25 а потоа веќе кога ќе воведува втор оброк таа треба да биде зеленчукова и да почне со воведување на сите погоре што ги наброја.
Двајца педијатри различно ме советуваа. Едниот како тебе, прво овошки па кога ќе почне ручек зеленчук а другиот ми рече од вкусови прво со зеленчук да почнеме
Путер после 8м, откако ќе се воведат млечни намирници. До тогаш од масла само маслиново, репкино и кокосово. Од безглутенските житарици за почеток на дохрана (од 6+) може да се даваат ориз, палента, просо, амарант и киноа. Па бирајте што сакате @Две Принцези таа на Даверт мене и на ќерка ми ни беше многу убава. Види и во Дм дали имаат од нивната палента со ознака Био.
Гласам за зеленчук. Овде прво со тиквица, морков, брокула се почнува. Овошјето секако ќе го јаде, а спанаќот, цвеклото, брокулата итн малку потешко. Е сега на 9 мес моето обожава зеленчук каков и да е, а овошје со молење јадеме. Овошје повеќе сака во раче пр јаболче кога ќе му дадам.
Таа Малце поскапа од обичната по маркетите (околу 100ден за 500г), но ако е само за бебе ќе ти трае неколку месеци.
Да да нормално прво овошки па потоа зеленчук, овошјето знае најчестп да направи алергисла реакција затоа и прво се почнува со јаболче банана итн итн башка не е за брзање работата полека ќе си проба се детето, јас прво овошје воведов па потоа и зеленчук, втор оброк имавме веќе на 6+ месеци