Имам прочитано прво со зеленчук да се почне зошто е помалку вкусен, зошто ако се навикне на овошје кое е повкусно се случувало да не сакаат зеленчук. Незнам колку е точно, еве и јас се распрашувам зошто се спремаме за да почнеме со вкусови.
Има интревју со него за исхрана може си го гледала, го има на јутуб. Препорачува со зеленчук за да научат дека солено е главен оброк
Јас почнав со овошје иако знаев дека по ново нели се почнува со зеленчук. Почнав со овошје затоа што сметав дека овошјето побрзо се вари од зеленчукот. Најдобар совет што сум слушнала од педијатар е дека кажуваат што е подобро. Така на пример подобро е со зеленчук но не е погрешно ако се почне со овошје.
Морам да споделам едно неубаво искуство со Hipp каши за добра ноќ. Моето 6 месечно бебе после само неколку изедени лажички од Hipp baby biscuit што е за подготовка со вода доби толку силна алергиска реакција цело со пликови. Среќа брзо реагиравме и е добар. Од готовите каши ненал и сега ми е страв што да му дадам како вечера.
Јас сум давала некогаш така приквечер и ништо не било. А има врска алергијата со тоа што каснало навечер или?
Алергично е на некоја од состојките во кашата? Со девет полни се воведува вечера. Евентуално 8 ако има потреба од истата. На 6 е доволно појадок и евентуално ручек доколку сте почнале од 4+ со воведување дохрана. На 6 месечно бебе не му е спремно стомачето за вечера. Дали откривте на која состојка од кашата сте алергични?
Незнам од што може да биде. Не верувам дека е глутен зошто и претходно има пробано ноќни кашички во тегличка што содржат глутен. Се сомневам на сурутка односно млеко ( незнам дали содржи уште нешто зошто ја фрлив кутијата). Инаку по препорака од педијатар од 4 месеци воведовме некои овошја и зеленчуци а млечна кашичка ни препорача неколку часа пред спиење. Инаку си цица нормално кога сака и колку сака. Од комбинација мајчино и адаптирано на почетокот успеавме да бидеме само на мајчино. Од овошје си јаде јаболче, крушка, банана, слива, кајсија, праска, јаболка со боровонка, а од зеленчуци тиква, брокула, морков, малку спанаќ и малку компир. Сега почнуваме и со месо и житни млечни кашички, ама после тоа што ни се случи страв ми е да му дадам нешто. Инаку има една кашичка овошна петпладне и една зеленчукова околу времето за ручек. Ама зошто многу касно си легнува и не спие почнав и со кашите hipp за добра ноќ.
конкертно нема врска ама има опасност кога нешто за прв пат се дава еве вака навечер.Најчесто алергиите одма даваат знак ама може и на спиење да ги фати затоа се дава се што е ново претпладне. Оптшо кажав дека е рано за вечера на 6 месеци.Самиот организам покажал еве нетолерантност кон некоја состојка што не значи дека истата ке ја има и во иднина.
@Среќа пред спиење давај само млеко. Мало е за вечера. Во тие каши за добра ноќ има глутен и млеко, тоа се дава со полни 8 месеци. Не брзај.
@Annath да знам дека од полни 6 но бидејќи @eli25 спомна дека за недела прават 6 месеци затоа и ги посочив. @Sofronko јас почнав со зеленчук со морков. Потоа еднаш пробуваше овошје еднаш зеленчук. Тоа кога пробуваше вкусови. Кога почнавме со цел оброк комбинирав некогаш ќе дадев зеленчукова каша, некогаш овошна. Кога воведов пред една недела втор оброк почнав да ги делам односно прво да дадам овошна каша па после зеленчукова. Не знам дали е правилно или не јас така и давав.
слободно може наизменично да давате и овошје и зеленчук затоа што нема солен зеленчук.И бататот е благ и морковот и тиквичката наблажнуваат.Карфиол спанаќ брокула и се останато секако се дава покасно.
Боровинката е многу јака за од 6+. Исто и спанаќ е после 7+ мада често и после 8+ зашто е јака намирница. Исто така тоа желудниче и организам за 3 оброка е премногу мало и осетливо и неможе ни да ја обработи/свари храната...невозможно е да свари 3 оброка. И ние почнавме од 4+ со вкусови ама не секој ден. Од 5+ имаше оброк, од 6+ ручек,од 7+ вечера. Но, еве го 10мес е скоро и никогаш не се десило да изел 3 оброка во денот. Муабетот ми е дека е премногу мало за толку тврда храна која немпже да ја свари желудникот и со самото тоа се доаѓа до нетолерантност на некоја намирница. Вака ми објасни педијатарката доколку почнам да давам повеќе оброци на почеток а бебе не е спремно за толку храна. Башка викаш на доење сте, ете и јас го дојам и дали до сега 5 пати сум дала млечна каша, зашто сметам дека нема потреба зашто цица сеуште кога сака и колку сака. Напредува супер и без млечни каши ( се мислам на оние готови каши со млеко или кутии ). А дека се буди навечер и тоа не е решение дека морало да се даде млелна каша за да спие. Тешко ќе ја свари сепак има само 6мес. И нормално е да не секогаш спијат убаво како ние што сакаме,постојано мењаат. Ене го има денови супер спие,има денови на 1ч станува, има денови па че стане и 2ч не презаспива. Ама не значи дека е гладен. Вади заби, се изнаспал преку ден, го боли стомаче ако се прејал или прецицал ( често лаком е па се прецицува ). Ако убаво си напредува со доење немаш потреба на 6мес да даваш вечера. И немој да мислиш е гладно и затоа не спие убаво, ете има и такви деца и моето е некогаш такво иако легнува најкасно во 20ч, знае некогаш и на 2ч да се буди па го презаспивам одма со доење.
Јас користам на Дм Био од дм, органска, 500гр 99 денари, често е и намалена, од сам почеток па се до сега веке година ипол е малово, само таква јаде, некако најубава ми е