Јас веќе плазма користам, 16 месеци сме ние но памтам дека хип зедов поради блажената на ло бело. патем можеш да ставиш и 3. Ако и е многу нема да дојаде.
бејби биф е фирма за месо. Во принцип најчисто е и се препорачува ако немаме домашно такво телешко да зимаме
малини, капина , боровинка , аронија (по колку) и од кога е најдобро , глава ми е измешана на секоја табела различно гледам..
Мила кас зависно од колку кашичка сум му направила ставам. Највеќе 5 имам ставено до сега. Ги земав сите 3 вида на Ло Бело бисквитите. Оние со житарки најчесто ги ставам во кашичка, а оние од банана и другите така му ги давам да грицка по 1-2 во денот. Не е многу блага кашата баш е онака таман. Кога ги ставам нив ги комбинирам со помалку благи овошки. Едит: јас сега почнав да му ги ставам во каши на 10+. После 7+само плазмата ја ставав, а Ло Бело после Н.Г. почнав да ги давам на неполни 9+. Стави слободно 2-3 па прво пробај ја ти па ќе имаш предвид дали да ставиш нешто плус или дали се многу 3 бисквити. На кутијата еве сеа гледам нема означено колку се става.
Јас скоро секој ден давам, и му капнувам во него неколку капки лимон. Ама со вода го разредувам , дека нели дозволено е околу 30'-50мл само на ден.
10+ сме и само аронија давам. Од неполни 7мес почнав да ја давам по 4-5зрнца во кашичката, 3-4 пати неделно. Останатите што ги наброја само преку готова каша ги има јадено, свежи не сум дала ( имаме замрзнато од летово домашни ) ама некако ми е страв. Оние во теглички се термички преработени па не толку се страшни.
I jas mu go razrediv so voda, denes prv pat pa ke vidime dali ke go pie ponataka. Tuku kazi mi 30ml samo sok cist pa razreden da e ili so se voda 30ml taka mn malku da ne e
12+ јас се дадов, мислам аронијата беше може малку порано некоја недела, ама воглавно 12+ се даваат. @TheSecret чист сок 30-40мл ставам и додавам вода после отприлика ,мојов ненормално многу го сака, плаче за уште секој пат кога ке го испие
Да ве прашам од кога почнавте да давате Урми и Сусам ? Нигде по табеливе не ги сретнав овие две работи. И дали сте го давале ова на Виталија со 4 мелени семиња, од кога може да се дава?
сусамот важи за алерген така да 12+ ма да јас го дадов доста покасно, урмите исто 12+ но само 1урма еднаш неделно, премногу шекери содржат. Во однос на овие семиња јас немам давано, но и тие се 12+
А во кое овошје најчесто ги ставаше бисквитите? Мене некако во банана не ми оди да ставам зашто блага е бананата и со бисквитата ќе биде мислам уште поблага.
На самиот тетрапак пишува дека е без лактоза. Искрено онака го земав не ни приметив дека пишува така ( синко плачеше па во брзање ) ова ти кажувам за последниов пат вакво земав. Иначе Алпско секогаш зимам ( од совети тука што читав ) полномасно. А дали е подобро без лактоза искрено незнам не сум упатена во тоа. Некој од поискусните кој се разбираат за ова ќе кажат. Фала ти не ги купувам тогаш. Ги најдов по форуми ама нигде не сретнав од кога се даваат. А за сусамот навистина незнаев дека е алерген.
Со јапонско јаболко ( ретко ), слива, крушка, цреша, вишна, кајсија, авокадо, манго, цвекло ( само така успев за да го јаде ) , не многу блага тиква, дуња... со некоја од овие комбинации. Може некоја сум изоставила извини. И да е блага ама не е шербет блага кашата, дава шмек и некој интересен благичок вкус. Сепак не е дека којзнае што благо јаделе, мармалад и еурокрем не даваме уживај
Од каде бејби биф е производител? Бејби биф е најквалутетно јунешко месо (затоа и најскапо). @ada21 има по маркетите или распрашај се по луѓе. http://faktor.mk/juneshko-bejbi-bif-meso-skap-ama-isplatliv-agrobiznis "ВОВЕДУВАЊЕ НА БЕЈБИ БИФ МЕСО ВО ИСХРАНА Бидејки после шестиот месец се намалува доењето се воведува немлечна исхрана и со таа исхрана се внесуваат кај доенчето многу хранливи состојки: протеини,железо,витамини Б комплекс Поради подобро голтање Бејби биф месото треба да се дава со зеленчук и тоа најпрво пасирано потоа гмечено па сецкано. Бејби биф месо во прва и втора година Секојпат треба да се земе чисто месо и пред варење да се симнат сите мрснотии. Бидејки месото не содржи диетни влакна треба да се комбинира со зеленчук и житарици.Витаминот Ц во зеленчукот го зголемува абсорбирањето на железото од месото. Припремање на Бејби биф месо При спремањето на Бејби биф месото од него треба да се симне кожичката ,коските и маснотиите па треба да се исече на парчиња. Да се стави во врела вода и да се вари 30 минути,да се води сметка да не се превари ,бидејки тогаш ќе биде многу тврдо и тешко ќе се гмечи . За пире се користи водата во која месото се варело. СЕ ПРЕПОРАЧУБА БЕЈБИ БИФ МЕСО ЗЕМАЊЕ ТРИ ДО ЧЕТИРИ ПАТИ НЕДЕЛНО БИДЕЈКИ: -обезбедува повеке енергија -спречува анемија(железо) -обезбедува раснење и развој(протеини) -контролира апетит(протеини) -обезбедува здрав имун систем (цинк) -обезбедува добро развиен нервен систем (вит Б12)". Јас имам земано од "Фарма без име" (ги има на фб) и од Веро. Првиот е неспоредлив.
Бебе за некој ден 6 месеци. Дали може да му дадам најобичен ориз, сварен па блендиран? Пбие правови холе, хип би ги земала ако не може ко што сакам