Е сега сфаќам колкав благодет е што моите се на село. Скоро се си имам домашно и непрскано. Речиси ништо не купувам од маркет за бебето. Имам на располагање и домашни јајца, домашно пилешко, зајачко. Само за телешко не знам како ќе биде. Ама ќе најдам од некој на село.
Нема подобро нешто од нетретирани производи од растително и животинско потекло. Имам желба напролет позади куќа да насадам некој зеленчук, лани само домат и пиперки засади свекрва ми. Имаме и круши, сливи, јагоди,киви и смоква во дворот. Татко ми исто има бавча со зеленчук и цреши,вишни,круши,кајсии,смокви, јаболки,сливи кои се многу повкусни од прсканите на пазар. Само круши имам замрзнато од летоска, друго ништо. Ама кога ќе узреат таман момата ќе јаде. Јајца зимаме домашни, а за месо ќе видеме. За месец ќе почнеме со дохрана а овој период е таков да нема многу соодветен избор на овошје и зеленчук, ама ќе се снаоѓаме.
Дефинитивно , зеленчук и овошје 90% све домашно имаме природно , нема ништо поубаво .. Ние само се изнамачивме пилешко да најдиме .. Петел дали е ок ? пошто е посуво малце месото ..
@Poppins табелите се хаос. Нашата педијатарка вика батали ќе се мрднеш, постојано се мењаат. И навистина еве имам две книги за бебиња од различни години ( издадени ) и сосема се различни табелите. Од гугле имам неколку и тие се различни. Искрено се водам по мој инстинкт и наоѓам златна средина. Еве денес дадов малини. Аронија давам ти кажав. Јагода, мед, белка, зелка, цитрусни? бамија и грав до 1г решив да не давам. Немаме ни во блиска ни во подалечна фамилија алергии. Што се однесува до готови кашички, буквално сите ги јадел и јаде од 4+ до 10+ освен оние кај што има јагода не ги купувам. Како идеа месеците така според ознаката давав кашички. Ама еве сцежи боровинки и брусница не сум дала. Баш денес во Веро и Рамстор барав немаше, па после ќе го пратам маж ми да најде ако може. Манго свежо од Веро давам од 6+. Прво преку готова кашичка го проба неколку пати па дадов свежо. Томатен сос имаме домашно направен, од патлиџани од бавча домашни направено и еве веќе 3 недели и тоа давам од време на време. Семе од коприва почнав од неполни 8мес. Зашто обично доените деца се малку послаби со крвта обично. Па му беше хемоглобинот 105 и почмав тоа да давам, жолчката,аронијата и телешкиот буљон. Еве го денес на крвна слика 120 хемоглобин без никаква хемија и сирупи ни апчиња. Ама се советував со педијатар сепак. Еве го млекото во Веро го купив.
Мами ние сме 5 месеци јаболко,круша ,морков имаме пробано каши кога да почнам цел оброк да му дадам домашни сака а купените не ги сака многу
И јас со три намирници воведов оброк .... педијатарот ми рече колку сака толку нека јаде. Му спремам 120 гр ама да му давам уште ќе јаде .
Наидов на еден пост од 2013г. Се извинувам @Annath што ќе ги ставам сликичките ( скрин шот ) од твојот пост, но ми се допаѓа табелата и најреална ми се виде. По некоја коициденција ми се совпаѓа со моиве табели ( исклучок на некоја намирница ок ). Ме интересира дали по оваа табела се водеше ти ? Неколку сати гуглево го изналистав по сите балкански сајтови и форуми за Урмите од кога се воведуваат. Јас лично никад не сум ги јадела па поима немав за нејзините благодети. Била најдобра за анемија кај бебиња/деца. Од 6+ ја воведуваат, па негде и од 8+ . http://cajeviza.net/urme-kalorije-nutritivna-vrednost-koristi-za-zdravlje-u/ Што мислите за ова со воведување на урмите? Убаво е објаснето за шеќерот во нив дека не е штетен за бебе/дете ( ок све во умерени граници ). Утре сме на вакцина па здравје после 1-1ипол недела сакам да ги воведам. 10+ е синко. Само ме интересира како се воведува...пола урма или цела? Да ја обарам или така сува да ја изблендирам ( зашто неможе да ја испасирам тврда е ). И колку пати неделно може да се дава? Се извинувам на толку те прашања . Еве ја од Анатах табелата која ја имаше постирано и е според мене најдобра и најреална.
Супер @sofi2107 што ги постира сликите. И јас лутав низ сајтовите, табелите не се поклопуваат. Не дека стриктно по една табела ќе се водам, ама да си имам некоја претстава што и како се воведува. 4 ипол м сме и уште малку почнуваме со дохрана, а јас немам никаква ориентација. Ова добро ќе ми дојде.
Да, главно по оваа тавела се водам, со тоа што јагоди многу подоцна дадов кај големото и кај малото ќе почекам, оти мм како мал имал алергија на јагоди. Јас еднаш јадев јагоди, малото тогаш за првпат се исфрли, односно му се појави атопичниот дерматит. Тогаш мислев дека јагодата е причина, ама подоцна излезе дека не е, само се поклопило. За сувото овошје, конкретно урмите, јас ги дадов некаде од 9 месеци. Да се измијат убаво во врела вода, па да се накиснат, така лесно се лупат. После ги ставав во гриз, ги варев заедно со него. Две-три урми ставив на два филџани вода за гриз (две и пол супени лажици гриз му доаѓа тоа). Ситно исецкани ќе се стопат во варењето, а конците од внатрешноста ќе излезат кога се лупат. А така да јаде немам дадено, големиов не ги сака, малово не верувам дека ќе одбие, ама лепливи се, и ми е страв да не му залетнат. Може да се користат како засладувач во домашен овошен јогурт, домашен пудинг (или слаткарски крем), во гриз, други овошни каши со покиселки овошки.
Фала ти на одговорот. Само уште ќе те прашам колку пати неделно може да се даваат урмите? Не верувам дека би имало некоја штета и да е секој втор ден, но со оглед на тоа што се благи и здрави( појаки и хранливи ) затоа прашувам.Јас искрено не ги јадам. Но, еве вчера читајќи за нив наидов на податок ( од некое испитување ) дека биле многу добри за доилки и за мајчиното млеко. Па еве денес ќе идам да купам па ќе ги конзумирам чим биле најдобри за м.млеко. Еве доколку некој го интересира за урмите : http://cajeviza.net/urme-kalorije-nutritivna-vrednost-koristi-za-zdravlje-u/
Два до три пати неделно, зависи. Сега поретко, обично за викенд. Баба и дедо се повеќе по нашиве овошки, не по егзотиката општо се добри за се, само умерено. Инаку помагаат и за побрзо отворање за породување
Читав дека сок не се давало на мали бебиња. За каков сок станува збор? И зошто не се дава? Пример, имам дома компот од круша, нели можам да го изблендирам и да дојде потечно, баш како сок и тоа да и го дадам? Исто и други овошја во нутрибулетот да ги ставам со вода да изблендирам. Исто како кашичка ама со повеќе вода. Не ми е јасно. Мене докторката ми кажа прво со сокче да почнам па после со каши.
Мене свежата урма ми е поубава од сувата. Рано ни е уште за урми ама да прашам дали смее свежа да се дава.
Давајте ми совет, не знам како да постапам. Почнавме со вкусови пробување, имаме пробано 5-6. Некои денови јаде убаво, некои едно лажиче и не сака да слушне за повеќе. А истата комбинација ја давам што претходно била изедена цела :/ Мртов гладен е, бара да цица, кашата не ја погледнува Сум пробала и кога не е толку гладен ама и така кога како успева :/ Бидејќи нудам речиси цел ден до кај 6 најдоцна вечерта, а секогаш сака во различно време, не можеме да воведеме оброк. Друго, од очај дека не јаде се, го собрав пола дм накај дома. Подоле слики, ве молам кажете ми од сликаните продукти што мислите дека можам да воведам, а што е непотребна глупост. И два типа ориз купив. Од кој да давам - или добри се и двата?
Затоа што сок како сок ќе ви замени оброк и после потешко ред ќе фатите.Мое мислење. Подобро кашичка од крушата и со лажичка давајте.
Ист е и мојот,се што воведов јадеше без пробирање и наеднаш престана. Извади еден заб мислев до тоа е ама што и да му спремам не ни сака да проба. Кога пробуваше вкусови мислев голем јадач ке биде,сега ја стиска раката што ме гледа како се молзам и бара млеко.