Ова тука многу пати сум го читала. Ама! Во една емисија на тв24, дур уште бев бремена, случајно го начекав сајковски и кажа дека месеците што се пишани на тегличките одговараат на месеци и се правени по некој буклет од СЗО. Ќе се потрудам да го најдам. Не смееле по некои нормативи да пишуваат ако не одговара. @sofi2107 од каде ти ја знаеш вистинската причина зошто некоја решава да прекине да дои? Еве да се земам за пример. Јас ќе треба да прекинам. Некој да ме праша секако нема да му поднесувам сметка - ќе кажам полесно е и не се грижам дали е најадена. И ќе се најде таа да ми суди дека сум "лигава". За чоколино/фрутолино. Точно и ние сме пораснале и затоа "ништо не ни фали". Секој втор има алергија на нешто, проблеми со неплодност.. дека супер сме се хранеле и живееле. Тоа завршило генерациски со нашите родители, пред индустријализацијата, кога скоро секоја фамилија имала домашна храна.
Јас до мои 12 години немав пробано чоколино. Сакате верувајте, сакате не верувајте. Ама навистина. Такви прашоци кај нас дома не се купуваа ниту се јадеа, мајка ми постојано готвеше. Ако посакав нешто такво од продавница, мајка ми одма ќе ме премислеше, ќе ми кажеше дека ќе ми направи поубаво. И навистина. Факт е дека спротивно од тоа, „сите пораснавме и ништо не ни е“, не познавам луѓе без лекови. Секој за нешто пие, макар и на природна база. Па не би рекла дека сме здрави генерации. Затоа е битна исхраната на детето, да му се даде добра основа за понатаму во животот. А тоа сигурно не се пудинзите и јогуртите на Нестле и Хумана, со Лино прашоците под рака.
Ве замолувам да се прекине со навредите и оф-топиците. Следен пат доколку продолжите со ист тон ќе следуваат банови. Слободно кажете си ваше искуство и совет, но не мора постојано да реплицирате и се убедувате. Доволно е мислење да се сподели. Еве нешто корисно од правилата ќе ви цитирам. Дозволете им на другите слободно да го искажат своето мислење и не се обидувајте да доминирате во дискусиите. Ако постојано реплицирате, се инаетите, жестоко ги убедувате останатите членови дека не се во право, ако секогаш сте онаа којашто мора да го има последниот збор, сфатете дека ваквото однесување е непријатно и непожелно.
Здраво Ме интересира по колку количински јадат вашите 7 месечни бебиња. Знам дека е индивидуално ама од прилика. Моево јаде околу 250 гр. Се мислам дека тоа е многу ама си сака.
Ептен сте се распишале ...а сакав само да видам урмите дали може за 8+...скоро 9 за недела Веќе 2 недели почнавме да јадеме ) јупииии..(имав пишувано дека неќеше ич 2 месеци ни уста да отвори).но многу сме назад со намирници...а ќе тргнам на работа па сакам да имам поголем избор на оброци кога ќе го оставам со женава за чување.
Јас чоколино прв пат пробав сега со мојот син заедно. Ама пакне ќе кажам, не е најздрава варијанта, ама да прошара мени е во ред. Е затоа млеко сои бисквити се утепував од јадење. Јаде и бебо.
Мојата е 7 месеци и јаде околу 190-200 грама колку што е една голема тегличка тоа ми е мера. Некогаш јаде и помалку некогаш бара плус ама ми е страв да и дадам повеќе да не е многу.
Какви други времиња уште даваат, плус истава блиска пред 40дена даваше и мед на цуцлето, демек помагаше за грчевите. Мм запомнил, па во еден наврат и мене ми рече стај му мед на цуцето
Супер идеја за пудинг. Кажи ми само како да ја ставам жолчката, директно во врело млеко или во млако? Ќе биде ли безбедна така?
Мајки, денес на ќерка ми во кашата и ставив пола банана и некако каката и е тврда, цел ден се мачи. Можно да е од бананата или?
И јас за 10 дена ќе треба да почнсм. Бебе ќе биде 4+ . Многу читам и пак незнам како и со што да почнам и истите прашаеа си ги поставувам како ти. Инаку сме целосно на ад. Те молам споделувај што и како воведуваш, шо колку, пред или после млеко итн. Се надевсм нема да ти е тешко
Pisi mi poraka so te interesira.I slobodno prasuvaj si.Jas samo prasuvam.Eve joy mi pomogna dosta i drugi clenki isto.Prasuvam i bliski.Ama od niv dobivam odgovor da kupuvam gotovi.Tie ne gotvele doma