Напротив, не го оставува да огладнува. Само што постојано, без разлика дали е најаден или не, јас му буткав шишето во уста. По добри 2 месеца, почна да си шмука прво вода, а потоа и сокче. Додуша, првичниот пристап ми беше со огладнување да го натерам да пие млеко од шише. Ма немој Видов дека нема така ефект, па тогаш преминав кон другиот метод, буткање на шишето 200 пати во денот. П.С Можеби само случајност беше, но прв пат кога почна да пие од шише, бевме на гости кај роднини каде што нивната ќерка (1,5 год) пиеше од шише, па малиот ја виде неа, па почна и тој да шмука. Случајност или не-не знам.
јас само ќе ти го кажам моето искуство околу начинот на хранење.И син ми не прифаќаше никакви цуцли и на крај педијатарот ми рече да му дадам да пие со цевка.бидејќи ми беше страв со обична од аптека купив шише на НУБУ со силиконска цевка и супер ја прифати .Можеби не е лошо да пробаш во аптека да побараш и да видиш дали ќе сака .Напомена убаво се напи дури после 2-3 давање .
Како и да е, упорноста е најважна. Мене во почетокот така ме фати паника кога почнувавме со кашички. Дај и јаболко не сака, ништо ен сакаше. Единсвтено бабана од почеток сака. И ми рекоа (сестра ми) бебето не знае дали сака или не кога даваш прв пат нешто, нормално е да изреагира дури и со гадење. Ако од петнаесет обиди сеуште не сака, илли не е гладна и пробај друг ден пак со истото, или не го сака вкусот, па пробај замаскирај го. И сега се си јаде. На пример на брокула кога и дадов, така ми се скисели што дури и јас кога ја пробав таа од Хипп ми се слоши После дома и сварив и со кисело млекце си ја изеде. Сега без проблем брокули јадеме. И не е битно колку количински ќе изеде, битно е што јаде. Фала богу ене крвната слика докторката ја зачуди. Рече толку е добра што дури ми е чудно Барем млекото во разлини облици може да го прима, со млечни каши кои содржат адаптирано, кисело, јогурт итн итн. Моево знам дури пиеше Хипп адаптирано, се олевме со шишето, и го сменив (Аптамил) и кога зина... ПАк ќе речам, упорност и трпеливост. Знам колку емачно да се трудиш, па и да готишѓ пасираш одбнираш јадење, а тоа упорно НЕ (мојава сега мафта со главчето и вика не не не не и турка со рачето.)
Ние од пред два три дена почнавме со дохрана.. До сега само јаболче му давам (дома сварено, кашичка на хип, сокче). Кашичката некако ја јаде ама сокчињата никако да повлече воопшто не сака се мршти. истиот случај го имаше сестра ми додека цицаше бебето (до една год) воопшто не сакаше други течности а кашички си јадеше, откако ја одби обратно сокови растура тврда храна со молење.
A да пробадш со фрутек,бебивита,јувитана,нестле јас на син ми му давав само хип сокови и кашички ги јадеше ама некако со молење пред некоја недела му купив на наестле кашичка изеде цело тегле и уште бараше а и искрено повкусна беше и поубаво мирисаше
Син ми од готовите каши ги јадеше исклучиво на Фрутек, Хип не ги сакаше. Други не сум дала. Ама домашно му давав, скоро без исклучок. Моја, не се секирај, ни мојов не сакаше сокови на почетокот, освен кога ќе цицаше директно од овошката. Ама сега ги пие. Добро, со молење, ама пие по малку. И тоа домашни му правам, од цвекло, јаболко и морков, некогаш и од јаболко и вишни, чат пат од портокал и мандарина, ама цитрусните овошја сака да ги јаде повеќе отколку соковите. Не се секирај, не мора да пие сокови - ако пие вода, ако уште цица - си има доволно течности
Здраво, јас сум нова на форумов. Мојата Лана има 5 месеци и штотуку почнуваме со цврста храна (фрутек кашичка од морков беше првото нешто пред две недели). Не знам колку често да јадеме кашички и дали постепено да престануваме да се доиме? Сите различно ми викаат, а и на интернет различни нешта читам. Следниов текст ми се виде основан, ама сакам совет и од вас. http://www.preventus.mk/dnevna-soba/245 ... 7-01-16-30 Поздрав од Мама и од Лана
Здраво А зашто да престанете да се доите? Јас мојата керка ја доев до 10,5 месеци и си јадеше се и месо , и овошје и зеленчук и креми со житарки.. Мајчиното млеко неможе да го замени некое др. млеко.
не знам дали ова со морковов ти е препорака од педијатар или самоиницијативно ,затоа што по некој си правила најпрво се започнува со јаболко и тоа првиот пат 1-2 лажички и една недела се дава само јаболко и тоа ќе зголемуваш секојдневно по 2-3 лажички. На крајот од неделата доколку нема никаква реакција можеш да и даваш да испие околу 50тина мл или пак да свариш/испечеш јаболко па да ја изеде како кашичка. Е сега тоа веројатно би пролонгирало временски едно доење или пак можеби бебето и не би сакало односно не би било гладно (јас сокот сум го давала во време кога требало да се цица).Доколку едниов подој го скокнете со другите си продолжувате најнормално. По 2 недели почнуваш со морков или нешто друго и тогаш првиот пат и наредни 2-3 дена го даваш само новото за да видиш дали има некаква реакција.Јас како второ сум давала морков ,па потоа компир ... Сите нови работи треба да се даваат внимателно и без форсирање во смисол секоја недела или секој ден нешто ново ,затоа што до 1 година има време за се. Моја препорака е да внимаваш со морковот бидејќи тој знае да направи видливо жолтило на кожата !!!
Мојава е зависна од чајот на Бекутан, не знам колку мл дневно пие. Пие помалку млеко , ама внесува преку јогурт, кисело млеко, млечни кашички. Дневно ајде 2 големи теглиња една овошна една зеленчукова каша и една до две од кашине во кутии (или овошна од Хип ил до бана и гриз пред спиење). Навечер ретко пие млекце , најмногу 70 мл во спиењето и сабајлето кога одам на работа уште 100мл. Мислам дека се си е во ред, само не знам како да и го намалам чајот. До душа вчера, на пример, цел ден 100 мл ги пиеше, а инаку пие премногуможи 300 мл во 24 часа. ЗНам дека е премногу ама не знам што да и правам ?
Дарла зависност кај бебиња постои исклучиво кон мајката Твоето бебенце ќе изеде/испие се што ти ќе му дадеш (онолку колку што сака).Давај и чај ама направи и многу малку 20-30 мл и така ем она ќе се напие од нешто што можеби многу го сака ,ем ќе биде жедна па ќе сака млеко. Чајот самиот по себе и нема ништо хранливо и може да се смета како вода(освен органските чаеви),но овој чај е наменски и не дека и штети но нема ни потреба да го пие (освен ако нема грчеви) затоа што со негово конзумирање редовно не се оставаат цревцата вистински да профункционираат.
Пазете мами што давате, ниту БИО не е БИО за жал.... Спојлер http://www.ringeraja.mk/statija/bebeshkata-hrana-e-polna-so-shekeri-i-masti_2133.html
Да, и затоа секое второ дете пати од некоја алергија. Ова алергииве излегоа како помодарство во денешно време како резултат на тоа што не само околината туку и храната е загадена и вештачка
Жално, но точно славица. Како и да свртиш, фармацијата го има профитот, ништо чудно и да ги спонзорираат ваквите храни
Дечки не гледам посебна тема за јајце, ама ме интересира по завршувањето со жолчката, како почнавте белката да ја давате и по колку? НИе многу задоцнивме а веќе треба вакцини за морбили да примиме
Јас почнав белка да давам кога малиот имаше 10 месеци, и тоа прво дадов тестенини со јајца, после лепчиња пржени со јајца, омлет и на крајот чиста, варена белка. Еднаш неделно на почетокот, а после почесто. За МРП вакцината ми рекоа дека мора неколку пати да има пробано белка, повеќе од три пати, за да се види дали има реакција или не. Сигурно имате повеќе од годинка, ако не даваш тестенини со јајце, време е да ги проба, исто пробај, свари јајце, па дај малку белка, едно-две залчиња и следи дали има реакција или не.
Zdravo na site. jas sum nova na forumov i imam edno prasanje. imam since 3,5 meseci i na poslednata kontrola pedijatarot mi rece da mu davam sokce,inaku super si napreduva ima 7 kg no jas sakam da znam kakvi se sokcinja mozam da mu davam osven od jabolko...
Во прво време односно 2-3 недели пожелно е да биде само сокче од јаболко,а потоа се дава и морков и обично кога се почнува со морковот тој се дава пасиран. Потоа се дава круша,кајсија,слива,боранија,тиквица. Обично до година не се даваат јагоди,портокали заради тоа што се сметаат за многу алергени. Мене само ме зачудува тоа што педијатарот на 3,5 месеци ти препорачал да даваш сокови,според мене би требало да почекаш да направи бебето 4 месеци ,па потоа да почнеш,но твое право како мајка е да правиш како што мислиш дека е исправно.
И јас се сложувам дека е сеуште мало бидејќи добро напредува. Сигурно така ти кажала затоа што беше премногу жешко па да не дехидрира бебушот под претоставка дека водата од мајчиното млеко не ги задоволува дневните количини. Како и да е, ако решиш да почнеш почни прво со лажица-две и секој ден зголемувај доза. Соодносот го знаеш 1 према 3 т.е 1 овошје а 3 превриена вода.
i jas sakam da pocekam do 4 meseci no bara postojano da cica na sekoj polovina cas...a vodicka veke mu davam pa zatoa se mislam?