а чему толку потресност оти некој рекол храна во кутија??Мајке ми мн се правдате за се што правите у живот.Ако си ти сигурна дека со тоа правиш арно на детето терај си така,не обраќај пажња на други.Ама со оглед на тоа дека се вреѓате од зборот кутија очигледно си го преиспитувате ставот . @LiliBoz јес од ботулизам може да се умре не од мед.Туку од труење со спори кои ѓи има во медот и во конзервирана храна некогаш.Затоа медот се дава покасно,од проверени луѓе и во мали количини.
Лично мене зборот "храна од кутија и фолии" грдо ми звучи и потценувачки.Као вие мрзливите и недомаќинките и што ти не знам уште,давате се готово,ништо домашно зготвено и сл. За преиспитување што давам и како давам немам ни намера,си знам јас што е добро за моите деца,туку се почесто читам за мајки кои се жалат за слабиот имунитет на своите деца,како ништо не им јадат,се болни се , а се хранат искличиво САМО со здрава храна. Да се разбереме и јас сум да им се дава здрава храна на децата, и домашно приготвена, но никогаш нема да ги лишам од " забранетата"( смоки, соленки, грицки,чоколада,купечки сокчиња...) Може не секојдневно да внесуваат,но неколку пати во неделата нема да им забранам.
место да нарекуваш некого дрска треба да прифатиш дека има луѓе и со поинаков став од твојот за се во животот и тоа е се. во секоја дискусија секаде ке има за и контра,проблемот е во тоа кој како си ја сваќа дискусијата.Некој како навреда друг како обичен разговор помеѓу мајки со различни гледишта
Мене така ми звучеа зборовите,давате хемија, тоа се отрови....А кој како сака нека си се храни,секој за себе си знае
Штом секој за себе си знае би било убаво да прекине натпреваров во мајчинство. Сигурна сум дека сите што ја следиме темава ја следиме затоа што се трудиме и сакаме најубав почеток на исхраната за малите. Ако нечиј совет не ви се допаѓа не го применувајте, прилично едноставно. Форумот е за споделувања мислења и совети а не за етикетирање и навредување, понекогаш дискусијата е само дискусија а не докажување. Одолеав претходно да искоментирам ама ајде... Туку, кога може да додавам мелено ленено семе во кашичките и по колку?
мислам дека од 9 ти месец го воведов ,една третина мала лажица отприлика ставав.И не давав секој ден бидејки ги разработува цревата а мојата секако имаше брз метаболизам
Ne sakam pak da otvaram diskusija oti iskreno mi se smaci, ama se najdov prozvana. Jas mu pravam domasni biskviti i ke prodolzam da mu pravam. Zosto e ova za potsmev? So koj del od ovaa recenica zboruvam za drugite a ne licno za mene?
Интересна дискусија. Сите го сакаме најдоброто за нашите најмили и секој треба да си гледа пред себе. Форумов служи за да побараме нечие мислење, да се посоветуваме, да си бидеме подршка, а не да се натпреваруваме која мајка е подобра и да си замеруваме една на друга ако некоја прави домашни каши а друга дава готови. Зошто сме вакви ние жените??? Само да се префрла. Да си гледаме за себе! Мене што ми менува на пример ако некој сади дома во бавча марула за бебето? Или ако дава готови каши? Ама баш ништо! Добра ноќ мајки
Мајка ај пиши ми го рецептот на домашните бисквити. Кажи ми само дали излагаат меки или тврди ( се мислам на релативно тврди како и пр. Ло Белото ) или па се баш тврди како Плазмата ? И која количина излагаат, колку временски може да стојат ( фрижидер или на собна ) ? Фала.
Рецепт конкретен немам, почнав да ги правам откако воведов жолчка и со тек на време како воведувам нови намирници така и рецептот си го менувам. Откако наполнивме годинка вака ги правам: ставам 2 жолчки, 100г растопен путер, една банана, цејлонски цимет, малку млеко и малку мед. Блендирам се заедно. Потоа истурам во длабок сад за месење и додавам брашно (некогаш бело, некогаш интегрално, некогаш пола/пола). Колку брашно точно не знам бидејќи зависи од другите суровини, така да додавам се додека не се направи тесто кое може да се сука. Расукувам кора со дебелина од пола сантим и вадам со чаша кругови. Печам исто од око, не е убаво многу да се испечат и така се доста тврди. Супер се за да се учи да џвака, тврди се и не може да откине големо парче. Не можам да споредам конкретно ко кои, Ло Бело немам пробано, а и за Плазмата не се сеќавам добро. За оброк ги мелам непосредно пред да го спремам и полевам со затоплено млеко (пред годинката со вода од компот затоплена), додавам какао, мелени лешници или микс од семиња и излегува супер вечера. Излегуваат многу, ги чувам на собна температура и можат да стојат многу време бидејќи се без вода, а од печењето се целосно дехидрирани па немаат ризик од расипување.
Не беше за тебе постот. А и навистина не знаев дека ти правиш домашни(небитно дали правиш или не). За друга членка беше зашто баш кога пишав јас дека на мојата и давам ло бело бисквити и таа одговори дека не давала такви и оти правела домашни и со тоа поздраво го хранела детето и плус се надоврза муабетот за храна од кутија као како мајките давале ориз од хип. А за тебе не би пишала така со потсмев зашто баш те сметам за личност што секогаш е тука за совет без да навреди и слични негативности.
@Lolipop23 фала ти Ќе ги направам викендов, но со измена мала зашто нема 1г. Само кажи ми за брашното какво да ставам зашто сме 10+ ? И дали бидејќи имаат жолчка несмета да се на собна тт еве да речеме 2-3 недели? Искрено незнам тоа со жолчката дали ќе биде проблем да смени мирис, вкус или да не се расипат стоејќи.
Јас да се надоврзам за рецептов. Не го разбрав делот со водата искрено зошто би се расипале. Малото е 8 месеци, ако не ти е проблем те молам напиши ми што состојки би користела на мое место Имам воведено жолчка. @sofi2107 ова изгледа ко да си ја ишкаме мувата од капата одма се запнавме да правиме домашни бисквити хахаххх
Читав рецепта за бисквити со брашно, банана и путер на групата здрава храна здрави деца, ама лично не сум правела за да кажам како испаѓаат. Модар патлиџан сакам да дадам, со што го комбинирате?
Хахха баш така. Ама па реално може да се импровизира со додавање секое правење по нешто. Јас овој пат ќе ставам ленено семе, аронија, брусница и ..... поима неам уште што. Па ќе импровизирам секое правење. Јас за нас правам Кукис домашни колачи ама неможам на синко од тие да дадам зашто се со шеќер и башка состојќи за кој е мал. Последниов пат ми испадна највкусна кашата со модар патлиџан и ја изеде цела порција за првпат. На пареа стаив ориз, модар патлиџан, морков, компир ( обичен или батат може ) , брокула 2 китки и кромид. Откако се обарија ги испасирав со виљука и додадов многу малку салца од домашни патлиџани. Наредниот пат не ставив брокула и кромид туку стаив лукче и салца нестаив. И двете комбинации се супер пробај ги.
Можеш и бело и интегрално, по твој избор, интегралното секако е поздрава варијанта. Не е проблем жолчката, секако се пече и се уништуваат сите микроорганизми, а потоа бидејќи се суви истите не можат да се развијат. Ќе видиш, јас на почеток гледав да ги потрошам за 1 недела, ама увидов дека воопшто не се менуваат со стоење во ќесенце нпр, па сега ми стојат додека не ги дотрошам, и по цел месец некогаш. Само ќе ги чуваш цели, ќе ги сомелеш непосредно пред да ја правиш кашата. На почеток не ставав мед и млеко. Меѓутоа само бананата не е баш доволна за да имаат благ вкус, јас ставав зрела блага круша, ама сега ги нема. Не знам што би ставила сега, евентуално 1 мала лажица шеќер, или ако имаш воведено маџун или агаве сируп. За расипувањето сакав да кажам дека е многу мала веројатноста да се расипат бидејќи не содржат вода. Се што е посуво, подолго трае. Меѓутоа и да ставиш вода не велам дека ќе се расипат, ама нема да ти треба воопшто, ќе ти треба потоа повеќе брашно и ќе ти излезат многу, нема да може да ги дотрошите. Со доза од 2 жолчки, 1 средна банана и 100г путер има за 10тина оброци.