Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.200
    Пол:
    Женски
    И оризот е житарка. Но тие што почнувате од 5 месеци со дохрана, не брзајте...максимум 5-6 намирници за цел месец. Посебно не ги брзајте со млечни производи и јајце, тоа треба што покасно. Моја пријателка која е во странство, ги советуваат педијатри дури после година да се воведуваат.
     
    На Smiley11 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.769
    Допаѓања:
    202.661
    Пол:
    Женски
    Ти одговори Леона, ама еве и јас ќе пишам. Штом е домашно, може да го даваш секој дел од пилето. Подели го на повеќе делови и замрзни. Кога ќе го вариш делот со коска, задолжително направи супа од течноста, со различен зеленчук (што имаш воведено), може просо или тестенини без јајца да ставиш, ќе се згусне. Мојов,откако почнав да правам вакви супи/чорби (после годинка), и ден денес обожава домашна пилешка супа, нема ден да не бара ( а јас немам секој ден домашно пиле за варење, за жал). Одлична е за настинки и многу хранлива.

    Аронија може од 8 месеци, по две-три зрна на почеток, после година може да зголемиш.
     
    На НаталиЛили, bambusce и joy1 им се допаѓа ова.
  3. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    1.127
    Јас и дадов на 12 месеци од што секакви мислења слушнав. И давам по три зрна наутро.
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  4. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Да прашам уште нешто.
    До кога е сезонава на мандарини, портокали, киви...?
    Ние средина на марта правиме година, па да не им пројде сезоната. Да и дадам да проба, да не чекаме после наредна зима.
     
  5. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    28.554
    Јас го давам белото месо (градите) но и месото од капаните исто го користа за кашичките на бебушка.
     
    На bambusce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.927
    Допаѓања:
    326.802
    Пол:
    Женски
    Со кивите пази.Би рекла најопасни се од сите тропски овошја.
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    1.127
    Киви јас уште немам дадено иако е 13.5. Ако треба нека помине сезоната, ќе и дадам другата година. Ако веќе сакаш да и дадеш пробај со мандарина, помалку е алергена од портокалот. Дај и наутро две резниња, почекај еден саат па пак и дај толку. Наредниот ден исто и третиот ден можеш колку ќе посака.
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.769
    Допаѓања:
    202.661
    Пол:
    Женски
    @НаталиЛили, има време, догодина ќе проба, особено киви. Има и во март цитруси, има и киви преку цела година, ама пак, купечкиве увозни не се како домашните. Едноставно не мирисаат како нив...
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.609
    Допаѓања:
    36.719
    Пол:
    Женски
    Ориз освен оној на Хипп, каков можам да давам, обичен и да го блендирам или рано е?
    Некако не му се допаѓа овој,без мерак ми јаде.
     
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Јас му давам обичен, убаво сварен и изблендиран. Ставам повеќе од водичката кај што се варел оти е густ доста. Комбинирај го со нешто друго и ставај помалку ориз, нема да се осеќа толку.
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Фала ви за советите.
    Ќе почекам.
    Се мислев, ама одлучив да не давам највеќе заради проблемот со пеленскиот осип, таман се средивме, со 300 маки, да не направам пак проблем.
     
  12. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    28.554
    Дивела тестенините се без јајца нели?. Се си мислам дека така имам прочитано овде на форумот или сум испомешала нешто...м?
     
  13. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Не сите, убаво види во составот. Јас давам тетовски домашни јуфки без јајца, портокалово пакување. Купив и интегрални од прод,за здрава храна но не сум ги дала уште.
     
  14. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Од која палента давате?
     
  15. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    На Даверт, ка има и во зегин и во прод.за здрава храна, не е скапа, 500 гр за 120 мкд или така нешто.
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.609
    Допаѓања:
    36.719
    Пол:
    Женски
    Саκам да воведам пρасκа,со оглед деκа не и е сезоната,а κомпотот го изедовме,дали можам да κупам κомпот од маρκет и од κој,да не се штетни? Истото важи и за κајсија. Бебе саκа κајсија,κупуваме κашичκи на хипп,но мислам подобρо со κомпот
     
  17. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    1.127
    Не е подобро. Имаат тон и пол шеќер готовите компоти, а башка што е во конзерва и плус конзерванси.
    Ако не сакаш да даваш на хип, почекај ја сезоната.
     
    На LaDyDoLl, zuto, Rabbit и 3 други им се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.927
    Допаѓања:
    326.802
    Пол:
    Женски
    Како приготвувате просо и колку пати неделно давате?
     
  19. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    @joy1 да те прашам како поискусна :) тука некаде ни се бебушките, само што ти порано почна со дохрана, па затоа и поискусна де, кога даваш нова намирница зошто ја мешаш со веќе дадена? Јас почнав да давам дохрана на полни 6 месеци и 2 дена и секоја нова намирница ја давам по 3 дена чиста, а после мешам само по 2 веќе воведени. Ако грешам поправајте ме :$
     
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.927
    Допаѓања:
    326.802
    Пол:
    Женски
    По правило е така.Но зависи за што.Мојата има проблем со запек така да на пример неможам три дена само морков да давам.Или на пример три дена само брокула или блитва.За да направам каша од блитва треба еден куп листови да сварам :D
    Значи кога би дала јагода,кива тоа се нели потенцијални алергени,би ги дала одвоено три дена секако.
     
    На artemidis му/ѝ се допаѓа ова.