@eli25 денес втор ден како воведувам јаболка, утре ќе пробам морков штом не мора по 3 дена да се воведува едно исто. Она не ни голта, одма враќа назад. @Belabelinakinder и јас се мислев дека можеби е до лажичката, пластична е оваа па и дадов со таква како што јадеме ние оти и капки и давам со такво лажиче, ама пак плукаше. Не се кисели, благи се јаболките.
И јас давам ориз од тој на хип ,кога го воведов го измешав со веќе пробана намирница ,само кога ќе го припремаш оризот не се води баш по напишаното пошто многу ретко излегува стави малку повеќе ориз на 100мл вода .
Морковот може да даде реакција да знаеш. Многу често се случува, ама не е страшна, поминува со тек на време, не мораш да прекинеш со давањето морков, освен ако ептен е нафрлана. Ако ти се исфрли околу устата, да знаеш дека е од него. Ова само како предупредување, да не се изненадиш, оти е прилично честа ваквата реакција од морковот.
Пак и дадов. Неколку пати голтна дури и ми ја земаше лажичката за сама да јаде и устата ја отвараше за уште иако по малце плукаше И од водата и дадов испи 20мл.
I so zelencuk I so ovosje ja mesam. Sega planiram I so meso telesko da probam da vidam dali ke jade, inaku moevo ubavo ja prifati.
1.тиква со што комбинирате? 2. палента како воведовте? од која? @Ano водата ни е болна тема не пие од шише, ниту чаша ( се задавува) па импровизираме со шприц или лажичка... во оној прирачникот за воведување храна издаден од ијз пишува за 6 мес возраст мин 120 мл вода
Го полнев шишенцето отприлика 100мл и нудев почесто ( после јадење, некое време после подој итн ) колку испие толку. Не форсирав. Некогаш ни 20мл немаше да испие за цел ден, некогаш и 100мл ќе ги испиеше во денот. Еве и ден денес му полнам чашка со клунче ( од 6+ почна да пие од ваква ) и го полнам скоро цело и колку испие толку. Никогаш не испил повеќе од 150мл ( нее баш по водата ), некој денови ни 30мл дали пие. Но, често му нудам голтка-голтка битно водичка да пие. @eli25 Тиква можеш печена во релна со јаболко, можеш на пареа тиква и додавам цејлонски цимет. Некогаш во релна ја печам со јаболко и морков ( малку маслиново над морковот ). Тиква печена, бисквити, млекце и цејлонски цимет. Тиква со гриз, со амарант, киноа, просо, пченица, јачмен итн. Со банана комбинација тиква, со авокадо, праска, слива итн. Секогаш по твој вкус водисе. Палента давам од онаа која и ние ја јадеме ( жолто со зелено е ќесата ). Ја воведов прв пат чиста на 6+. Па после ја комбинирав со жолчка ( жолчка од 6+ по препорака на педијатар воведов ). Па со што ми иде по вкус со тоа ја комбинирам. За к.млеко и јогурт мислам ви е рано. Можеш со слива, авокадо, кајсија итн од веќе воведени намирници. Види со што ќе ти ја јаде.
Треба да почнеме со вкусови и имам неколку прашања 1.Со кое овошје/зеленчук е најдобро да се почне ? 2.Дали е подобро за почеток варено или на пареа ? 3.Дали обичен блендер (Самсунг) е ок за правење каши? 4.Дали од почетокот дававте само лажиче,две или ако сака дававте и повеќе? 5.За колку време отприлика би требало да имаме оброк и дали тоа е доручек или ручек ? Многу прашања
@Klarisaa јас да ти пишам за мене 1. педијатарот ме советуваше да почнам со зеленчук ( ама јас почнав со овошје ) 2.правам на пареа 3.мислам дека обичен блендер за мала количина не ќе ти врши работа, бар со пасатор пробај 4.давав и повеќе 5.штом воведов 2 намирници пичнав со оброк. зависи од напредокот на бебе педијатар кажува дали да се почне со доручек/ ручек сепак зборни со педијатарот
Јас ја дадов исто на 5 +. Како нема? Пазаров наш има уште Јас од кај баба ми земам, денес со каков мерак ќе ја печев, гледам муфла фатила Во времето кога јас ја воведував ја немаше, па дадов готова на хип.
Минатиот петок кога бев на пазар немаше на ниту една тезга, деновиве барав по пиљарите исто немаше. Моите имаа, ама сега не. И карфиол нема. Пред месец време мајка ми ми даде, се мислев да го замрзнам, ама го изедов. Секаде барав ама овие 2 ги нема