Почнуваме и ние со дохрана па ајде да прашам. Дали овошје - зеленчук купувате од пазар или од продавнициве за здрава храна гледам органски продаваат? Слива бидејќи немам замрзната планирам како готова кашичка да ја дадам, од која фирма најчесто земате кашички? И дали да земам готвач на пареа или цедилка за во тенџере ги гледав ги има во Карес, што би ми било попрактично?
и јас затоа се премислувам на карес ако мислиш на они во боја што се мене мали ми се видоа и затоа ги нарачав решетките од делимано . ги фатив на акција две за некои 450 ден. сливи немам и јас , за пробам купувам хипп или холле ( хип по конзистенција ми се поарни) , еве баш денес ќе воведувам слива. Понатаму мислам сува да давам. Земаме демек органска , тоа што има, од добра земја чинам маж ми пазаруваше. Засега ок било се.
Бела. Ја комбинирам буквално со се. Со круша, со јаболка, со брокула. Можеш со било кое овошје или зеленчук. Прилично е неутрална. Јас му направив киноа, брокула и јаболка си го излапа Туку да прашам, има ли бисквити за 6+?
Ако купувате готови кашички, на хип се најдобри. Да не испадне ова реклама. Немаат конзерванси, туку под вакум се пакувани. Јас имам дома околу 10тина кашички и сокчиња од хип и јувитана што ни ги донесоа, ама уште не сум ги отворила. Да почне убаво да јаде малата и ќе ѝ ги дадам. Денес ми донесеа сок од праска и круша. За неколку дена ќе воведам круша, може ли потоа да и дадам од сокчево со праска, ако нема некаква реакција? Од кога е праската, 5+ сме ние?
Здравo мајки Pребрцкав и прочитав свега и свачега за дохраната кај бебињата. Ми треба ваше мислење , од кога почнавте со дохрана ? Дали се водите според табели ( ако се водите според кои ) ? Зошто некои почнуваат од 4+ а некои мајки од 6+ со дохрана, која е разликата ? Дали педијатар одлучува од кога да се почне со дохрана, која е секогаш најголемата причина за да се почне ? Дали давате домашни каши, или купени ? Како се организиравте ? Готвите според прирачник ( и ако готвите кој е најдобар ) ? Имам бебенце 4 месеци, и верувале или не јас мислам дека сум во таква забуна, што ке полудам. Се изначитав се, се информирам, ама гледам дека што повеќе читам јас сум збунета цела. Само јас сум таква или и вие кога почнавте да се информирате? Прво дете ми е и е на АД, до сега е се во ред со напредувањето . Почнаа од страна баба и жаби да прашуваат му даваш нешто да јаде, да проба, дај му малку од вашето јадење да лизне да осети вкус... абе ке полудам . Ај јас нели нова мајка си земаат за право сите да делат совети, ама оваа некогаш било што било сега е сменет начинот на живот и чување деца ... Ве молам за мислења. Фала многу !
Nie se doime. Ja pocnav so hipp kashicka od jabolko. Davam kasha pa cekam barem 30 minuti pa nudam da cica
На емисијата 0+м на телма имаше педијатар кој кажуваше дека е најдобро да се почне со дохрана од 4 до 6ти месец, но не да е после полни 6 месеци. И доктор во фамилијата така ми кажа. Обично бебињата на ад почнуваат од полни 4 месеци, но тоа зависи од самото бебе и тоа ќе ти го каже педијатарот. Се почнува со јаболка или морков. Јас нема да се водам строго по табела. Само што почнав и јас да давам на малата, сега се учиме на вкусови. На доење сме. Почнав со јаболка 2 дена, денес и утре морков, потоа круша домашна. Дома правам кашички, го варам овошјето и зеленчукот и со вилушка го гмечам. Правам многу мала количина ама кога ќе почне повеќе да јаде во блендер ќе блендирам. Јас од пазар купувам, кога нема од каде тоа е. Денес беше гладна и повеќе од морковот изеде за разлика од јаболката претходните 2 дена. Можеби нема да биде по благото не знам. Најдобро е секоја намирница да ја воведуваш 2,3 дена и тоа сабајле да ја даваш за да следеш реакција. На фб има некои групи па кога ќе почнеш со оброци можеш да крадеш идеи. И јас не знаев некои работи ама ете овде прашувам и понатаму се што не ми е јасно овде ќе го пишам.