И малата проба јаболко и морков,а денес дадов круша свежа и одлично помина. Изеде цела парче. Можеш тиквица, тиква, банана.
Колку дена не е какано? Ако сте на доење т.е. мајчино млеко не паничи до 7дена не е ништо и да не кака. Ако мешето е меко значи нема никаков проблем. Ако мешето е тврдо тогаш ќе превземеш нешто. И нај ама најдобронамерен совет....не пикај во анус на бебе ништо. Секој постручен педијатар тоа ќе ти го каже. Недај Боже можеш да го повредиш. Ако му се кака ќе кака, со сила не. Ако не се полни цревата џабе шо и да правиш нема што да искака. Некој доени доенчиња и до 10дена да не какаат педијатар кажува да не паничат. Земи ти пиј сок од сливи па преку м.млеко ќе му помогнеш. Земи термофорче и на меше ставај ( само пази да не е многу вруќо и никако на кожа директно ). Масирај го мешето. Ноџињата свиткај му ги кај коленицитр и нежно нагоре накај стомачето носи ги ( значи колениците да допираат на гради ) ама нежно и со игра и смеја за да се опушти. Слободно неколку пати можеш во денот. Легниго над тебе на гради со свиткани ноџиња во форма на фетус и масирај го за грб. Легниго на споени твои коленици со мешето и така можеш да го масираш. Ова ти се неколку начини со кој му потпомагаш, но само доколку бебе е видливо дека има проблем неможе да се искака и му се полни цревата, тврдо стомаче и несвоиствено плачење, собирање ноџиња и напони за празнење неуспешни. Препорака од педијатри и неонаталози. Не пикај ништо во анус на бебе никогаш. Можеш на прст да намоташ влажна марамица или чиста салфетка или што и да е чисто...да ставиш малку павловичева и да му ги поткренеш ноџињата и нежнооо да му го масираш ( допираш / дразниш ) анусот но, не постојано туку кога ќе им мака и кратко тоа го применуваш за да не напиња бебе џабе а да му се празни цревата и од напињање без празнење само може да го боли стомаче. Со лесно. И да не заборавам...освен сок од сливи или компот, можеш и да пиеш вода во која си преврила неколку зрна ким, па и на бебе да му даваш по малце во текот на денот од водата со ким. Се извинувам на рефератов
Малата кога ја ставам во релаксатор одма се покака, не знам дали е поради положбата така свиткана ама уште од почеток кога почнав да ја ставам веднаш какa дури и ако пред тоа има какано. Пробај и ти @love make up
Фала на советите , она со термометарот и мене мн не ми се допаѓа, но си реков да пробамп... Иначе освен на мамајчино млеко, почнавме и со кашички... Од тогаш почна вака со нередовна столица ...
Почекај нормално е дур цревата проработат и се навикнат на друга храна ( тврда ) освен на м.млеко. Еве го мојот е скоро 11+ и се дешава некогаш и 2 дена да не е какан. Полека ќе се регулира и столицата. Не е веќе како кога било помало па да кака по неколку пати на ден. Столицата ќе се регулира со тек на време. Ако нема симптоми од оние претходно што ги пишав немаш место на паника. Ќе си се искака кога ќе му дојде. Џабе ќе форсираш ако не се полни цревата нема што да испразни. Давај презреана банана ( да е потемна ), сливи, вода со ким, масажи и топла бања и ќе му олесниш. Искрено јас зеленчук воведов од 6+ брокула и остало. На 5+ овошјето го воведував она кое е полесно за варење овошје и соодветно за возраста. Види по табелите сигурно има за брокулата дали може од 5+.
Немој ништо да му ставаш во газето, убави совети ти дале погоре. Домат 10+, пиперка 12+. Може пиперка и на 7+, ама дава реакција од типот на жар црвено газе (пеленски осип). Сега не им е сезона кај нас, па би те советувала да не брзаш.
Еве за чиа семето доколку некој сака да воведува. Јас денес за прв пат воведувам 10ипол месеци е синко. За овие месеци пред 9мес не се слагам баш за да се воведе чиа семе, зашто на повеќе места наидов дека е од 10+. Но, сепак убаво е да се знае колку може на оброк да се дава и неделно. Може на некој ќе му е од корист. Инаку чиа семето е многу здраво за организмот и имунитет.
Брокула и карфиол од 7+ ќе дадам. Можеш тиква, тиквица ако не си дала, авокадо.... @forumce леле исто и мојот Изгледа ептен си се релаксираат
@forumce @eli25 хахаа леле се пресмеав , исто и мојот , најчесто таму си кака Брокулата и јас ќе ја одложам малку , многу гасови ствара ...
Одлично. Колкави сте? Ние сме 4+ и почнаавме со сок од јаболко сакам и со крууша, ама проблем ми е набавката. Вие од каде набавивте?
5+ сме ние. Јаболките и морковите ги купив од пазар. Имав замрзнати круши, вчера сварив и и дадов ама не сакаше а не беше ни малку вкусно па купив свежи круши и така и ја дадов свежа. Си излапка едно парче. Преска мешав јаболко и круша и си ручкаше. Не којзнае колку ама задоволна сум со оглед на тоа дека кога почнав со јаболкото ич не сакаше и плукаше. Сега повеќе си јаде. Домашно освен крушите кои не се вкусни, ништо немам друго па така од пазар си купувам. Едино тиква вчера домашна најдов од едни роднини и ќе и дадам некој нареден ден. Купив и тиквичка па чекам и на неа да и дојде ред. Сок не сум дадела, овде прашав ми кажаа да не давам зашто сокот го дувал стомакот и нема да сака да јаде. Ама ние сеуште немаме оброк па така понатаму ќе и дадам малку од праска за да вкуси.
Овошјето свежо, зеленчукот варен или на пареа. Еднаш дадов јаболко варено, ама мислам дека свежо е подобро. Денес свежи круша и јаболка дадов и и се бендиса.