Јас ја користам истата како и за нас. Онаа стандардна палента која сите ја знаеме и ја користиме. Мислам дека од неполни 6+ ја давав, ама непамтам искрено да не излажам.
Ја правам регулар како и за ние што јадеме само без зачини. Леќа, компир, лук, морков и телешко мевце. Само оваа комбинација сегогаш ја правам за леќа. Некогаш не ставам мевце, некогаш ставам коцка телешки буљон/темељац ( од коски од теле варени и во ќесички за лед имам замрзнато ). Ако не си сигурна за дали да дадеш посоветувајсе со педијатарот прво. Мада реално педијатариве се со различни табели и ставови. Види и на лупава на форумов пиши леќа и види искуства од мајки, па ќе најдеш некоја златна средина. Леќата е многу здрава, а дали се има реакција искрено незнам.
Со што ја комбинирате тиквичката? Од зеленчук до сега само морков има пробано. Може ли со некоја овошка да се комбинира, јаболко на пример?
Ако мислиш на тиквица тогаш со зеленчук. Ако е тиква тогаш со овошје, можеш и печена со јаболка. Или на пареа. Комбинација со веќе воведена овошка. Тиквицата со воведен зеленчук, динстана, варена или обарена. Можеш со морковче кое веќе сте го вовеле. Со батат, ориз итн.
Јас од 9 месеци ја воведов. Црвена леќа, кафеава уште не сум дала. Од вечер ја потопувам, па ја варам со морков, кромид и малку компир, потоа блендирам.
Уфф, Анатх знаеш дека се мачиме да јадеме неблендирано. Имаме некој напредок, ама само со одредени работи што тој ги сака. Деновиве прв пат пробав со супа со фиде, морковче, компирче, и за чудо јадеше. Леќата има како лушпички, затоа мислам дека нема да ја сака. Ама ќе пробам секако.
Пробај, мислам дека ќе ја прифати. Полесна е од грашокот и гравот во однос на лушпите, полесно се прифаќа.
Денес сакам на син ми да му дадам каша од јаболко, прв пат. Кажете ми ве молам колку да дадам и кога, пред млекото или после млекото?
Пред млекото. Малата денес јадеше каша од тиква, круша и јаболка и изеде количина малку помала од малата тегличка од купечките. Поретка беше кашичката. Беше гладна и се си изеде, не сакаше ни да цица после.
Фала ти многу за одговорот, ништо не знам во врска со бебешкава храна, не знам ни со што да продолжам после два три дена од кога ќе проба јаболко, кога да почнам да мешам по две намирници.. ништо не знам паника ме фаќа ептен, многу ќе бидам активна во темава со прашања