Минатата недела прв пат дадов и јас. По 2 дена една намирница воведувам. Имам дадено јаболко, морков, круша и тиква. Вака јас давав 1ден јаболка, 2ден јаболка, 3д морков, 4д морков и јаболка, 5д круша, 6д круша и јаболка, 7д тиква, 8д тиква, јаболка и круша. Првиот ден само тоа што воведувам, а потоа во комбинација. Планирам сега уште тиквица да воведам, па потоа ќе комбинирам. Сега за сега тие ќе ги дадам оти се полесни за желудничето. Може и слива, праска да се даде на почеток. Потоа палента, ориз, компир. Друго не знам што. На почеток е тешко, ама со тек на време ќе се уходаме. Само мислам дека повеќе од 3 намирници не се даваат одеднаш
После ќе дадеш банана, после три дена круша, после 3 дена слива и откако ќе ги воведеш ќе почнеш да ги комбинираш, се дава прво поединечно за са се види дали би имало бебето некоја алергиска реакција према некоја намирница, бидејќи ако ги дадеп во комбинација и не дај боже да создаде реакција нема да знаеш од која намирница, но не значи дека ако некое овошје му создаде некаква реакција (црвенило,осиш итн) дека не треба повеќе да му даваш напротив ќе му го понудиш повторно коа паќ ќе му дојде редот за таа намирница
Ете и банана можеш да дадеш. Не ми текна, ни јас не сум дадела на малата. Кога ќе дадеш круша, може да се појави запек кај бебето. Ама во комбинација со јаболко и тиква не се јавува.
Го скршивме мразот како да јадел веќе претходно, ниту еднаш не плукна, лаком беб, после второ лажиче го фаќа лажичето и сам го влече накај устата хахахах, ја мислев кој знае колку тешко ќе биде, ама детево лакомо да ти било Фала ви уште еднаш за поддршката што ми ја дадовте *
Уште еден совет од мене. Нареден пат кога ќе воведуваш ќе гледаш од сабајле да дадеш. За да следеш реакција дали ќе има.Така ми кажа педијатарот. Супер што си ручка уште од почеток.
Imame probano jabolko I morkov po 3 dena. Dva dena jademe krusha, utre planiram da ja kombiniram krusha so tikva (prv pat). Kolku kolicinski davash?
Па отприлика 1/8 од една голема круша и тиква колку половина од пакла цигара, можеш и 1/4 јаболка да ставеш, вкусно е. Јас правам по малку, оти не јадеше, само ептен малце, ама денес и се бендиса и целото го изеде
Имам неколку прашања Дали може да ги користам овие овесни снегулки? Со кое кисело млеко да почнам, со што да го комбинирам и колку количински за почеток. Бидејќи наскоро ќе почнувам и со вечера ме интересира како е најдобро да комбинарам пр. Овошни каши за доручек, житни за вечера, обратно или нема врска. Дали има некоја храна која треба да ја одбегнувам за вечера?
Зошто да не, користи ги. Јас од зегин користам едни, никако да ги дотрошам. За вечера избегнувај благо. Од овошјето само банана може. Јас и јаболко некогаш давам. Најправилно е доручек чисто овошје, а вечерата житарка со млечен продукт ( кисело млеко, јогурт или ад) со овошје или чисто. На пример беби сутлијаш со ад, лепче со кисело млеко, јаболко бисквити и гриз, тарана со кисело млеко, палента со кисело млеко и тоа вртам јас скоро секогаш. Од кисело млеко давам битолско. Имам дадено и алпско, многу е убаво..Ама битолско купувам најчесто. Јогурт шипка детски со витамини. За почеток една лажичка кисело млеко, другиот ден малце повеќе и после давај си. Во првите комбинации го дадов со вишни како овошен јогурт . Со зеленчук исто со блитва или спанаќ. Убаво е блитва, ориз и кисело млеко. Ило брокула, морков, пченка и кисело млеко.
@BirMelek Благодарам многу, супер идеи ми даде за вечера. Малку сум збунета ама за брзо ќе влезам во системот
Ми треба совет. 6+ сме и имаме еден оброк, наскоро ќе воведам втор. Е сега станува во 9 и пие АД потоа во 12 каша, во 15, 18 и 21 часот АД. Кога да му го дадам вториот оброк? И првиот оброк да биде овошје а вториот зеленчук така? И уште нешто овде наоѓам се од зел. и овошје, гледам да е био ама не е се био. Што мислите на пример за сливи, сега не му е сезона и како е подобро да давам суви или свежи? Гледам многу од вас а и по групите на ФБ се користат суви сливи и кајсии. И нектаринки од колку мес се? Видов свежи.
Најубаво ти е оброкот овошен да ти е во 9 место ад, па ад па после вториот оброк. Така е најидеално. Првиот оброк мене ми е стално овошје, житарки, палента со овошје, гриз со овошје, а вториот зеленчук,месо. Досега јас искрено не сум давала суво овошје, купувам свежо тоа што ќе најдам, а доколку не најдам купувам готова кашичка. Пр. Слива, праска, кајсија ги давам купечка кашичка. Нектарините мислам дека се 6+
Доцна ви е појадокот. Наутро штом ќе стане не му давај АД. Нека доручкува, па АД ќе пие измеѓу појадокот и ручекот. Пример 09ипол-10 појадок со овошје, па накај 12 АД и накај 14-15 часот ручек со зеленчук. Јас свежи сливи сега не би дала. Подобро сушени, гледај да пишува дека се без конзерванси, или пак готова кашичка од органските (секако не премногу често, свежото, од тоа што му е сезона секогаш нека ти биде прв избор).
И нам ни е покасно овошната каша, 11 и пол, па и 12 фаќа. Сум пробала и порано и не и не. Сака прво млеко и тоа е. Пишти и не сака уста да отвори кога и давав прво каша. Може ќе смени, ама сега вака тераме.
Мојата исто сака прво млеко(на ад сме), тоа го пие накај 7, 7.30 кога ќе стани па презаспива. Потоа овошната каша ни доаѓа накај 10. 10.30 па после тоа наредно зеленчукот. Јас не давам ад измеѓу појадокот и ручекот, затоа што ако дадам ад, тогаш ручекот ќе ми дојди многу касно. Засега вака тераме супер, иако би сакала барем до кај 9 да и е првата каша.
Како прво, доцна ти станува. До 9 часот најдоцна треба да е појадокот, небитно дали е ад или млеко. Значи, овошната каша до 9 да е изедена, после ад млеко, ручекот да е најдоцна до 14 часот. После пак ад млеко до кај 16 часот и вечерниот оброк (сега ад млеко, после вечера) да е до кај 19 часот. А ако има уште еден оброк млеко пред спиење, тогаш вечерата порано. Во 20 часот, најдоцна 21 треба да спие. @Black girl од еднаш пробување нема да се навикне. Секој ден треба да даваш во исто време, небитно што плаче. Ќе пробуваш секој ден, на крајот ќе прифати. Навиките ние им ги создаваме, редот така се прави.
Мене педијатарот ме советуваше дека до 12часот треба да биде изедена овошната каша, а не дека мора точно во одреден час да биде изедена, така да немаш гајле
Ja prv den od nova namirnica davam 3 polni mali kafeni lazicki. Sledniot den 4-5 mali kafeni lazicki. Tret den 5-6 mali kafeni lazicki. Neznam dali e dovolno, strav mi e da davam poveke a mislam deka saka ushte