Една супена лажица просо (лупено просо) со 100мл вода. Мислам нема штета од просото да се јаде често. Ние бидејќи јадеме веќе доста житарици, ни се фаќа еднаш неделно.
Син ми просто обожава банана на сабајле овошната каша обавезно секој ден ни содржи банана плус нешто друго ама често и поручек ке си изеде уште една така чиста банана па ме интересира што мислите дали е премногу понекогаш по две банани во еден ден инаку имаме 13месеци
Јас при крај на летото (малата тогаш ми имаше околу 3 месеци) си направив компот од сливи и праски (без шеќер), сакав и од кајсии ама беа завршени. Никогаш немам дадено готова кашичка (не им верувам баш многу многу) и додека не излезат свежи кајсии не планирам да воведам. И јас би ти препорачала или од готова кашичка да дадеш кајсија и праска или да почекаш свежи да излезат, во готовите компоти има многу шеќер
Тоа е. Оди 1:3 вода, на почеток по една мала лажичка. Јас сега по една голема и давам, некогаш еднаш неделно некогаш два пати, зависи.
Јас имам едно од Дм, на Allnatura мислам....Биокулт некако им се набилдани цените. Прочитај на амбалажата, може пишува.
Ако не му прави проблем со столицата, не би требало да има друг проблем И ќерка ми обожава банана и ја јаде скоро секој ден.
Мислам дека е спомнато, но не се сеќавам.. Малини, капини, боровинки, рибизли.. кога може да се воведат? Краставица? Бамја? Дајкон? Трупка? Зелката како и гравот е 12+? Благодарам!
Во замрзнувачот веќе иамам складирано малини, капини, рибизла и боровинки, само чекам да им дојде редот. Знам дека се после 12 месеци. И за гравот знам дека може после 12 месеци, а за зелката и краставицата имам слушнато дека треба да се одлагаат колку може подолго оти стварале доста мачнини во стомачето на бебето. Сепак ајде да слушнеме мислење од оние кои веќе поминале низ воведување на тие намирници. Споделете ваше искуство мамици...
Малини уште не сум дала, немам од каде убави да купам. Боровинки и капини дадов на 12,5 месеци. Грав, краставица и зелка уште не сум дала и не планирам до кај 2 години. Мојата е склона на грчеви. Бамијата не и е сезона, ако имате домашна замрзната смеете над 10 месеци по сосема малку.
Според една табела по која најчесто се водам, малина, рибизла, капина, боровница и брусница е од 11м. Краставицата и зелката се од 11, гравот 12+.
Се согласувам со погоре напишаното. Црвените плодови 12+, најсигурно е. Грав, зелка и краставица колку може покасно ама ако сакате тогаш минимум после година. Бамја имам домашна, баш денес се чудев од кога да дадам ама бидејќи наскоро сме 12 деновиве ќе воведам. За дајкон и трупка на син ми не дадов....не знам зошто, знам само дека и тие се околу 12. Инаку за краставицата посебно, и кај деца што немале грчеви била тешка, а зошто толку не знам, кога поголем дел е вода
За една недела полниме 8 месеци. Планирам да воведам глутен. Со што да почнам? Се мислев со гриз? Исто ме интересира со жолчка од кога се почнува? Може од 8 или рано е? Цвекло немам домашно. Купечко од 8 треба или од 9? Ви благодарам
Можеш да воведеш глутен со гриз, овесни снегулки... Јас жолчка околу 7.5 дадов, постепено. Цвекло купечко од 9 месеци.
Majki, da ve prasam za sovet. April zdravje bi pocnale so cvrsta hrana, sega sme 4 meseci i samo se doime. No togas e nekoj preoden period i recisi nisto od ovosje i zelencuk ke nema. Dali da zamrznam malku jabolka, tikva i sl.? Gledam nekoi majki deka skladiraat. Fala vi za pomosta...
Тиква можеш да замрзнеш исечена на парчиња,ако сеуште ја има.Јаболка,морков ,банана како што знам има во секое годишно време.Јас и тиквица замрзнав.
Малина и капина 12+, рибизла, боровница, брусница 8+. Ама јас би почекала до 10 за овие вториве, да не бидат тешки за стомакот. Зелка, грав и дајкон дадов после година (мојов не го сака дајконот, му лути), трупка не знам што е, ако е келераба, тогаш е 6+. Бамја после година, цвекло купечко после 9-10 месеци. Жолчка може од 8 месеци, осминка (јас почнав на седум месеци да давам). Глутен е најдобро да се воведе со намирници кои го содржат во помали количини - овес, спелта. @Artemida81, не мора да почнеш од 4 месеци со дохрана. Посебно ако бебето е само на доење и напредува убаво. Ти ако сакаш замрзни што може да најдеш сега, ама имај на ум дека јаболка не се замрзнуваат, на пример.
Кажете ми овесни снегулки од кои да земам? Јас имам едни од Кам, за мене ги зедов ама не сум ги употребила. Не знам какви се. Како се подготвуваат?
Секаде ги има, ама јас би препорачала да ги земеш оние со цело зрно, затоа што во тие ситните, мелените има и лушпи, а тие не се баш најпријатни кога ќе ти дојдат во уста, а тек за дете (не може ни да се блендираат, цврсти се). Јас ги земам овесните снегулки на Натура Во амбалажата со зелено се пакувани и има овесни трици, фини овесни снегулки и овесни снегулки, јас ги земам последните. Ќе видиш што пишува на амбалажата, назначено си е, и на македонски и на англиски. Впрочем, некако почнав повеќе да купувам од Натура, почисти ми се гледаат од Виталиа на пример. А вкусот е тој. За подготовка - може да ги вариш ако сакаш, со вода, па да додадеш што сакаш, а јас само ги потопувам во течност, дали јогурт, вода, чај или цеден сок (последнава варијанта ми е најдобра), и ги оставаш барем 15 минути убаво да омекнат ко за бебе. Многу брзо омекнуваат и не се како јачменовите и 'ржаните снегулки кои се премногу тврди и не омекнуваат баш лесно (освен со варење).