Каде е подобро да се купи овошје и зеленчук сега на ладново,на пазар или Веро /Тинекс ? За пробување вкусови...
Денес го купив 100% органско какао. Дали некоја мајка го користела или користи? Ме интересира бидејќи е 100% какао по колку ставате во кашичката, дали пола кафена лажичка или цела со оглед дека е појако? И бидејќи премногу е горчливо, со што може да се заблажи пр. ако го правам со гриз? Шеќер не користам, маџун од вчера почнав да давам по пола лажиче кафено па незнам дали може со маџун. Инаку скоро е 11мес дете.
Дали некоја мајка има правено каша со ад ама ад со ар формула (антируфлекс). Прашувам затоа што самото млеко е погусто, и еднаш пробав да направам каша со него и ми дојде кашата мн тегава, како гума, невкусна за изглед а не па за вкус. Досега користев по малку вода за овошните каши доколку беа многу густи, ама кога ќе почнам со вечера сакам некои од кашите да ги правам и со млеко, па ве молам за совет со какво млеко да ги правам.
Обично со банана го комбинирам. Од ДМ го зедов, Био, не е истото, ама горчи и ова многу. По цела лажичка ставам на 200г-250г каша. Гриз варен во пола млеко/пола вода, со какао и банана ни е една од омилените комбинации. Често и жолчка ставам, за да биде похранливо.
Фала ти Искрено никогаш немаше да ми текне на комбинацијава, поготово и жолчка. Ептен добра комбинација и се надевам и жолчката малку го неутрализира горчливиот вкус на какаото. Фала мила, утре за доручек ќе ја пробам оваа комбинација таман ни е денот за жолчка. Само мора да те прашам зашто пола пола млеко и вода ставаш во кашичката? Јас првите неколку пати така ставав, па зголемив и сеа ставам чисто Алпско без лактоза. Сеа ме замисли да не грешам нешто да не напраам некоја мака на цревна флора на детево или нето друго....Мада најискрено дали 2 пати во неделата правам комбинација со Алпското.
Е да во право си, но ете не ми текнало дека е до тоа мислев сум стаила поеќе гриз. Утре ќе го направам како тебе со пола вода/пола млеко. Фала ти. Имај убава вечер.
За вкусови можеш и од готовите каши по 2,3,лаж, јас комбинирав и така и така. Имаш органски продавници можеш и од нив да купуваш.
Jas. Stavam poveke voda pomalku mleko. Na primer na edna dozerka mleko stavam duplo voda 50-60ml zavisi. Ili pak ke napravam kako sto treba pa dodavam voda vo kasata za da ne e tolku gusta.
Да најдобро ти е така како што ти пишала @eli25 , и јас така правев купував кашички на хип или на фрутек додека пробуваше вкусови, е веќе откако шочна да си јаде убав оброк почнав и да му спремам и повеќе пошто како растат се повеќе и повеќе сакаат
Купив просо на виталиа, ама не знам како да го подготвам. Варам па блендирам и тоа е тоа? И со што го комбинирате? Како ви го јадат бебињата? Моево палента не сака, ориз ако е ептен маскиран...па реков со просо да си пробам среќа... Почнувам да мислам дека не знам кашичка да направам па не јаде
Вариш 2 лажици просо со 200 грама вода и тоа само почнува да се распаѓа. Јас не сум блендирала просо зашто самото станува како блендано ако го свариш во повеќе вода. Јас сум го межала со свежо овошје, ама моево најмногу го сака со кисело млеко (како солен пудинг доаѓа).
Палентата ќе почне да ти ја јаде кога ќе му воведеш јогурт или к.млеко, инаку вака е мн бљунтава ни јас не би ја јадела, и не се убедувај себеси дека незнаеш да припремиш кашички и дека не ти ги јаде, сите бебиња се такви, некогаш јадат некогаш не, треба време, моето бебе коа почна палента да пробува коа почна да ја плука па коа се напраи од глава до пети со палента едвај го измив, и јас ја пробав палентата и си викам детево со право ја плука не е вкусна, но со јогурт ја јаде цела.
Како да воведам месо ,планирам да купам бејби биф за почеток од веро пошто домашно немам .Кои други намирници да ги воведам од 7 месеци освен месо ?