И јас со неколку прашања. Бебе уште малку 7 ќе е, па да се советувам кое кисело млеко да го дадам? На милком ми го пофалија...вие код го давате? На што да внимавам? Имам несолена домашна урда, пилешко и јајца тоа се од кој месец може? Друго што моме да се воврдд од 7+? Се надевам ќе пројаде со воведување новини... И правам за нас мафини од овесно и пченкарно брашно со семе од сусам, лен сончоглед...за бебе овес и пченкарно знам може ама дали семињава сомелени смеам да ги давам? И путер од кога смее? Скоро се што наведов во бебе готвач е 8+ инаку...ќе прашам и педијатар кога ќе одиме на контрола ама сакам и тука да добијам одговори.
Kasha od sliva moze da dadesh. Poteshkotija e od tikva ili morkov( barem kaj nas). Nas krisha ni pomohna za regiliranje na kakanje
Пилешко можеш веќе да воведеш нооо исклучиво домашно, зашто купечките се полни со хормони. Жолчката ( најдобро домашни јајца ) за да ја воведеш ќе се консултираш со педијатарот. Јас по препорака на педијатар од 6+ ја воведов, некој по препорака од 7+ и некој од 8+. Затоа најубаво со педијатар ќе збориш. Урда несолена можеш да даваш и к.млеко од 7+. Види по табелата на Бебе готвач или некоја од другиве табели и иако се горе доле може некој намирници + - 1 мес ќе најдеш некоја златна средина. Можеш веќе и лебче да даваш доколку имате воведено глутен. Сусамот никако под 1г зашто е најалерген. Еве не 11+ и сусам недавам. Ленот сега го воведов на неполни 11месеци. Сончоглед еве сега тек ќе воведувам на 11мес. Путер можеш да даваш ама не солен. Еве неколку табели јас што ги имам непосредно со Бебе готвач па наоѓам некоја средина и во меѓу време и со педијатарката се советувам. Па и овде на лупата ќе пишам некоја намирница и читам искуства. Скрин шотовите се од @Annath табелата на воведување и најдобра е за воведување по неа се водам. Фала и најмногу 2рата табела ми е од @eli25 ми ја прати Останатите се гугле
Јас давам бучен козјак или битолско кисело млеко. Прво давав по една лажичка да видам да не има реакција некоја, а сега веќе и како доручек и давам кисело млеко и палента или кисело млеко и малку лепче внатре
А демек као Хип најскапи, најдобри ги купуваме за најдобро на детето... Ц Ц Ц http://infomax.mk/wp/конечно-објавена-листа-ова-е-листа-на-2/
А од кај им е листава на порталов ? кој тврди дека ова што го пишале е точно? знаеме што се прават за да се читани..
Ја презеле од други квазипортали од интернет, од збор до збор превеле. Чудни портали, викаат дека листата им е од Greenpeace, а немаат ми линк ни ништо. Овие портали веста ја објавиле пред 3 години, а не овие сега им снема што да пишуваат Измислена вест
поентата ми е не верувај во се што ќе прочиташ. зашто ете ќе му ускратиш киндер пример зашо некој така му текнало да пише. ..
Ние сме 7+ значи може да дадам кисело млеко читајќи ве погоре,инаку не сме многу по јадењето мака мачиме
На хип кашичките пишува гмо фри. Мислам дека не е законски да пишува нешто ако не е така. Јас не верувам на порталот. Плус хип кашичките се без конзерванси за разлика од другите
https://www.hipp.co.uk/hipp-story/quality/ Хип се органски, долгогодишно најдобрите и најпроверени производи. На нивната страна има за нивниот квалитет, како се произведуваат и што содржат. Имаат нивни плантажи.
На почеток користев на Президент, несолен, после на Зелена Долина. Сега го земам германскиот од КАМ. Инаку осоговскиот е одличен, ама им мириса на моиве, не го јадат, и криво ми е.