Уште едно прашање како да го воведам путерот ,во зеленчуковите каши ли ,и по колку да ставам за почеток ?
Да, во зеленчукови каши место маслиново масло, или во палента, гриз и слично после варење додека се уште жешки. Лажиче е доволно за почеток.
Погоре има од софи неколку табели и плус од анатх мислење кое доволно објаснува се мислам погледни може ќе ти помогне
Јас на Дивела ги зимам посните ситни макарони, од 8+ почнав да ги давам. Ги комбинирам со комбинации од : морков, брокула, карфиол, телешко, к.млеко, салца ( од домашни домати ама домат е после 10+ ), урда, спанаќ, цвекло, блитва, жолчка или грашок. Со некој вакви комбинации и некогаш и во релна потпекувам со некоја намирница друга. Комбинирам со она со што би ги јадела и јас.
Еве и алисијад како што ти пишала. Урда и јас после 8+ почнав да давам несолена ќе бараш. Ја носат во Стокомак мислам секој четврток ако не се лажам. И во Кам често ја наоѓам. Мада ќе видиш и во поголемиве маркети само ќе гледаш да е несолена зашто солената има многу сол. Цвекло јас имав домашно па ако не се лажам мислам јас веќе од 7+ го воведов само заради хемоглибин да му качам. Купечкиот малку покасно, мада искрено ми се имаше десено и купечки да давам некогаш кога во миментот немав домашен. Ти сепак ќе дадеш за прв пат малку цвекло (едно тркалце со веќе воведено или чисто цвекло ) дај го со јаболка или јаболка и морков. Оваа комбинација за крвна слика и имунитет е најдобра. Можеш и малку маслиново масло да капнеш. Само што јас никогаш не варам цвекло зашто губи во варење многу ид своите благодети. Јас на пареа го готвам како и 90% од зеленчукот. Види дади па ќе видиш дали има реакција со црвено газе. И немој да се исплашиш од каката после изедено цвекло. Ако не дента тогаш нареден ден ќе е потемна и со црвени и виолетови траги ( се извинувам на описов ) ама да ти кажам за да не се збуниш или да не се исплашиш. Кај синко до сега на ниедна намирница не покажал нетолерантност/алергија па незнам што да ти кажам за цвеклото. Мада мислам дека не е јак алерген ама некој со искуство нека ме корегира ако сум грешка.
Здраво ☺ За малку полниме 5м. По препорака од педијатар коа ке ги наполниме 5 месеци да почнеме со вкусови. Јаболче морков слива. И ми кажа и зеленчук.. Ме интересира како го подготвувате овошјето? Варено печено свежо? Наравно после блендирано. Мешано со вода или не? Течно погусто? Исто така кој зеленчуци? Колку дена да давам една намирница? Колку дена овошје па после колку дена и зеченчук .. Презбунета сум, прво ми е☺ Ви благодарам однапред ☺
Sakam da napravam donasen puding so griz I da dodadam malku kakao vo nego. Od kolku moze I kakvo. 11 meseci xa nekoj den sme
Од прв ден кога почнав со дохрана само свежо овошје давам. Од 10+ давам какао органско 100% какао, по малку помалце од пола мало лажиче ставам зашто е чисто какао и јако. За железо и крвна слика е супер. Педијатарката ни одобри. Се надевам ќе ти е од корист линков ( сејфуван ми е на моб на гугле ) , после прочитаново почнав да давам какао. https://cajeviza.net/kakao-za-dobro-zdravlje-protiv-anemije-za-lice-i-kosu/
Ние почнавме со овошје, но читам по форумов некој почнал со зеленчук секој различно е советуван од педијатар. Една намирница се пробува 3 дена, ние прво почнавме со јаболко, па потоабанана,круша,слива,кајсија итн. Од како ги пробавме сите почнавме да си ги комбинираме една со друга. Се пробува 3 дена една намирница од причина што може некоја да создаде алергиска реакција(црвенило,осип,ситни брумчиња итн) па така полесно би знаела од која најчесто се исфрла, но тоа не значи дека ако се исфрла дека не треба пак да му ја понудиш на твоето бебе секако кога повторно ќе и дојде ред за пробување. Некои јаболкото го печат, некои го вараат секој различно ниедното ни другото не е погрешно. Јас не почнав со свежо овошје туку почнав со кашичките на хип или фрутек и една кашичка може да трае 3 дена откако е отворена и истата во фрижидер се чува убаво затворена. Почнав со кашички од причина што не можев да најдам убаво свежо овошје бидејќи во месец декември освен јаболко и банана незнам што друго можам да најдам свежо Зеленчук почнав да воведувам кога почна да го јаде овошјето како оброк, а зеленчукот му дојде како втор оброк.
Дур го имам цело и не го потрошам, значи може и 3дена по ред да го дадам за да не потемни во фрижидер. После дур не купам друго. Нема штета и 7дена по ред да го даваш во разни комбинации. Ми се фаќа отприлика некогаш и 4 пати неделно да го вметнам во оброк зависи дали го имам дома. https://www.google.com/amp/wholesomebabyfood.momtastic.com/avocadobabyfoodrecipes.htm/amp
Што правите во случај кога бебе не сака каша кога е гладно туку сака да цица? А после цицање нудам каша и изеде 10тина лажички.
За ова имав пишувано кога бев избезумена да не влијае на напредок. Буквално 2 месеци одбиваше каши некогаш дали и 50гр во денот ќе изедеше вкупно. Некој денови и ич. Таман ќе го седнев да го ранам се тегнеше и плачеше и бараше да цица ме тегнеше. И прекинував и давав да цица па пак ќе пробав и пак исто и се така во круг 2 месеци може. Ми дадоа као совет не давај да цица ќе сака да јаде и .... најголемата грешка и глупост беше што послушав, буквално 5ч не давав да цица и нудев неколку пати каша и не и не. Дете беше 5ч нервозно, кенкаво и се исплака и на крај дадов си цицаше и веќе никој не слушав. Си напредуваше перфектно иако немаше пилни и правилни 3 оброка. Педијатарката ми кажа да не фирсирам и никако на сила да не го ранам зашто може само да му створам стрес и аверзија. Сепак продолжив да нудам и оброци и кога како ќе изедеше. Преку ноќ смени и си почна пак да јаде убаво. Еве го сега пак 4дена ми одбива оброци и само сака да цица. Се јавив на педијатарката и ми кажа да не се грижам период е може пак се забите и да нудам ама да не форсирам сепак си надокнадува со цицање. Еве сабајле доручекот дали 4 лажици изеде и сакаше да цица и го оставив и се нацица и спие.После ќе понудам ручек и ако сака ќе јаде ако не со сила не му давам сепак си цица не дека ќе остане гладен. Само може и највеќе ми помогна редоследот на подои и оброци. Си цица ноќе кога сака и колку сака. Станува најкасно во 07ч и не давам да цица ( зашто веќе е цицан ) и најкасно до 9.30ч му давам доручек. После одма пак цица и спие. Станува и до 14.30-15.30ч цица кога сака и колку сака ама последно цицање гледам да е околу 13ч кога цица и заспива. После е ручек околу 14.30-15.30 и после пак кога сака и колку сака цица со последно цицање накај 16.30-17ч кога има последна дремка од 30-40мин и до 19.30 не му давам да цица зашто тогаш вечера па цица и си легнува околу 20ч најкасно. Вака кога го направив распоредот да е барем 2-2ипол сата без цицање пред оброк е само вака јаде. Види како ќе му е поарно, не секое дете е исто и затоа ќе пробаш и ќе ја најдеш најдобрата опција. Во секој случај мој совет е со сила да не раниш и да не форсираш доколку си напредува убаво и цица. Периоди се ќе поминат. Се распишав бајаги ама ај дур спие дете се може