Брокула јас дадов меѓу првите намирници некаде 4ипол -5 месеци и немаше никакви проблеми. За гриз ви е рано мислам накај 8,9ти месец. Палента може со полни 6 месеци.
Палента, гриз и брокула од 6+ почнав. Мислам дека палентата и гризот некој ден пред 6мес ги дадов непамтам. Никогаш до сега немал проблем од ниедна намирница ( пу пу да не го подречам ). Само верувам знаеш за брокулата па и карфиолот дека не се варат ни обаруваат повеќе од 10мин. Па и 10мин е многу. За ова читни имаш и на гугле. Јас буквално малку ја обарувам, ама најчесто на пареа зеленчук готвам за да зачувам од витамини.
Дали гризот мора со млеко да се вари? Може со вода? Купив пред некој ден сакам утре да му дадам. Неделава правиме 8месеца.
Јас до 10+ со вода го правев гризот. Веќе после 10+ го правам со Алпско без лактоза. Ама не секогаш за да не внесува често тетрапак. Неуспешно ми беше и по 1ч молзење и неможев 200мл да одмолзам ни на сон и страф ми беше да не зголемам лактација па да имам проблем. Слободно со вода прави го и можеш откако ќе го направиш да ставиш малку органско нерафинирано кокосово масло, за да не ти е како лепак гризот. Како и да е со овошје ќе го правиш и кокосот е здраво да се конзумира. Ама органски нерафинирано ладно цедено кокосово.
Некои педијатри препорачуваат глутенот уште на почетокот на дохрана да се даде. На 0м+ на телма кажуваше еден педијатар, и причините ги кажуваше ама заборавив
Нее рано го воведов во адекватно време по препорака на педијатар и по гледање на видеово. Со новите истражувања за глутенот се дојде до заклучокот дека до најкасно 6мес треба да се воведе. Тогаш организмот најубаво го прифаќа и на тој начин се помали шансите за бебе да појавува нетолерантнист и алергии. Убаво образложува докторкава зашто порано треба да се воведе.
Jas po preporaka na pedijatarot vovedov na 7+, nekade pred 8, nema nikakva maka super prifati. Duri i paskalov mi rece posle godina e najubavo ama porano jas vovedov ne go poslusav
Реално сите различно педијатри кажуваат т.е. 1-2месеци се со разлики во воведување намирници. Искрено јас за секоја намирница наоѓав златна средина зашто 10 табели се различни. Паскалов којзае по кој студии се води за глутенот,очигледно од оние пред 7г Тоа за по 1г воведување глутен е највиновен за нетолеранцијата еве докторкава убаво си објаснува све. Треба претпазливо со било која намирница само ако во фамилијата се има алергии на глутен или ако бебе има атопичен дерматит. Во глобала глутенот лесно го прифаќаат децата. Само што јас овес, јачмен, рж, хељда, пченица воведов после 9ипол месеци. До тогаш само киноа, амарант, просо имав дадено од житарка. Инаку да не заборавам откако ме испокаравте за пудинзите и овошните јогирти купечки ... немам купено ни дадено скоро 1мес дома му правам овошен јогурт со овошје, а место пудинг има гриз, банана, жолчка и пола лажичка 100% какао органско. Друг рецепт незнам за " као " пудинг па кој знае нека кажува
Istata ja kupiv i jas.Od Zegin Healt Food.Mi kazaa deka e najubava za bebe.Samo uste ne sme ja probale
Да. Овошје и обичен јогурт ставам и блендирам. Доколку ми испадне потечно ставам малку и плазма мелена. Ама најчесто место плазма ставам некоја житарка, овошје и јогурт.
Здраво мајки за некој ден правиме 7 месеци. Ај кажете ми кои намирници да ги давам. Цел оброк има веќе 2 месеци, 5 ти и 6 ти месец и сега од 7 ми ќе воведам и втор оброк и месо телешко ќе почнам да давам. Како што имам читано појадок треба да биде овошје а ручек зеленчук и плус месо. И ориз немам дадено, ај кажете кој ориз да го купам. Гледав во ДМ ама не разбирам многу германски па незнам од кој да му земам. И подобро ли е органски или био? И просо ќе дадам од 7 м. Друго?
Блитва, праз, црвена и зелена пиперка, вишни, гриз, цејлонски цимет,лук. Исто така јас и глутен воведов на 7 месеци. За појадокот освен чисто овошје можеш да го комбинираш со житарки, бисквити, гриз, палента. За ориз јас давам на Холе. Едит: Не знам дали имаш воведено ама можеш и брокула, карфиол, спањак, кромид (млад и стар)
Био ориз. Уште не си дала? Дај му веќе. Од зеленчук сега може листести. Блитва и спанаќ. Може и карфиол, брокула, пиперка. Лук и кромид. Пашканат и целер исто тогаш дадов. Глутен воведе?
Јас понекогаш ставам кога правам манџа, па не го бива отпосле само оризот. Избегнувам често, ми е страв, не знам како и колку е третиран. Но, сепак ќе мора да давам, веќе бара и од нашето јадење, а ние таков јадеме.
Зошто да не смее? Јас од сам старт давав наш кочански ориз,понекогаш и интегрален,ама слободно давај нема проблем.