Да, сето тоа во ред, свесна сум и не се залажувам ко што би рекла Сикрет , ама не може да е исто домашно одгледано, нетретирано и оранжериско производство, кое гледа само да добие на квантитет па дури не чекаат ниту каренцата на пестицидот да помине.
Зеленчулот исто треба само да видиш што оди отприлика по вкус. Исто како за возрасни кога мешаш. Нема да смешаш состојки што не се комбинираат по вкус. Пример комбинации: блитва, ориз, морков, кромид; тиквичка, морков, компир; тиквичка, компир, лук (или кромид); брокула, карфиол; карфиол и компир; брокула и батат; тиквичка и батат; тиквичка и тиква; грашок, морков, компир, кромид; пиперка, тиквичка, домат; пиперка, тиквичка, домат, компир, прокељ, лук, компир; боранија, кромид, лук, домат (и морков). Експериментирај со вкусови.
Домашно и органско не е исто. Кај домашното производство ако ти дома сама одгледуваш само тогаш можеш да бидеш сигурна што си ставила. Ако купуваш од други каде е контролата? А мора да ставиш нешто да не се лажеме. Имам комшија што во двор во град одлегува различни работи и пак мора да стави нешто. Само дома можеш да дозираш и да ставиш минимално. Јас кај моите заедно со бабите садевме долго време шери домати и нипто не стававме, ама имаше години кога ништо и не собиравме. Исто ендаш моите ранеа теле, а еднапш прасе заедно со далечни роднини од село. И знаете што. јадеа животните претежно храна подготвена дома, а од време на време и концентрат за да добијат на килажа. Така правеа сите во селото. И ако некој ве убедува дека не прави ве лаже. Кај органското е само пропишано што треба што не треба да се става. И да органскиот сертификат е гаранција за користење само на одобрени пестициди и ѓубрива. Само пак се користат хемии и слично. Јас најчесто со овошје за доручек ги комбинирав. Користев од тие што немаат ад млеко во нив. од време на време му давав од тие со АД на ХИП за вечера. Тогаш одев само со житарките растворено според упатство.
Се согласувам на тоа дека и во село ранети животни им даваат концентрат, освен на кокошките, затоа мојата се изнајаде пилешко хехе а после тоа почнаа и нив да им даваат затоа што не несеа јајца, искрено... дури и чудно, да и дадеш на кокош концентрат за да ти несе јајца ...хихи И да, еднаш посадивме со мм компири ич не прскани, ги изеде кртот @kiki_riki Оние инстант каши кои веќе имаат овошје внатре не ги мешам со ништо освен со вода/млеко, а доколку е само житарка како што се од Хип 5 житарки обавезно сезонско овошје, бидејќи не се убави по вкус...
Мајки кажавте кога ќе се почне со месо, може прво со зајачко. Па ме интересира што од зајачкото може да јаде?? Целиот зајак, белото месо, копанче.. или од некаде пример не?? ^^прашувам за да знам колку зајаци да купам за чување
Ај не ме зафркавај Си правам пресметки колку да имам во старт големи и спремни за јадење, па после ќе има постапно @LiliBoz и ти не зезај, главите ќе вариме за кутките
Омиленото месо на ќерка ми, она е 8 + и си кркаме зајачко, искомбинирај со компир, морков и зелена тиквица, па земиси поише ке си правиш и за дома... ние го јадеме ко невидени : D
Ухууу јас па мислев 1зајак 1месец ќе ми треба, сега зависи и колкави би биле секако. Ќе видиме, ќе мериме, сакам 3 да имам во старт @Marija_Magdalena ухууу чекај, ќе барам комбинации, мене за летоска ми треба, мало е моево Инаку јас зајачко не јадам, жал ми е
Секако зависи и од големината на зајакот. Јас имав секакво месо, и телешко и зајачко и пилешко, па додека ги извртев сите нормално помалку сум трошела. Ама штом имате свои, тогаш супер, 3 во старт ќе ти е доволно.
Кои житарки ги користите како основа за доручек а кои за ручек ? Палента за доручек може,дали може и ориз ? Дали може палента да се вметне и во ручек ? И компир мешано со нешто дали е доволно како оброк за ручек? Многу прашања
Za dorucek 5 vrsti zitarki na hipp mesavinata, kinoa, amarant, musli, pcenica, palenta, griz, Za rucek oriz, proso, Za vecera palenta, griz. Palentata e lesna i ubava za dorucek/vecera, ama mozes i za rucek. Jas licno za rucek gledam da davam najmalku 3-4 namirnici, za supa 7.
И јас планирам да воведам телешко од понеделник. Викендов ќе набавам домашно и понеделник или вторник ќе дадам. А гриз немам дадено.