Гриз од 6+ и неколку дена пред 7+ почнав и телешко да давам. Почнав со амарант, киноа, просо, после почнав со цело зрно пченица, јачмен, рж итн. Све купувам од Бисер продавницата за Здрава храна. Кисело млеко некој ден пред 8мес почнав да давам и јогурт.
Овесни снегулки давав се дур на 0+месеци на Телма не ја чув докторката што кажуваше за нив и ги исфрлив и недавам. Само цели зрно чости житарки давам. Ако мислиш на Нестле, Хумана, Лино итн на кутиите што се готови каши ( само со млеко или вода пто се мешаат ) да сум давала и ден денес давам. Еве сеа го барав еве го изгледај го па ти како сакаш, многу даваат па и сестра ми дава. Ама еве јас решив да недавам. Може понатака ќе почнам пак ама незнам.
Мајки ориз кога воведовте? Сакам да дадам обичен кочански место мелените, има некоја од вас да даде совет? Инаку сме 6месеци почнав со зеленчук и уште и терам комбинации, компир, тиквица, морков и од овошје само јаболко. Сакав и ориз да дадам па да почнам со овошјето.
Ориз воведов меѓу првите намирници. 5+. Една недела пред да наполни 6. Обичен давам од старт. Сварен и блендиран во комбинација и со овошје и со зеленчук.
Пак јас Бепчо до сега се што проба си јаде по повеќе (120 гр,150гр),не 2,3 лажички...до сега главно проба овошје. Е сега од понеделник брокула,имам на Хип. Дали ако му се допадне да ја дадам цела или да не е тешка? Планирам понеделник чиста а вторник да ја измешам со ориз. Ве молам за совет
Многу е грозна брокулата на хип. Направи му дома брокула. И јас ја купив прво на хип кога ја отворив тегличката мене ми дојде за повраќање и не и ја ни дадов, веднаш ја фрлив.
Така мириса јако брокулата и на холле ја купив исто беше Ние пробувавме од тие бебе колку ја бендиса , мајка ми од жал дека отварал усте му дала првиот пат пола тегла Мајки ај неколку прашања -Гриз од кој да купам -Во листата од ремедика ми вика можам и интегрално лепче и двопек ( интегрален леб од кој пример) -исто пишува риба-пастрмка, путер, урда , сирење.... Ова кога дадовте? Кисело млеко од кое ќе давате?
Ели јас тука прашав и гриз купив од тој плавиот од наше време со бебе сликичка. Путер почнав да ставам по сосема малку во зеленчуковите кашички од 7 месeци исто, несолен на пресидент од препорака тука и тоа. Урда и сирење немам дадено но ќе дадам наскоро. Јајца најдов домашни ќе почнам да воведувам уште некој ден а исто и телешко месо. Кисело млеко дадов точно на 7, бебе се дави во него, и цело канче може да изед еос што го обожава, друго нишѕо не ми сака така, се е со молење другото. Давам на бучен козјак. Во однос на лебот јас не би дала купечки, најдов рецепт за домашен со овесно и пченкарно брашно и кисело млеко и маслиново масло замесен, па таков ќе му направам и ќе му давам ако сака.
Тиквица комбинирам со се. Некогаш ставам повеќе, некогаш по тркалце две. Брокула најчесто комбинирам со морков и карфиол, ама и од неа по мсла китка ставам во повеќе комбинации.
Денес му дадов тиквица со јаболка. Вкусна комбинација е. Тиквицата на пареа, јаболката свежа и во блендер . Брокула со ориз, компир, морков.