Можеш и од тие да дадеш, јас земав едни од dm. Можеш да ги покиснеш во топла вода 10-15 мин. Јас после ги блендирам и ги давам со кисело млеко. можеш и со овошје да ги даваш.
Јас користам Haferflocken овесни снегулки, ги купувам од Рептил. Во овошни кашички скоро никогаш претходно не ги покиснувам, ги ставам со овошјето во блендер и ги блендирам. Кога беше помал, ги мелев со машинка за мелење кафе и со јогурт или кисело млеко му ги давав. Сега само ги покиснувам 20-30 минути во јогурт или кисело млеко. (Треба на самата амбалажа да пишува начин на подготовка)
Мајки колку време е ок замрзнатото овошје? Добив домашно одгледани и замрзнати црна и црвена рибизла и малина?
Зеленчук и овошје во ред е и до 12 месеци замрзнати да стојат. За ова и јас многу пребарував. @joy1 не морало да замрзнуваш тиквици, сезоната им почнува во мај. Од овесните снегулки и јас ги користам тие од Кам, според тоа што стои на амбалажата се добри, но од време на време осеќам по некое лушпиче. За разлика од нив тие плавите германски што ги има во Тинекс/Веро се почисти, никогаш не сум нашла лушпа.
Ние почнавме со јаболко и слива(по 2-3 лажички за проба). Но денес кога примивме вакцина педијатарот ми рече да и дадам прво зеленчук затоа што овошјето е благо и после нема да сака зеленчук(што ми е логично). Рече да почнам со ориз, морков.. Денес дадов за проба морков сакам да прашам ориз од кога се дава? И што следно од зеленчук смеам да дадам?
@chocolade мене педијатарот ми рече до 6 месеци да давам само овошје + морков, а со зеленчук да почнам на 6 месеци. Ние почнавме со дохрана на 5,5 месеци и пола месец му давав само овошје, а од 6 месеци почнав со зеленчук. Вие имате 4,5 месеци, да сум на твое место би почекала со зеленчукот. Не мора да значи дека ако јаде прво овошје, нема да сака да јаде подоцна зеленчук. Барем тоа не беше случај со син ми.
Немора да значи.Ние после месец дена тек почнавме со зеленчук и супер прифати .На почеток морков ,компир и тиквица.Ние јадеме и блитва и брокула но веке сме 6 и пол месеци.За вас е рано тоа би рекла.Ориз можеш да даваш.Јас давам од тој на хип и со вода го правам. Инаку според мене и морковот и компирот ми имаат слаткаст вкус.Значи не се солени,не мн поразлични од овојшето.Јас правам комбинација на зеленчук и овошје.Пример јаболко и морков,јаболко и тиквица,тиква и морков.Конечно и компир јаде како што треба
Ок уште 2 дена морков, после ке воведам тиква 3 дена. И после ке ги мешам веке воведените намирници. Па веке кога ке наполни 5 месеци ке зголемам количина зошто сега јаде мнооогу малку. И тогаш ке воведам ориз. Фала ви Заборавив да прашам, смеам утре морков и јаболко?
Јас на 6 месеци почнав со овошје, на 6,5 со зеленчук. Па до кај скоро 9 месеци се боревме да јаде овошје. После тоа смени. До детето е, барали такви коментари немало да јаде зеленчук ако прво овошје проба.
Се согласувам со Нова. Јас пак, по препорака од педијатар давав наизменично, овошје-зеленчук. Еве со полни 9 месеци никако да го прифатиме овошјето. Не го сака и крај. А зеленчук прифати дури по еден месец откако му воведов.
Да ако ти се пробани и двете.Јас морков а ни ориз не давав по три дена чист бидејки ја стврднуват столицата а ние и онака мака мачиме со запек.
Јас исто воведував напоредно овошје и зеленчук, зеленчук обожава, овошје никако. Значи компир, тиквица, брокула, просо се прејадува, а овошјево со сила малку ако касне. Вчера за доручек му дадов јаболка и банана, и двете беа ептен благи кашичкава многу блага беше, абе нејке да лизне. Денес земав јаболка, банана и просо, просото го неутрализираше вкусот па јадеше колку толку. Исто ако му ставам јогурт во овошјето, и така јаде повеќе него ли чисто. Јас не се секирам, ќе пројаде..
Маж ми го пратив на пазар по пашканат и брокула.Човекот купил колку за цела фамилија да јаде .Дали може да ги замрзнам?Пашканатот лупен или не?
Paskanatot iszlupigo na kocki I vo frizider I mojot isto hahaha I jas denes go sreduvav pa toj ako stoi se susi
Слободно ставај во замрзнивач, до 6 месеци чувани во замрзнувач можеш слободно да ги даваш на бебето... подолго од 6 месеци не се препорачува. Да ве прашам од кога давате сирење? Од млечни прозиводи јадеме јогурт и кисело млеко па се мислев да дадам и сирење ама не знам како... Одсолено? Врска немам... кажете ми како и со што да го комбинирам? Инаку имаме скоро 10 месеци.