1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Помеко треба да е за да може одма да се користи. Можеш и тврдо да земеш, ама ќе го оставиш дома малку да омекне пред да го користиш. Глеј да нема црни флеки на него.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.182
    Допаѓања:
    124.669
    Сте давале ли оризови и пченкарни снегулки?
    од кои ?
    IMG_5891.PNG IMG_5892.PNG
     
  3. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    2.638
    Пол:
    Женски
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.182
    Допаѓања:
    124.669
    Ги киснеш прво во вода? јас за мене прво во јогурт ги оставам малку ама за бебка незнам....
     
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.680
    Допаѓања:
    76.962
    Пол:
    Женски
    И да го купиш потврдо, два дена меѓу друго овошје надвор од фрижидер омекнува убаво :)

    Ние имаме препорака од педијатарот да почнеме со дохрана на 4ипол месеци, бебе не е баш обожавател на млекото, се надевам дека не е некој нејадач па и каши да не обожава баш... што викате вие? Со синчето почнавме на 5ипол некаде...
     
    На stevemila, kukla21 и forumce им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.328
    Допаѓања:
    37.305
    Пол:
    Женски
    Во поново време се препорачува да се започне со зеленжук затоа што некои бебиња одбивале да го јадат подоцна поради тоа што се навикнувале на слаткиот вкус од овошјето. Сепак твој избор е дали ќе почнеш со овошје или зеленчук. Јас почнав со овошје, јаболко. Исто изборот е твој дали домашна или купена каша иако подобро домашна. Јас дадов купена Хип ми беше страв домашно. Ако спремаш дома вариш јаболко и блендираш. Првите месец дена можеш да го вариш овошјето после не иако некој и од почеток даваат неварено. Зеленчукот се вари до годинка отприлика. Најздраво е готвење на пареа. Денес до 12 најкасно даваш 1-2 лажици јаболко. Утре 2-4. Задутре 4-6. Цел оброк околу 120 грама беше мислам воведуваш кога ќе видиш дека бебе е гладно и сака да изеде толку. Потоа кога нема да го заситува еден оброк воведуваш и втор.
    Некогаш кога не сака да јаде немој со сила да не створи одбивност кон храната, но сепак залажувај го изигравај клон, песнички, цртани било што.
    После 3 дена пробување вкус пробајте круша исто по 3 дена. Можеш по 2 дена но сепак по 3 нека биде. Една недела се пробуваат само два вкуса. Не брзај, постепено се. Давај, нуди водичка цел ден. Следи да не е алергично на нешто.

    @mariz јас почнав на 6+ поради ризикот од анемија ако се почне порано и неспремноста на желуднилот до 6 месеци за друга храна. Но сепак изборот е твој. Ако му веруваш на педијатарот почни од 4ипол. Уствари ми текна сега дека Олгица ти е педијатар кога и кажав дека од 6+ сме почнале ми рече дека од 4ипол требало. Првиот педијатар ми рече од 4+. Вториот од 4ипол. Третиот од 5ипол. Четрвртиот Олгица од 4ипол. Значи сепак изборот останува на нас мајките.
     
    Последна измена: 12 март 2018
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    2.638
    Пол:
    Женски
    Потребно е 2 лаж корнфлекс и една банана (може со млео ако сакаш)..корнфлексот се потопува во млеко се остава да набабри и омекне. Се става во блендер заедно со бананата...Ако ти е бебчето 8 направиму ги со јогурт и јадете и двете :D
     
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    На почеток сум со документ на СЗО кој вика ако бебе не напредува или има поголем апетит и не ги задоволува своите потреби со млекото, може од 4. Сепак препораката е да се гледа тоа да биде кон 6тиот.
     
    На stevemila и mariz им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.680
    Допаѓања:
    76.962
    Пол:
    Женски
    Не напредува баш сјајно од старт, не сака да цица веќе, неможам да се помирам сеуште со тоа и само и нудам и успева да фати само сабајле да цица... млеко од шише исто.. борби со сила едвај ја најадувам, пивни две голтки плачи, пивни плачи, што бебе ке беше млеко да нејке :) хемоглобинот и беше 9ка, денес треба да повториме крвна слика ако е низок изгледа ке и дадат нешто да пие... Мене па не ми изгледа спремна за јадење каши, многу ми е малечко :?: Веќе е 4м и 12 дена и во мисла сум дали од 4ипол да почнувам...
     
    На gjoker4e и kukla21 им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Да и даваш по малку, а почесто млеко? И моево мислам не се доцицува, ама па почесто бара. Протестира чат пат, не е скроз да одбива ко пред извесно време.
     
    На mariz и Две Принцези им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.680
    Допаѓања:
    76.962
    Пол:
    Женски
    Така и правам веќе неколку дена, до душа правам 90, 120 и оставам да пие колку сака, па најчесто пие макс 70мл.. се надевам сеуште дека е период, дека ке се врати во форма... но и тие 70мл ги пие со клоцање, викање, па дури и плачење... а така од старт и цицаше понервозно, живчано. Синчево памтам како убаво цицаше, ке фатеше додека не ме исцицаше убаво не мрднуваше со прсте, ова малово опасно е...
     
    На Две Принцези му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    А да даваш 60 почесто.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    @mariz Јас почнав со пробување на вкусови недела дена пред да наполни 5 по препорака на педијатар и накај 5 и пол месеци почнавме со цел оброк. Препораката кај нас беше затоа што млекото не ја заситуваше, а не смеев да му наголемам во милилитри затоа што имаше повеќе кила од тоа што требаше за нејзините месеци.
     
    На kukla21 и mariz им се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    35.354
    Пол:
    Женски
    Мојот не сакаше многу млеко како бебе. Цело време бевме на комбинација цицање и дополнување со АД, ама слабо напредуваше. Почнавме со пробување на вкусови на 4 и пол. На 6 воведовме прв оброк од овошје и житарки. На 7 и нешто втор и тоа беше единствениот месец кога качи точно едно кило. Се друго беше 500-600 грама.
    На 10 и пол месеци одбиваше млеко денски. Цицаше во сон до 11 месеци потоа нејќеше па останавме со едно шише од 150 АД млеко само ноќе до кај 17 месеци.
    Јогурт обожаваше и сеуште многу го сака.
    Некои деца се едноставно такви.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.680
    Допаѓања:
    76.962
    Пол:
    Женски
    А на колку време? На саат, саат ипол?
    @JoyJoy а би ми останало млекото (да не секне скроз), ако цица по еднаш? Нема шанса преку ден, пробувам не сака ни да ми ја лапне брадавицата, а сабајле гладна фаќа и влече... пробувам да молзам, пумпа не вади ни капка, а со рака по 20мл успевам од града да одмолзам..
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    А навечер во спиење?! Во полусон преку ден/навечер?
    Не знам какво млеко даваш, ама на хип пишува кога сака и колку сака може да пие. Јас би нудела на 1ч бар. Дури и 30 може да направиш, па по потреба да додаваш 30.
     
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.680
    Допаѓања:
    76.962
    Пол:
    Женски
    Секако пробав, не сака.. фаќа само сабајле кога е гладна, мирна дека ја спие цела ноќ(тогаш и давам цица од двете гради). Пробав и погладна да ја оставам преку ден за да фати, само џабе ја изнервирав и не сакаше ни цице, ни шише, само вриштеше... јас упорно пред секој оброк прво цице давам, но нема шанса се бориме.. мислам дека само ја нервирам и после затоа нервозно го пие и млекото од шише. Инаку Аптамил и давам...
     
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Мојава и по шишенце си фаќа цице без проблем. Да пробаш да ја "заситиш", па да понудиш цице? Пример, даваш 30/60 (она колку-толку ќе се намири) па даваш цице. Да пробаш друго млекце исто е опција.
    Знам тешко ти е гарант. Јас си се исплакаб штп мојава шттајкувше. И ден денес знае на некој подој проблем да направи.
     
    На mariz и Igle им се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.697
    Допаѓања:
    40.052
    Пол:
    Женски
    Колку време откако почнавте со дохрана бебе јаде цел оброк,120гр? Ние почнавме пред нешто повеќе од 3недели и максимумот што го има изедено е 90гр и тоа само еднаш. По 50гр јаде, некогаш ни толку.
     
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.680
    Допаѓања:
    76.962
    Пол:
    Женски
    И тоа пробав... :( Не да ми е тешко, плачам дури.. не сакам скроз да се одбие, сакам да си цица колку толку бар...