Мами и ние почнавме со пробување на вкусови 5+ сме и досега пробавме јаболче, круша, морков и тиквичка. Имам неколку прашања. Што следно можам да воведам додека наполни 6м, а што е од 6+ м? Дали и следните морам да ги воведувам така, прво по лажиче две, па следен ден повеќе итн или можам да направам јаболче и во него да ставам нешто ново? Пример банана? Што спаѓа во житарици? (знам што се житарици, ја читав темава значи ама) цело зрно, пола зрно, кутија, глутен. Навистина не ми е јасно Што е тоа што давате како житни каши, значи конкретно што да купам? (од нив не се пробува, директно се прави оброче или) Пример и компир, батат штознам палента, ориз, треба да пробува по лажиче две..три дена нов вкус? (секој почеток е тежок ) Ако земам готова кашичка за да проба намирница која ја нема свежа, можам ли да и давам денес некое лажиче за проба, да ја ставам во фрижидер и утре пак или не смее да стои воопшто? Мора ли и колку вода да пие дневно? (не пие ич вода ) Следнава недела сме на вакцина, да воведам дотогаш уште нешто дека таман имам време неколку дена или да терам со овие па после вакцината да продолжам со ново? Благодарам
Јас на 5 + воведов јаболка,круша,морков,слива,банана,кајсија,праска,тиквичка и тиква јас ги давав лупени па варени по препорака на педијатар . На почетокот првите две три намирници пробував по неколку лажички ,потоа на веќе воведена намирница додавав нова и давав да јаде колку сака ,кога ќе изеде околу 100-120гр тогаш се смета дека имаш воведено оброк и со тоа заменуваш еден подој во спротивно нудиш да цица после пробување вкусови . Готова кашичка пишува дека стои 24ч во фрижидер меѓутоа јас тоа лично не сум практикувала ако не ја изеде сум ја фрлала иако ретко користам готови каши. Од 6 + воведов компир ,батат ,ориз ,палента ,карфиол,брокула и блитва .Тука на 6+ по препорака на педијатар јас воведов и втор оброк . Глутен воведов на 7+ преку готова каша на нестле . Вода нуди ако сака ќе се напие моево ич непиеше вода на почетокот сега веќе почна си сака пиеме водичка од чаша со клунче . Колку што знам кога се прима вакцина не се воведува нова намирница тој ден само . Се надевам малку од малку ти помогнав .
Од каде купувате телешко и дали има врска кој ден? Ако може повеќе мислења од кај е најдобро се плашам да не згрешам
Heljdata velat davala mnogu energija, pa ako davas daj za dorucek da vidis kako ke mu vlijae, da ne ostanes bez son. Inaku jas uste nemam dadeno.
Само доручек имаме, јаде по 50гр. Планирам малку да давам во комбинција со некое овошје. На кутијата пишува за еден оброк од 120гр е потребно 5 лажици од житарките, јас по 1,2 ќе ставам+овошје, мислам дека не е многу.
Туку да, што зборам јас, мали сте за вечера. Можеш така да, по помалку и со овошје, секако така само нема да ги јаде.
Јас ја давав од месеците кој се назначени на кутијата, некогаш чиста некогаш додавав и овошје. Супер ја прифати и спие супер никаква разлика во енергија не приметив .
И ние почнавме со пробување на вкусови.Во врска со првото и третото прашање има една апликација Бебе готвач а исто има и книга Бебе готвач каде пишува што од кога да се воведе,а има и рецепти.Јас се водам според неа.Иначе ние имаме пробано две намирници само,Јаболко и морков.За 5 дена правиме 6 месеци па ќе почнам да и мешам две или повеќе намирници.А за количински и јас не знам како да и зголемувам за да дојдеме до цел оброк и кога ќе биде спремна за цел оброк,после колку време од воведување.Јас да си и давам таа ќе си јаде ама ми е страв да не и е многу.
Давај му на детето колку сака, тоа само ќе си покаже колку му е доста. Сигурно нема 300гр да изеде. Моево по 50гр јаде, само еднаш 90 изеде. После каша не сака да цица.
Дадов кашичка од праска на хипп. Ама кисела и е на малава и уста не отвара. Ја мешав и со јаболко ама џабе. Некој предлог како да ја воведам поинаку или да си почекам кога ќе им дојде сезона?
Некакво млеко има во таа каша, барем мислам дека пишуваше во составот дека содржи млечни протеини, а може сум и грешка. На вкус делува како млечна каша. Ми донесоа пред месец дена таква дома, ене ја стои. Ја отворив, измешав со овошје еднаш, и толку, не ми ја јадеше, не планирам пак да давам.
Ima edna strana na fb,Farma bez ime.Prodavaat telesko,telinjata se cuvaat na planina.Vrsele i dostava.Toa znam imaa pisano nekoi clenki
Е па супер, нека и е на здравје. Моево дека поголемо е веќе, не јаде вакви каши повеќе, ги одбива. А јаде исто што јадеме ние.