Јас засега давам два пати неделно. Го ставам во вода, штом зоврие ја истурам таа и ставам нова. Во тек на варење собира бело горе водата и тоа постојано го тргам со лажица. Варам отприлика 50-60мин една мала коцкичка :/
6+ е сега, а прво палента дадов неколку дена пред да наполни 6м. Ја сварив палентата и ја измешав со слива и јаболка, изблендирав ама палентата не се изблендира баш, си имаше зрнца.И се бендиса оваа комбинација. Имам дадено и ориз со зеленчук сварен и изблендиран. И од лино 3 вида житарки давам, ориз, просо и хељда, во овошни каши ставам по 1 голема лажица за да згусне. Ѝ се допаѓаат овие 3 вида житарки.
Колку ml треба да биде тазе воведен втор оброк, на доручек јаде од 150 -200 ml. 6+ сме . Ми е страв да не го прејадам бебево
7+ е моето кога почнавме на 5 и пол мес педијатарот ми рече 120-150 гр . Сега 150 гр. Ама секое дете индивидуално е јас му правам повеќе и баравуште... од страв да не го претерам и јас му нудам цицање ама не секогаш сака ( всушност ретко) и така знам дали се најал.
Јас два пати неделно телешко давам ,а еднаш пилешко не менувам вода додека го варам .Имам купено тазе бифтек исецкан на парчиња од 50гр и замрзнат ми е .За секој оброк по едно парче го варам обично заедно со кромид,лук,пашканат,целер и морковче зависи до месото јас го варам на тивко околу 2 часа обично . Од утре по препорака на педијатарот ќе воведам вечера што давате за вечера и кое време од прилика би требало да биде вечерата ?
Мамички бебушкава уште спие и се мислам далу да и дадам прв оброк кога ќе стане или млеко па накај 2ч втор оброк. Неккако денес закаснивме ама ноќеска бевме будни
Јас вечерата ја давам околу 18.30-19.00. За вечера обично давам житни кашички, кисело млеко со овошје или палента, ориз со банана, гриз со вишна, банана и понекогаш давам од готовите ноќни кашички на хип.
Kakov oriz davash specijalen za bebinja ili obicen shto go jademe I nie? Dali site 3 vida zitarki gi davashe prvo posebno ,pa potoa zaedno ili site zaedno. Ni do sega na vovedovme samo palenta.
Обичен ориз каков што јадеме ние давам. Од 3 вида житарки само ориз дадов посебно а просо и хељда заедно
Здраво. Мајки што давате адаптирано, ве молам искуства колку пати и колкава количина пијат вашите малечки по воведување на оброк. Моето е 6+, има цел оброк појадок и почна со втор оброк но уште е на пробување вкусови. Млеко пак пие исто како претходно, ретко издржува цели 3 часа помеѓу оброци и дење и ноќе. Со појадокот по воведувањето на палента може да се каже дека го скока тој оброк млеко ама после 2 часа обавезно бара пак. Не знам дали давам премалку и како да го намалам бар ноќното. Вода и чај не сака да пие а сокови не сум дала се уште.
Што појадувате, и колку. Сакам да воведам цел оброк. Млеко пие по 180 аптамил, ама малку му е. Инаку сме точно 5 м.која палента користите
Појадува овошни каши, јаболко, круша, слива, банана, некогаш и тиква, мешани по 2-3 намирници, некогаш и само од една. Сега со воведена палента ги мешам овошје и палента. Палента давам од таа со детето на слика во зелена опаковка. Денес планирам за појадок да има чисто овошје а за ручек да му дадам палента со морков. Од зеленчук има пробано морков и тиквица. Утре ќе му дадам и компир да проба. Јаде колку сака, најмногу до 150-200 гр. Искрено не мерам точно ама отприлика во просек му се фаќа околу 120гр. Млеко исто пие по 120ml. Пробувам и со 150 и со 180 и пак ми бара на 2 часа. Скоро никогаш не издржува цели 3.
Житарки со хељда никако. Таа е 12+ , порано не. Тешка е за варење и ослободува многу енергија. Слично како чиа семе. Може да не спие малата. На таа возраст- просо, киноа, амарант. После 8+ можеш овес, јачмен, пченича и сл.
Јас за овие правила не знаев за хељдата. Мојот јадеше хељда од кај 8 и пол месеци па до година дена. После тоа почна да ја плука. Немаше некое влијание на него.
Да, слично е со чиа семето. Плус не се препорачува за активни деца поради таа причина- големата енергија. Има низ темава за хељда имам читано и тука. Јас по табелата на фб групата - здрава храна, здрави деца се водев, не згрешив искрено. Има спечифичен мирис некако , може не му се допаѓа на детето. Ќерка ми ептен ја засака, секој ден би јадела
Ах таа група. Мене ми е екстремна и ригидна и за нафурани жени. Ја следам чисто да се посмеам зашто се дрзнале некои жени да се прават експерти за исхрана. Знам дека е хељдата специфична. Си ја јадев и јас пред бременост и во бременост како салата. Сега не ја спремам зашто малиот не ја сака. Ја јадеше до годинка. Амарант, чиа не сум му дала зашто ни јас не јадам. Киноа пробав која мене нутриционист ми рече да јадам и исто не ја прифати. Просо и бунгур обожава.
@Capricorn Taurus сакам да те прашам каква киноа користиш за бебуш? Јас не сум дала уште бидејќи не знаев која да ја купам, гледав во ДМ и имаше повеќе врсти, црна, жолта и мешана црна со жолта. И кажи ми како ја спремаш.