Поголемата ќерка беше само на доење но не напредуваше доволно, па имав две алтернативи. На 4+ допрва да почнам да давам ад или порано од планираното да почнам со оброци. Дете не фати никогаш флаша па се решив на втора варијанта. Околу 05 почнавме со воведување вкусови. Дете беше и остана нејадач. Готвев и по 3 разни варијации за секој оброк, претурав тегличката во шолови за кафе па со долга лажичка и давав да јаде додека јас од таков шол пиев кафе, па да мисли и она дека кафе пие , имав пробано во тишина, со тв, со музика, со готова каша... Џабе беше се. Второво почнавме со дохрана 6+ иако тогаш веќе не бевме на доење, само на ад. Детето беше спремно за воведување оброци и од старт почна да јаде одлична количина. Може е до детето, може јас требаше да бидам поупорна со првото и со флашата за ад, може детето не беше спремно за цврста храна... Само знам дека е тешко со дете нејадач. И со третово планирам на 6+ да почнам да воведувам вкусови.
Можно е. Јас овие од Зегин ги имам зенено од стрв во сред зима ич не сум обрнала внимание на друго. Па кога @Ano спомна, ми текна да дадам предлог од кај да купи
@emkaemka јас почнав со воведување на храна на 5 ипол месеци. На своја рака почнав, но само пробуваше вкусови, реално воведен оброк имаше на 6 месеци (втор оброк дури сега на 7 и кусур месеци). Крвната слика му е одлична, не е анемичен. Откако почна со вкусови пробување се слушнав со педијатарот да ми потврди дали е во ред. Ме советуваше задолжително да воведам оброк до 6 месеци бидејќи квалитетот на млекото веќе се намалува а неговите потреби се зголемуваат. Исто така ме советуваше оброкот да биде содржан од комбинација на овошје/зеленчук и некоја житарка за да го држи. Инаку не осетив дека е гладен. Си цицаше убаво, јас имам млеко. Што се однесува до тежината исто турбо качуваше до 5 месеци. Откако почнав со дохрана почна да стагнира. Сега со воведени 2 оброка преку ден има само еден до два подои. А ноќите сеуште ме буди често, на 2 до 3 часа.
@stevemila дали пасирано си пробала? Јас денеска прв пат пасирано и дадов варено јаболко и банана, не мазно блиндирано и беше воодушевена, се си изручка Исто така ми текна, да пробаш да додаваш ад млекце во кашичките што не ги јаде? Тоа си пробала?
И мојава изгледа ке биде по тие, од сите воведени работи, таа морковот највеќе го сакаше, а бананата дури ми ја плукаше Ако е поблаго се мршти, сака понеутрално...
И мојот. ручек ни нема останато. Зеленчук со месо или не маф го прави, а овошните каши со молење. Ако за нешто прави проблем лажам со леб. Мојот е лебар. Па јас ке му доближам лебче и он отвара уста и јас брзо лажичето ке му го пикнам
Поголемо е моето, десети месец тера. Некаде крај на седми месец. Но трошки се во прашање. Со исклучок кога го чуваат бабите, е тогаш се залчиња
И ние сме по зеленчуковите. Со сласт се јаде. Не дека овошните ги одбива, ама за зеленчуковите е повоодушевен.
Вчера додека јадевме и дадов малку од средината од домашен леб и течноста од домашна супа да видам дали ќе сака и знаете што? Јадеше и сакаше уште, отвараше уста, џвака си го лепчето иако беше малку ептен. А кашите што ѝ ги правам не ги сака. Штом ставам лигар одма наведне главата и уста не отвара. Не можам да се помирам. Еве сега и путер и ставив не сака, едвај ќе ја излажам неколку пати да отворе уста за да и ставам.
Манџика, гурманче ке биде изгледа Пробај пасирано давај, не кашесто многу.. и стави и во обична чинија, зашто знаат чим видат нивно тањирче одма уста ке запечатат Колку месеци направи? Немој соленка супа да и даваш... така па ич нема после да ти јаде...
6+ е. Јас за мене не ставам скоро ич сол, а не па на неа. Не и го блендирам скроз, има и парченца за да се учи да џвака. Во обична чинија, во тегличка, во тенџере, во ѓезве ставам ама нејќе. 10 дена е ваква, откако се разболе, порано колку толку ќе изеде. Саат време ја молев да јаде од печени компири, тиквица, морков и кромид со путер малце, абе не сака и не сака. Па и направив едни житарки само со вода и ги изеде тие.
Им треба време да се вратат во форма, бар кај мене и на двајцата им треба време да се разјадат ако биле болни... па дури и јас сум таква. Периодов нуди и, менувај.. ке почне да си јаде пак
Штом е така, разбирливо е. Си треба време. Факаат периоди на јадење, па на не јадење. Не ни останува ништо друго, туку да нудиме. Малово мое обожава зеленчук со месо. Пример ке зготвам повеке, ко за два пати, тој цело ке го изеде. Но една недела беше болен, сеуште е на антибиотик и уште се вракаме во форма со јадењето. Со лажење, со леб, куп играчки, мајмуни изиграваме по дома. Една недела беше жива мака. Одбиваше да јаде, а после е гладен и виси на цице пола ден. Јас во манџите обавезно ставам пашканат, целер, кромид, лук, пиперка. Нешто од ова за да има вкус. И му го пасирам со пасер. И на големиот до доста голем му пасирав. Не се дават, напротив ако нешто им залетне веднаш го плукаат. Туку ради количината на јадење. Кога е со парчиња количински помалку јаде. А нема врска да се учи или не да џвака.поголемиот некаде пред годината го префрлив на пасирано со вилушка. Дете не направи никаков проблем, си џвакаше најнормално без да се дави. Но почна да јаде половина од тоа што јадеше до тогаш. И најмногу се нервирав во пелената наогав цели зрна гршок или боранија. Јас го вратив пак на пасирано уште некој месец. Дали од брзање или се уште убаво не џвакал така ги голтал, што по мене, проценив дека му треба уште малку време. После неколку месеци се префрливме пак и се беше во ред. Па што ако покасно почнал да јаде не пасирано, ништо не му смени.
Една мала лажичка го ставам во зеленлукот топол пред да го блендирам и сам се растопува при блендирањето .
Мајки ве молам за помош, откако почнавме со дохрана/пробување на вкусови детево има проблем со столицата, не може да се искака мака мачи, плаче, веќе неколку дена е така, одвај. Овие денови давав слива(сува обарена) во комбинација со јаболко, палента, денес трет ден ама пак плаче се мачи напиња душиче И онака треба да пробуваме нови работи, досега имаме пробано јаболче, круша, слива, морков, тиквичка, банана и палента. Што да и давам во следните денови за да и олеснам на мешето и што следно да воведам што нема да и прави таков проблем? Вода не сака да пие, имаме и шишенце со клунче и претходното шишенце цуцла, одвај со лажиче неколку пати и со чаша ама така утоп се прави и си игра повеќе отколку што пие. Совет и за тоа како да пие вода? Има 5ипол м.