Абе имам пишувано бебе мака мачи со запек т. е кака секој ден и по 2пати некогаш ама топчиња тврди Одвај чекам да почне да јаде палента, те читав на Дариа и помагало
Од кога воведовте втор оброк? Почнавме ние околу 12ти март на 5ипол месеци се мислам за втор дали да и воведам сега,дане е рано?
И мојата какаше тврди топчиња па дури и се тркалаа низ пелена хехе па си реков ке почнам да запишувам шо и давам за јадење да видам од што е... и видов дека е од пудингот на Нестле и не давам појке. Иначе сме 9 а тоа беше пред еден месец
Сакав да купам ориз, само ориз, ама по грешка сум купила со семиња, ве молам вие што имате повеќе искуство кажете ми, може ли да му припремам на детево од ова иако нема пробано ориз до сега, пишува дека е ниско алергено, што значи не би требало да има проблем. Исто така во упатството пишува дека ако е детето е со ризик да појави алергија да се припреми со ХА формула, што е тоа ‘‘ХА‘‘ формула, знаете ли?
Истиот го имам земено, го приготвувам со вода, кај нас нема покажано алергијска реакција. Само што мојава цура не го обожава, леплив е многу.
Планирам со некое овошје што го има веќе пробано да му го дадам за да го јаде, инаку не верувм дека би јадел. И тоа сакам да прашам, со веќе пробана намирница можам да давам нова нели, не мора се одделно? ЕДИТ: сега го отворив пакувањето, нема дозер, од кај да знам како да измерам сега, може ли со дозерот за млекото на ХИП?
Пакувањето не е кроз исто ама и твоето е со жита, прочитај назад на декларацијата. ЕДИТ: јас го направив за проба, ама многу ми искочи бе ова, 100мл вода и 100гр каша вошна, за 3 дена оброк, и сега да прашам, ако го чувам во фрижидер до уте, ќе смее ли да го јаде? Го направив по мерките што ги пишува на кутијата, за да не згрешам нешто дека прв пат правам вакво.
100% оризово брашно е, со додаден витамин B1. Нема додаток од други житарици, ниту семиња. Прочитајте под состав/Ingredients. ХА е хипоалергено (нискоалергено). Ама можеш и да го приготвуваш со вода, инаку од самата кашичка е минимален ризикот за алергија.
Му дадов малку прво божем да проба, инаку го направив со вода и со банана го смешав (веќе има јадено), ептен му се бендиса, сакаше дури цело да го изеде, ама многу голема количина ми излезе.
Душичка, му се допаднало. Сепак ориз и банана во комбинација не е пожелно бидејќи и двете знаат да предизвикаат запек. Давај водичка почесто денес за да избегнете тврда столица.