Eли те молам кажи ми кога воведе втор оброк, по колку количнски му се оброците и колку пие млеко, ако не е на доење, инаку не би знаела секако Син ми пие по 990мл млеко и еден оброк, кога 50гр, кога 100гр, а на педијатар сега ми рекоа да намалам со млекото постепено, да почнеме со 2ка Хип, да дојде по 500мл млеко и да јаде кашички, е сега јас мислам дека детево ќе ми вришти за јадење ако му намалувам од млекото, не знам како да го изведам сето тоа, затоа те молам кажи ми како правиш ти? Инаку денес го мереа, за 5 дена ќе има 6месеци, 8100гр и 67цм, малку е буцко
Малку е 50 грама за оброк. Воведен оброк се смета кога бебе ќе изеде барем 100-120 грама храна. Тогаш се менува едно млеко со оброк. За да јаде треба баш еден термин млеко да му смениш со храна. Значи на околу два и пол три саати после АД млеко даваш оброк. Моето беше на комбинација доење и АД и АД млеката ги менувавме со оброци па остануваше на се помалку АД со тек на време.
Здраво. Сега читам мајки по фејсбуков грашокот го давале без лушпа. Ние воведовме грашок и бебе убаво прифати ама со лушпа. До толку ли сум неинформирана? Чувствувам грижа на совест сега.
Јас никогаш не сум лупела грашок. Не се замарај многу со тоа кој како прави. Слушај педијата за совети што и кога се воведува и толку.
Јас вечера дадов една недела пред да направиме 9 грамажа небитна колку ке изеде толку али правев по еден цел оброк кога изеден кога не, најчесто за вечера бисквити хип мелени со млеко и некое овошје, понекогаш готова на хип нокните онаа со какао многу ја сака овесни со јогурт, со банана, палента со печени јаболка урми, во принцип житни снегулки со овошно пире итн.. урдата ми е домашна и ја замрзнувам и шо остане не го замрзнувам поново а гриз ако мислиш на пченичен никогаш не сум дала она кога ке набабри лелее јас не го јадам а не камоли ќерками ама тоа р мое мислење... Се надевам помогнав Јас го лупам
Ние за две недели полниме 5м,сакав да почекам до тогаш ама дека пие многу ад си реков следната недела веќе да почниме со пробување вкусови Прашањето ми е дали е во ред да почнам со ориз, дека неутрален вкус?
Мари На мене мила педијатарот ми кажа ориз после 5 и пол-6 месеци да воведам. За почеток јаболка, круша,морков,слива,тиква,компир и банана... некои воведуваат и пашканат. Овие намирници мене ми ги кажаа да ги воведувам до 5 и пол месеци. И така и почнав.. и ние пошто само сме на Ад, ми кажаа од 4 месеци или после 17та недела да почнеме со пробување на вкусови...Позз
Баш убаво си кажа, вид на мајчино млеко, кравата за телето, козата за јарето, овцата за јагнето...што по автоматизам не го прави добро и за човекот, оти кравата/козата/овцата не го родиле. @orhideea ако сакаш, прави ги млечните каши со кравјо. Можеш, не дека не, ама јас би почекала до кај 10 месеци барем. @eli25 слободно мрзни ја урдата. Јас имам домашна изварка, замрзнувам во помали ќесенца, вадам по потреба.
Мајки имам неколку прашања 1.Кое кисело млеко го давате за прв пат, кој јогурт,која павлака,кое несолено сирење? 2.Спанаќ како спремате, дали може на пареа? 3.Докторката ми спомна кога ќе воведам млечни и додека пробуваме да не воведам ништо друго ново ...Дали тоа значи прво да воведам спанаќ,блитва, (тие ги нема пробано) па потоа да почнам со пробување млечни производи? 4.Дали млечните ги комбинирате и во доручекот и во ручекот?
Кога воведовте ручек? За 10 дена полни 7м само едно јадење има. Јадеше по 50гр а пред некој ден почна по повеќе да јаде. После оброк само кога ѝ се спие цица, онака не.
На 7 полни воведов ручек Него @Melinda85 тиква,круша и слива не беа 6+ Јас знам со ќерка почнав со јаболче,банана,компир,морков и ориз А сега сакам обратно да почнам дека благото се прифаќа побрзо
Вечерва направив домашна несолена урда со домашно кравјо млеко, како за прв пат супер испадна. За 5 дена бебе ќе полни 8 м и ќе дадам прв пат, потоа ќе направам и домашно несолено сирење
Мила секој доктор различно кажува, по консултација со 2ца доктори нивна препорака е да се почне со ова овошје и зеленчук. А и мои другарки кои се кај други доктори, им е кажано да почнат со овие продукти зс почеток. А и мене ми кажаа дека благото нормално полесно се прифаќа, но мојава убавица за сега не ми прави проблем на компирче и морков... се си јаде..за оризот добив одговор дека е тешко сварлив и затоа го внесуваме како продукт малку подоцна. Сепак на нас останува да одлучиме што и како ќе даваме на нашите бебенца. Секоја мајка си го мисли најдоброто.. позз Може мила немам дадено, но др. Марина Ремедика ми кажа дека можам како продукт да го воведам после 5ти месец.
Ели јас колку што се сеќавам за синчево, гриз правев со вода и после додавав природни засладувачи, некогаш само гриз со маџун (но незнам од колку месеци беше тој), или пак со комбинација со поблаго овошје, како банана, поблага јаболка, суво овошје и заедно блендирано...
Чиста слива на хип пишува дека има оризов скроб и уште нешто. Имам дадено сува слива повеќе пати. Смеам да ја дадам кашичката? Мислев дека е 100% слива како јаболкото. Или има друга кашичка чиста слива? П.С нема пробано ориз
Ima, pobaraj vi zegin mislam deka lollipop kazuvase, tamu ima najgolem izbor na hipp kasi 100% ovosje i zelencuk.