За сите кој почнуваат со дохрана и за тие кој немаат идеја што да подготват за бебуш. https://www.youtube.com/channel/UCeV_fS6peS2DFoFD81DzToQ На каналов имате многу идеји за разни кашички почнувајки од 5 месец па нагоре. Погледнете навистина има корисни совети и рецепти.
Јас го користам она на Рискоса, не содржи јајца, но содржи глутен. Иако јас веќе имам воведено и цело јајце, Рискоса користиме дома.
Обично сите се посни, по состав само дурум пченица и вода. За Дивела и Рискоса знам со сигурност, Миско не сум купувала скоро, ама и тоа мислам е исто.
Купив денес. Мислев дека содржат јајца, но испадна дека и на дивела, рискоса и сантела е само од пченица и вода направено. Сакам да направам супа со пилешко домашно, вчера и направив пилешко,тиквичка,морков и кромид не сакаше да јаде. Седнавме ние да јадеме и она нѐ гледаше па и дадов малку лепче натопено со к.млеко и си јадеше и уста отвараше. Пред некој ден јадевме сукано со блитва, ѝ дадов од блитвата со к.млеко и тогаш јадеше и сакаше уште. Пред тоа исто леб натопен со течноста од домашна супа си јадеше. Не знам зошто не ми ги јаде кашите, а од ова ние што го јадеме сака и тоа не кашесто туку за џвакање. Мала ли е за леб?7+ е
Супер што сака така да јаде, не е мала (ете и самата си покажува дека не е), ако имате воведено глутен давај и слободно. Мојот почна покасно, ама претходно не изразуваше желба. Супа можеш да и направиш, на ептен ситни парченца сецкано, па пробај дали ќе јаде така. За поздраво стави и коска да се вари и во таа вода направи супа.
Имам замрзнато пилешко со водата во која се вареше заедно со се коски, само да го одмрзнам треба . Ќе го иситнам скроз, ќе изрендам на ситно зеленчук, малку фиде и маслиново ќе ставам. Имам воведено глутен, ама пченкарен леб ќе и дадам, повкусен е тој
Со спањак, компир, морков, место ориз. Со тиквичка, кромидче, брокула.. Можеш со се. @eli25 Јас имам најобични без јајца. Не ми текнува како се викаше фирмата. После ќе сликам ќе ти пратам.
Фала @mariz Палентата и оризот може за прв пат штом ги внесам да ги комбинирам со воведена намирница? И некој предлог со што ги комбинирате? Ова почетоциве на исхрана не знаев дека толку комплицирано ќе ми изгледаат, морам за се нешто да прашувам и да читам по интернет
Палента не сум сала уште, ориз дадов. Оризот и го дадов само со ад млеко прво, малку колку за проба. Со синчето сум заборавила, ама он кркач беше и не прибираше, палентата ја јадеше и без ништо, но му ја комбинирав и со банана или брокула најчесто.. понатака и со к.млеко. Можеш некој залак чисто само палента колку за проба, да го запознае вкусот. Се воведуваат прв пат намирници без да се мешаат со веќе воведени за да се запознае вкусот, може на страна 2,3 лажици немешано да се тргне, а другото да се измеша со веќе воведено
@Ambra20 И мене толку комплицирано ми изгледаат,постојано прашувам,читам запишувам.Ма да што ние веќе месец ипол кај што сме почнати.Но многу ми е страв нешто да не утнам во комбинирање или во редослед на храна.