Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    Мајки, малини капини замрзнати од фриком или од било која друга фирма дали сте давале како додаток во исхраната односно во комбинација со нешто друго на пример малини со јогурт како овошен јогурт.....и ако да од кој месец ?
     
  2. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.228
    Допаѓања:
    17.957
    Леле маички ќе полудам готово. Значи малава ништо не јаде. Не знам веќе како да се поставам. 9 месеци е и едвај 5/6 лажички по оброк јаде. После врти глава и плаче, се додека не добие цице. Значи 300 комбинации, не е можно ништо да не и се свиѓа.
    Пробав да не и давам да цица едно 5/6 саати пред оброк, џабе. Ме немаше дома 8 саати, уста не му отворила на мм. Можеби не е соодветна тема, ама навистина ми треба совет. Многу сум загрижена.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.169
    Пол:
    Женски
    Да, може како овошен јогурт, ама малини и капини се 12+.
    Ако си почнала на работа, нормално е. Промена е за малото, ќе пројаде, само упорност треба. Моево така, првите два месеци откако почнав на работа слабо јадеше или воопшто. Ама се разјаде, сега не одбива ништо. Почесто по малку нека ја нудат, кога тогаш ќе прифати.
     
    На Sofronko му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Јас ги купувам последниве недели на Фриком замрзнатите овошки претежно малини и јагоди и она кое моментално го немам домашно замрзнато ( потрошено ми е горе доле све ). Јагодите знаеш се после 12+.
    Јас лично малина прво дадов преку Хип кашичката на шмукање ( оние кој се водат како алергени намирници прво ги давав преку готова каша ). Да не те излажам ама мксмам после 9+ ја дадов кашата и после почнав свежи малини да му давам.
    Исто и со капините и јагодите така направив.
    Аронијата поради крвна слика од 7+ веќе ја имаше во менито.
    Само што јагода дадов прв пат после 12+ месеци.
    Незнам колку месеци имате...
    Јас му правам домашен овошен јогурт. Овошките му ги блендирам со к.млеко козјо или со јогурт. Додавам некогаш и плазма или овесни снегулки ( едно време не ги давав сега почнав пак да му ги давам ). Додавам некогаш и мелени семки од тиква, мелен лен, чиа семе, овес, јачмен, просо, хељда, амарант, мешавина од киноа ( бела, црна и црвена ) итн. Зависи колку месеци сте па според воведеното ќе комбинираш соодветно на возраста.
    Овие комбинации сеуште за доручек ги јаде мојот со овошје.

    Тој период и мојов така правеше. Не форсирав и никогаш со сила не го ранев за да не му створам аверзија кон храната ниту стрес. Периоди се ќе поминат. Најбитно е да напредува и ете цица. За ова ги читав искуствата на мајки во темата деца од 12-24мес и ете читни ќе се увериш дека 80% доени деца преферираат повеќе цицање отколку храна. Ако напредува соодветно и лрвна слика не е хаотично падната...немаш место за паника. Знам дека фрустрира зашто го поминав тоа, еве го сега е скоро 13мес и пак 2 недели е таков пак. Прај фрли е цело време. 1днаш го оставив по " мудрите совети " од блиски, демек не му давај да цица ќе видиш ќе јаде. Од 12ч до скоро 18ч уста за лажица не отвори и беше нервозен, урлаше, од земка се трескаше и искрено веќе никогаш ова го немам пак напраено. Колку јаде јаде и кога ќе почне да трга глава, да пљука, бутка лажица, плаче и сл. прекинувам со јадењето за да не го правам нервозен и под стрес. Ај со сила да јадеш ти бива? Вака педијатарката ми кажа и рече ако нејќе нејќе со сила никогаш да не го раниш. Ако сака да цица нека цица. Одлично си напредуваше и напредува. Мала криза со хемоглобинот имавме му беше мислам 108 па си рипна после. Ама за ова мислам со @Lolipop23 и @Annath се советував. Го послушав советот од Лолипоп и верувај ете да ти сликнам за 1дна недела во различни лаборатории му праев к.слика и сегде беше различно. Веќе нит го боцкам нит се замарам.
    Може заби му растат на твоето, еве мојот тој период вадеше заби наеднаш 4 и беше таков, сега пак 4 наеднаш му излагаат и пак е таков нејќе да јаде на моменти. Пробај не блендирај храна. Мојов приметив ако е блендирано нејадеше и нејаде, ако се парчиња и му давам така со рака си јаде колку толку.
     
    На Sofronko, stevemila и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  5. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.228
    Допаѓања:
    17.957
    @Annath не е до тоа, не одам на работа, јас ја чувам. Од 6 месеци почнав со дохрана и од почеток е таква. Не пројде и не. Дали 50 гр јаде по оброк, некад ни толку.
    @sofi2107 хемоглобинот 117 и е. Ја немам измерено брзо, на 8 месеци околу 9500беше. Не е фаза да речеш заби. Цело време е таква. И давам во раце корче, дури и бисквита, ама ко ќе види дека е за јадење одма фрла. Ги гледам децана од другарки, на таа возраст јадат ли јадат, а моево ко новороденче, само цицка. Последно ме посоветуваа да и скратам ноќни подои, можеби ќе поизгладнела, ама не верувам дека ќе помогне...
    Фала ти сепак, ме утеши малку...
     
    На Annath, stevemila и sofi2107 им се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.693
    Мајки ние воведовме жолчка, телешко и пилешко. Како оди сега неделниот распоред? Еднаш пилешко, еднаш жолчка а телешко другите денови ли?
     
  7. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Јас вишна дадов на 7+, а малина на 9+. Најчесто со кисело млеко и давам и гриз заедно со банана бидејќи чисти се киселки.
     
    На Sofronko и stevemila им се допаѓа ова.
  8. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.637
    Пол:
    Женски
    Јас мислам по два пати неделно давав жолчка а останатите денови не мора да се месни
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Ели јас засега давам два пати жолчка, два пати телешко и еднаш пилешко и два пати само зеленчук :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    2.639
    Пол:
    Женски
    Јас ке ти кажам за мене а другите за себе :) 3 дена жолчка 4 дена месо ако не е жолчка месо е и обратно, сега пошо сме поголеми и ја пржам нешо како бебе омлет, зајачко давам почесто имам месо и од див и од домашен, пилешко имаме домашно и тоа е почесто, а тоа телешкото го воведов на 8ипол и ретко давам, еднаш неделно а понекогаш и на две недели, сакам да набавам месо од теле ама цицалче а кој ти коле толку мало? Е тоа е тоа мисиркино не давам дури не најдам домашна ама и тоа нема, кој ти чува мисирка сега, а сега на 10 ке воведеме и риба, мислам дека можеме со црвено месо ама ке разгледам пак, па ке воведам и говетско и ке се збогувам со телешкото
     
    Последна измена: 24 април 2018
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. karibian

    karibian Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    3.423
    Пол:
    Женски
    @eli25 јас давам еден ден месо еден ден жолчка
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.555
    Пол:
    Женски
    Nikogas nema da mi padne na pamet da davam meso od cicalche Zalno e.
     
  13. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.034
    Допаѓања:
    5.543
    Јас сум со дете нејадач исто мака мачам. Мене ноќите ми ги спие, и единствен оброк што го јаде цел е сабајле кога ќе стане зошто цела ноќ не е јадена. Исто за ручекот ми прави, по 3 каши правам ориз компир неќе, па ќе касне по 2 лажици и затвара уста. Педијатарот ми даде вит ц капки да и давам за апетит да и отвори ама џабе. Затоа ручекот јас на 2 пати и го давам. Ако во 13часот ми изела околу 40гр останатото накај 16часот и го додавам, упорна сум со храната место да и дадам млеко. Тешки се деца нејадачи.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.693
    Славица така ти рече?
    Ја немам прашано искрено....
    Во ремедика кога прашував немавме жолчка воведено и не ми текнува каков беше планот ...Знам само за телешкото ми рекоа преку еден ден. На 3ти мај сме на контрола па ќе прашам за посигурно. Жолчката во зеленчуковите каши ја даваш така?
     
  15. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.228
    Допаѓања:
    17.957
    Колку месеци сте?
     
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    @Luna91 а занимации му правиш додека јаде? Знам дека не е најдобро решение, ама кога синко ми штрајкуваше со глад почнав да му пуштам од детските песнички на YouTube и количината што ќе ја изедеше со песна и без не можеше да се спореди. И ден денес си јаде со песни. :angel:
     
    На karibian му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.169
    Пол:
    Женски

    Ќе пројаде, само кога... тоа никој не знае да ти каже... моево со дедо и баба пројаде, лето беше, надвор јадеше. Не го форсираа, колку му се јаде, толку. И уште цица, ама доењето му е утеха, десерт, занимација.

    Јас мака мачам со големиот. Седум години има, до пред две години не правеше проблем за јадење, што му ставиш тоа јаде. Сега ем пребира, ем некои работи воопшто не ги јаде. Јајца на пример, колку ги сакаше, сега со очи не сака да ги види, не дај Боже да му замириса. А кога беше мал, се си јадеше и прилично количински без проблем. Децата се такви, се им оди во фази, јас се тешам дека поминуваат.

    Не форсирај, мене ми е тоа најголема грешка.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.228
    Допаѓања:
    17.957
    Пробано и тоа Лолке, на почеток ми успеваше, ама сега гледа и со раката ја покрива устата (facepalm).
    Еве сабајлево јас и давам оброк таа плаче ли плаче. И не можев веќе, по некое време и дадов да цица. Се смири и заспа. Лудило ме фаќа, имам чуство дека јас некаде грешам. Може не треба да и дадам да цица,ама не можам ни да ја оставам гладна и уплакана :whew:
    @Annath до пред некоја недела по саат ја ранев за да изеде пола, мала кашичка. Сега решив да не сум толку упорна. Ја гледам не сака и не форсирам. Многу фрустрира кога не ти јаде детето, барем мене. Се осеќам некадарна што не можам да излезам на крај :(
     
    На Addicted му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.169
    Пол:
    Женски
    Не си само ти... мислам дека нема мајка што не се нервира кога детето не јаде. Ич не е лесно знам.
     
    На karibian, eli25 и Luna91 им се допаѓа ова.
  20. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Се согласувам и јас дека нема нешто полошо од дете нејадач. Скоро имавме проблем со малата ништо не сакаше да јади и млеко одвај пиеше. По три каши на јадење фрлав. Отвори пробај фрли. И домашни и купечки. Ни млеко не сакаше да пие. Во очај пробав и сок да и дадам само да внеси некоја течност. Ни тоа не сакаше. Мислам дека психички попуштив тој период. Се поклопи и со моето тргнување на работа. Среќа се среди.

    @Luna91 Знам дека е тешко ама пробај да не се нервираш. Најди и некоја занимација. Нека држи малата в рака нешто некоја играчка нека се занеси во играта. Пробај да и пееш, збориш додека и даваш да јаде. Само без форсирање. Доколку видиш дека не јаде направи пауза па понуди пак.
     
    На karibian, stevemila и Luna91 им се допаѓа ова.