Премногу изнервирана денес се вратив од педијатар. Малата пред некој ден наполни 4 месеци и како секој месец така и овај бевме на контрола, мерење и сл. Бебе има 7кг. Родена е 3610, со 3290 излеговме од болница...скоро секој месец качува по кило што значи бебе си напредува и повеќе од доволно. Педијатарот ми вика, е супер, штом направивте 4 месеци, почнувај со сокчиња и овошни кашички овај месец, после од 5ти со зеленчук до 6ти, па понатака месо и сл. Јас целата зачудена од муабетов му викам, нели е рано да почнувам, плус бебе супер напредува а само на мајчино млеко е, сакам барем да се почека до кај пет и пол, пред 6 да почнам со вкусови. И зошто само овошје прво, а не и зеленчук, за да се научи на слатко и после да не ги јаде зеленчуковите кашички? Плус сокчиња не сакам да давам, вода е подобро, нема потреба да се дуе бебе со сокови. Неговиот одговор: како рано тамам си сте, уште денес почнете и само со овошје, зеленчук рано ви е, а сокчиња обавезно полни витамини се, шо ќе му е вода (во глава си викам wtf???) Друго прашувам дали по три дена од исто да давам или повеќе, ми вика абе секој ден различно какви три дена, да варам или на пареа нешто да правам, вика се свежо одма давај, барам совет доколку не можам да најдам посигурни производи од сигурни луѓе дали е подобро на пр. Хип да давам дека се органски, ми вика абе ич не се замарај како било...значи филм ми пукна едвај издржав да не се направам лом таму...уште па на прашањето за количински колку да давам, дали по 2/3 лажички за проба на почеток, ми вика колку по ќе јаде бебе толку и цела тегличка ако сака давај. Додека во меѓувреме не најдам посаглам педијатар, ве молам некоја членка подетално нека ми каже, од искуство со подобар педијатар, како се воведовте исхрана и на кој начин? Возраст, овошје/зеленчук, варено/на пареа/готово купено, количински по колку дававте, пробување 3 дена/помалку/повеќе, кога воведовте ориз, житарки и сл. Кога почнавте со вкусови дали тоа беше пред доење или после? Кога воведовте цел оброк? Се извинувам за рефератов
Ние со пробување вкусови почнавме на 5+(бебе е на ад млеко) по неколку лажички и тоа три дена исто овошје(пр. три дена јаболко) па три дена зеленчук(пр три дена морков). Сок не дадов. Пробувањето треба да е пред доење/ад оброк. Цел оброк воведов во средата,а вчера наполни 6 месеци. За пробување давав купечки, а потоа домашно варено. Ориз палента просо ќе давам од денес. За педијатар не знам предлог, ама овој треба да го смениш, сигурно
Од Охрид сум, затоа и не побарав совет за педијатар, не верувам дека има многу членки од Охрид, ама под итна постапка го менувам
Мене Арнаудова кога ќерками имаше 7м ми вика грав давај и ја сменив, сега ми е Пантоска и мн сум задоволна на вибер си ја контактирам не ни одам на прегледи баш од тие причини, кажуваат работи и после се нервирам... оние од советивалиште пак жолчка од 6м не се замарај
Па и од слушање на други немам некое добро мислење за нив, само не сум сигурна дали од докторката или од докторот. Јас сум кај Климентина Грунческа, на маларична,досега сум задоволна. @Marija_Magdalena мене патронажната ми рече од 7 да давам жолчка, белка пред годината.
Е да белка заради вакцинана МРП , а патронажната не е дојдена ич, еднаш само и тоа на почетокот, за се друго ми е Пантоска и еептен сум задоволна
Дома пак три пати се дојдени. Еднаш пред да се породам, еднаш од ко си дојдовме дома и сега пред недела дена.
@Tahitiana На 4+ почнав со по неколку лажички зеленчукови кашички на Хипп, на 5 воведов прв оброк- зеленчук и продолжив да давам секој ден по неколку лажички овошни каши, на 6 месеци воведов втор оброк - овошје. Сега овошје само пасирам со вилушка или рендам на ситно а зеленчук варен или на пареа и исто пасиран. Сокови не давам, празни калории се тоа и не ми треба педијатар да ми потврди дека не треба, се друго ми е со препорака од педијатар. Јас имав неколку причини зашто почнав порано со цврта храна, ти не мора да брзаш, почни од 5 ипол со пробување вкусови, на 6 одма да имате оброк. Според мене до 6 само да е на доење не е во ред, ако е активно бебе му требаат калории. Ќе си цица пак секако
Moite se 4 + pedijatarot mi rece da pocneme so vkusovi. Jas orizova voda im dadov nekolku pati prethodno za stomakot a sega kupiv od hipp oriz . Treba da probuvam 3 dena ili moze da im dadam poveke
Неколку дена по 4-5 лажички давај им за случајно да не имаат некаква реакција и сите намирници после исто
Јас знам од докторот не се задоволни, мајка му е поискусна ама мислам пред пензија да не е, не знам точно. А Пантоска и Грунческа се во иста ординација, за двете имам слушнато дека се добри. Нема да згреши кај било која, дури и јас се мислев таму да се префрлиме. И мене педијатарот ми рече од 4 да почниме ама јас не ја послушав, сама ќе си види кога е детето спремно за цврста храна. А за белка во советувалиште ми рекоа после година.