Ние сме 7 и пол месеци ,цицаме и имаме воведено доручек и ручек ( двата оброка се отприлика по една мала тегличка). Дали можеме да воведеме вечера? Што на пример се дава за вечера?
Вечера се воведува околу два месеци после воведувањето на вториот оброк. Најчесто со полни 9. Рано е на седум и пол месеци, тогаш ручек се воведува.
Јас сега на 6+ воведов втор оброк. Има појадок и ручек и 4 пати ад млеко. Од 7+, мислам фека може вечера. Да не грешам???
Рано е. Како што кажав секој оброк се воведува барем два месеци откако е воведен претходниот. Ама не е само тоа, мешето на 7+ не е спремно за три цврсти оброци. Има време, ќе јадат, нема потреба од брзање. Иначе, ако има два цврсти оброци, треба да има уште три пати ад млеко. Пет оброци се во денот.
Зедов природен домашен од луѓе од кавадарци, ама го потрошив, сега ќе треба некој таков да земам, од зегин од веро...
Мајки би ве замолила за мала помош. Малава моја има скоро 5 и пол месеци до сега има пробано повеќе вкусови. Од пред 2 дена и воведов и еден оброк доручек. Го давам од 10-11 часот кога е време за млекце. Колку грама треба да изнесува оброкот, и давам 120 гр и без проблем си ги јаде. 2 пати имаме млекце од 150 мл ,и 2 пати млекце од 180 мл. Ваши совети дали добро постапувам..Кој бисквити , ориз и палента се добри да ги земам? И дали палентата кога ќе ја дадам за првпат и оризот одма ги правам во комбинација со пробан зеленчук или овошје? Ви благодарам однапред за одговорите... Убав ден мамички
За количината незнам што да ти кажам. Синко е 8+ па некогаш јаде одвај 100 гр., а некогаш 200 и уште отвора уста. Давај и колку сака. Ќе има периоди кога ќе ти јаде повеќе, а некогаш па ич. За бисквити мислам мали сте. Евентуално ло бело безглутенските, ама јас не би ги дала толку рано. Сите други се со глутен, а претпоставувам не ви е воведен. Оризот мислам само првиот пат дадов малку чист за проба, а потоа го мешав со веќе воведена намирница. Палентата уште првиот пат ја мешав, зошто и онака нема чиста да ја јаде.
Жолчка имам дадено 3 пати, денес 4ти. Може ли заедно со спанаќ кој уште не ми е воведен да ја дадам денес, т.е. да воведам спанаќ заедно со жолчката?
Не е препорачливо додека ти трае фазата на воведување да даваш и друга намирница. Претпоставувам по шемата 1/8,1/4... воведуваш?! Јас би ги оставила спанаќот за утре веќе ако ти е во план да го воведуваш.
Да, по таа шема воведувам. Штом не се дава ново додека се воведува жолчка ок тогаш. Со што да ја комбинирам жолчката за ручек? Некоја комбинација, освен со палента и компир?
Јас купив палента органска од Зегин и првиот пат ја дадов со готова каша од јаболко, а ориз земав мелен на Хип и вчера прв пат го дадов со ад млеко. Се изненадив цела тегличка ја изеде, благичко е како сутлијаш, нема потреба да се меша со друго.