Жолчката се воведува 1мес. Кога веќе ќе дојдеш до пола жолчка слободно воведувај и друга намирница. Како што спомна жолчка и спанаќ или блитва во оброкот. Жолчката ја воведов 6+ ( по препорака на педијатар поради малку намалениот хмг ) во меѓу време си воведував и други намирници и истиот ден кога давав жолчка па и комбинации и со жолчка му правев. Ден денес ( за некој ден 13мес ) највеќе ја сака комбинацијата жолчка, банана, гриз ( со АД му го правам ). Незнам колку месеци сте ама после 10+ во таа комбинација доставам и 2 урми и пола лажичка органско 100% какао ( рецептов е од една од членките ама не памтам од која ). Органското какао после 9+го воведов. Исто омилена комбинација му беше и ден днес му е : жолчка, палента, семе од коприва и к.млеко или од Мегле кајмакот му ставам. Зашто да неможе. Ден денес некој денови така му се погаѓа да јаде ( 13мес за некој ден ќе е ).
@emkaemka драгана ми кажа да не ја дохранувам уште еден месец. Вика греота е да јаде јаболчиња кога супер напредува
Прашања еден тон, морам. Смеам ли спанаќ да му дадам на детево, на 9ти мај прави 7 месеци? Авокадото треба ли да отстои додека да омекне ептен па после да се конзумира? Просо како се спрема, се вари, се мие, се треби, што се прави со него и со што се служи, со овошје, зеленчук? Палента може и со млеко и со вода да се свари така? Сум изнакупила 10 тона храна, сеа ќе ве пукнам овде, затоа однапред ви се извинувам . Иначе ме прашуваат маж ми и мајка ми, што е ова (за просото), и викам ''просо бе'', и мајка ми, ''па тоа е храна за птици'' , и викам ''па пола бебешки рецепти шо ги читам се со просо'', а маж ми од таму вика, ''е е е просо ќе му дава, значи утре ако купиме папагал, овој храната ќе му ја јаде''
@RedRevolution истите прашања и мене ме мачеа и прашував овде па ќе пробам да ти одговорам.Спанаќ уште немаме воведено,7+ не знам можеби уште воведуваме намирници од 6 месеци.Уште батат и пашканат ни останаа.Според бебе готвач. Авокадо пробавме,ако е многу омекнато може да е скапано.Пресечи го и внатре тоа што се јади треба да е меко и со лажица се вади. Пред да го пресечам го чував на собна тем.,но после во фрижидер,бидејќи го делев за два дена. Просо и ние сега пробавме,јас по препорака од членките го оставам да отстои преку ноќ и го варам др ден.Читав се прави комбинација 1:3.но јас дотурам вода во варењто.Се вари 15-20 мин.Го давам и со зеленчук и со овошје. А палентата јас со вода ја варам,и досега само со овошје ја имам дадено,оти уште немаме воведено к.млеко и сирење.А викаат така била најубава.
А просото да отстои во вода така? И пашканат купив, тоа смеам ли да му дадам сега или покасно, тоа се вари и се пасира, но колку количински се става во бебешки оброк.? извини.
@RedRevolution На Јутуб пиши Mama Jela ( вака пиши го) имаш еден куп рецепти за бебенца од 5 месеци па нагоре. Многу се корисни.
@RedRevolution пашканат сеуште не сум дала,а можеш да од 6+ е тој. Еве @eli25 кажа колку,и јас не знаев. И да просото да отстои во вода,1-2 лажици.
Ќе си терам по мое Планирав кон крајот на 5ти да почнам со вкусови, за да си фатиме ред некаде до 6,5 месеци, па така ќе си терам
Jas pred 5 polni pocnav ama ne mi jadese.Eve pred nekoe vreme mi pocna salam da ajde i daima obroci.Od vcera i vecera,taka mi kaza Dr na pregledot.Mislam taman ti e,dur si pocne da si krka ke si bide so mesecite taman
Со сласт нека ја шматка првата лажичка Дунде, полнете мешко ^^моево сега последниве 2недели приметувам дека перцепира храна, душка, загледува, следи, се пружа, кога му доближувам било што до уста не ја отвара, освен за капсулите Бебитол, отвара шматка и бара уште, лажичка оддамна не видел пред себе да знам како ќе реагира на неа
И моево се загледува. Добро не ја виделе бабите инаку гарант ќе кажеле гладно дете, греота е, дај му Аааа јас лажиче воведов за биогаја убаво си отвара и го шмата. Едно гајле помалку
Вчера читав рецепти, секаде кај што има компир се напоменува сладок компир, не ли може од овој обичниот да јаде, мора ли од тој? Што е ова со хранава за бебиња, се ми е нешто чудно, па ние повеќе од пола од овие намирници не сме јаделе ни како мали ни па сега, баш и не ми е логично да го навикнувам детето на вкусови кои ние не ги конзумираме секојдневно а повеќето и никогаш. Не ли може дете да јаде тоа што ние го јадеме, па нас како не растеа, сигурно не со амарант, кус кус, просо, авокадо, сладок компир, вакви семиња, онакви семиња, кокосови масла и ред други работи, јас не знам што да му давам на дете од тоа што ние го јадеме, скоро сите рецепти за бебе содржат по некоја од овие намирници.
Не мораш да даваш се што пишува по рецептите. Јас на пример киноа, амарант не сум дала. Само просо. Кокосово исто не користам, користам маслиново и путер. Твоја е одлуката што ќе му даваш на своето дете. Рецептите што гу гледаш нека ти бидат појдовна точка, не мора строго да се држиш и да ги ставаш сите намирници.
На пример ме интересира од кога може, пиперка, патлиџан, леќа, грав, грашок, путер, к.млеко, павлака, сирење, крставица, обичен компир, леб, тестенини, јајца, на начин на кој ги спремаме за нас само нормално испасирани и без сол, зачини, зејтин и секако непржени, бидејќи тоа е нашата исхрана.
По табелата која ја користам отприлика вака би било пиперка 8+ патлиџан 8+ леќа 8+ грав 10+ грашок 7+ путер 6+ к.млеко 7+ павлака ова мислам после година, не ми е на листата сирење - кравјо несолено мислам 7+ крставица 6+ обичен компир 6+ леб кога ќе воведете глутен тестенини исто кога ќе воведете глутен ивјајце или ако користиш без јајца само глутенот да е воведен јајца за ова има посевна тема. Начелно жолчка 8+ се воведува по шема, прочитај во темата, белка е подоцна - околу година мислам Пак ќе кажам ова е по некоја листа која јас сум одлучила да ја пратам инаку има различни препораки.