Ние сме 6+,сакам да воведам просо, ама не ми е јасно колку се става просо а колку вода (колку грама просо а колку вода, сакам попрецизно ако може),и колку саати претходно треба да отстои во вода? И уште нешто, од коха се воведува карфиол? Однапред благодарам за одговорот што ќе следи
Просото е 2:1, ама јас секогаш ставам повеќе вода. Мерило ми е мало тегличе од кашичка. До пола полнам со просо, значи целото со вода, испаѓа 4 супени лажици просо со 100 гр вода. Некои го киснат од вечер, јас досега не сум го киснела, варам 15-20 минути дури не распука зрното. Карфиол може слободно да ручкате
Зависи со што ќе го искомбинираш просото,нас 4 лажици ни се многу.Ставам 1 до 2 најсила супена лажица,и мешам со банана,јаболко или друго некое овошје или зеленчук и доволно ни е.
И нас ни е многу ама морам заради блендирање поголема количина . Го мешам со пола крушка и две суви кајсии, само така го јадеме, не го сакаме мн мн
Јас вчера му дадов со пола авокадо, просо и лажица кисело млеко. Како намаз беше, изедено во еден здив.
Ние сме 11 пoлни месеци , сaкaв дa прaшaм дaли мoжaм дa дaвaм чoкoлaдo, крaстaвицa и дoмaт ? Истo и зa сoл штo мислите, дaли веќе мoжaм дa стaвaм пo мaлку?
Здраво.За неколку дена полниме 5 месеци на ад формула сме.Почнав со пробување на вкусови.До сега имам дадено јаболко, тиква, морков круша и банана.Сакам да дадам ориз и тиквица и не знам како да ги подготвам.Оризот го направив со ад формула и некако е бљуткаво со што можам да го подготвам и да го дадам.Однапред Благодарам на советите.И уште едно прашање што друго од намирници можам да дадам за бебе од 5 месеци.
Оризот може и со овошје и со зеленчук да го комбинираш, ама ќе пазеш оти дава запек. Ќе го свареш во однос 1:3 со вода и ќе изблендираш. Тиквичката исто варена и блендирана, може во комбинација со морков и тиква или ориз кога веќе ќе го воведеш.
Мајки дали може да давам од ова просо? И бидејќи пишува прво да се измие, дали само да го мијам под млаз вода или го ставата да проврие, па се фрла водата?
Дома му правам со пресно млеко да зоврие заедно со кисело млеко. Две лажици сигурно,плус кисело млеко да има вкус да не е гола палента. Кога пробуваше вкусови тиквица дадов сама варена и блендирана,блага е и вкусна. Ориз варен во вода и банана е многу вкусно и така му давам.