Гриз и јас го давам тој. Инаку гриз можеш со било кое воведено овошје ( банана, јаболко...). Палентата во почеток ја давав со тиквичка.
И јас се сложувам со @LiliBoz . За околу припремата за цвекло ја би ти дала совет да не го вариш туку на пареа да го направиш. Пти варењето витамините ќе ги изгуби и на крај ќе приметиш розе светло боја ќе е нема да е бојата на цвекло и вкусот нема да е ист. При готвењето на пареа ќе се зачуваат витамините и пред све вкусот од искуство пробај ќе видиш. Можеш и излупено на пареа да го готвиш и ќе го боцнеш со чечкалица па ќе видиш дали е готов. Таман и морковчето можеш исто на пареа повкусно е многу. Јаболката свежа. Таман кога ќе станеш стај одма на пареа и дур се средувате и играте ќе е готово за доручек. Наздравје
Можеби коментаров ке се префрли во темата за оброци ама јас ке ви пишам, и ние сме на Ад, сабајле станува во 6ипол ранобудници сме затоа што си легнуваме во 21:30 најкасно 22 и нема млеко туку е појадокот некаде околу 7 7ипол најкасно(ако и даеш млеко нема многу количински да ти доручкува а и ручекот ке ти го помести покасно барем кај ќерками така беше) па млеко и накај 10 првата дремка е кога ке стане доаѓа ручекот некаде околу 13 или 13 ипол најкасно , па кон 15 втората дремка, вечерата е кон 18 18 ипол најкасно, Ад и вкревет и за млеко еднаш се буди накај 4 Се надевам ти помогнав Да редактирам 10м + 2 недели
5+sme pedijatarot predlozi da pocnime se probuvanje vkusovi.I ovosje i zelencuk.2do 3 pati vo den...ne e mnogu? mene nisto ne mi e jasno.
Да не ти рекол по 2-3 лажички А можеш јаболко, банана, слива, компир, морков и ориз И ние почнавме со 5 полни и уште сме со пробување,по 2-3 лажички од сабајле
@stevemila Излупено можеш да го исецкаш на ситни коцки така побрзо ќе се свари.Јас обично морковот така го варам затоа што е поцврст.
Млекце прво бидејки ноќе не пие млеко, последно и е во 23ч. Пие млеко во 7,8ч па каша по 3ч и давам зашто не ми пие сабајле ни 150мл, по 120,130мл.
Ја немав читано одамна темава па сакам да пишам како ние воведувавме оброк. Недела дена пред 5 м почнав со пробување на вкусови прво тиква па морков, јаболко, слива, банана... Од 5 + имавме еден оброк. Втор оброк воведов од 7 полни месеци а трет оброк од 9 полни месеци. Мислам дека некои мајки избрзуваат со воведување на оброци. Ние сме на ад затоа почнав порано со вкусови. Сакам да прашам. @kiki_riki какви урми даваш и од каде купуваш? И модар патлиџан? @eli25 каков е тој намаз АБЦ може ли слика и по колку ставаш? И уште прашања. Од зачини што можам да давам? Давам само ц.цимет ама гледам по групите на ФБ даваат и босилек, нане, семе од коприва од 9 месеци? И ние сме 9+ Имам дадено телешко, мисиркино и од домашно петле месо. Што мислите за јунешко рано е или не? Имам читано дека е потешко за варење. И што мислите за доматите розеви од пазар? Сакам да воведам домат. А домашни не можам да најдам. И уште нешто сакам да пишам дека зеленчукот во Австрија што го купував за бебе (секогаш био) има огромна разлика со зеленчукот од овде. Како пластика ми е се овде и кога си дојдовме на почетокот бебе не ми ги јадеше оброците цели сега пак почна да ги јаде. И дали телешкото месо во Тинекс е стварно од младо теле? Мене не ми изгледа дека е од младо теле и дека е убаво. Купив и имаше мирис како јунешкото. Во Австрија месото од младо теле е бледо розево а овде црвено. Извинете на долг пост.
Купувам суви урми од кам. Давам по 2-3 на оброк. Ги оставам од претходната вечер да киснат во топла вода и утрото ги давам. Некој од членките спомнуваја имало во зегин некој поскапи урми. Мислам @kukla21 беше. Ако се збунав се извинувам Модар патлиџан воведов пред 1 недела. Го купив од пазар.
@orhideea почекај за патлиџан, каде и да е ќе има домашни на пазар, ќе ги препознаеш, обично ги продаваат стари баби/дедиња и не се толку ,,лични,, на око, од овие сега јас не би дала на бебе Телешкото од Тинекс гарант е јунешко
Navistina ne mi e jasno.Namirnicite se davaat edna po edna pa posle vo kombinacija? I kollku denovi edna namirnica pa voveduvanje na druga?