За пробување вкусови по неколку лажички јас користев купечки. Тогаш кога стигнавме до оброк почнав да подготвувам дома. За на одмор предијата ми препорача обавезно купечки заради контрола на хигиена. Ми рече на домашните бактерии и слилчно е навикнат ама на одмор не знаеш кој се влегол и готвел во кујната и како е исчистена. Стомачето на бебето е сензитивно и затоа најдобро отвараш кашичка му ја даваш и готова работа. Така истеравме два одмора првото лето и ич немавме никаков проблем со бебуш, Инаку за пробување јас давав три дена овошје, па три дена зеленчук. Почнав со јаболко како најнеутрално па потоа морков, па круша итн, итн. Кога се зголеми бројот на пробани намирници почнав да ги мешам.
Изгледа ист педијатар имаме Туку, еве денес бебе изеде 160гр каша. Као од денес почнувам со појадок но ми е страв да не се прејаде.. Да му давав и уште ќе јадеше ама од пусти страв.По 2ипол саати испи 180мл ад. Јас мислам моево дете колку и да му давам ќе јаде. А бидејќи се роди помал, нема многу кг. 6+ е околу 7 800
Мислам дека општо се мисли на кујната не само на садовите, не верувам дека има некој што користи тамошни садови јас не би можела во никој случај. Ние лани бевме на краток одмор само , и му давав цело време готови каши, шубе ми беше да му готвам, годинава поголем е па не ги ни јаде купениве каши баш, па ке морам нешто да зготвам а ич нејкам
@emkaemka за пробување, особено оние што не се сезонски и јас со готови почнав (слива,кајсија..) и онака во фрижидер барем овие можеше до три дена, така да таман. А за одмор и јас планирав да си носам за него садови. Садот за готвење на пареа, мало тенџерче, лонче и нормално лажици, чинивчиња...
Е може да се изведе, се во огромна пластика ќе ставам/вадам, со купена вода ќе мијам, ќе бришам со моја крпа и пак во пластиката, ако не сакам ниту на тој шпорет да готвам плинско ќе си носам, иако јас носам секаде со мене индукциско решо. Во фрижидер во посебна пластика ќе чувам
Исто 5% не знам ни дали се продава повеќе/помалку %, јас концентрат купувам и растварам, уствари за подот само сипувам во кофата од око, за површини растворен ми е. И толку се навикнав на него што и убаво ми мириса
ме интересира има некој што се придржува кон baby-led weaning, да се храни само бебето, а не со кашички? јас читам и размислувам, ми се чини интересно, лесно и поприродно. Ама во август ќе направиме 6 и баш тогаш ќе одиме дома на месец, па се мислам што и како да пробаме тие 4 недели тогаш да ми биде унапред смислено
@orhideea И јас за домати ке почекам иако ќе сме скоро 11, зајачко носат во Веро Џамбо секој четврток тазе зајче И во прилог слика од каков абц крем сирење ќерками мнооогу го обожава и давам за вечера со тарана или со палента а понекогаш со ориз, ако ми текне уште нешто ке пишам
Ако не се лажам јас имам 2% сум ја фрлила флашата. Пишува дека е погоден дури и за дезинфекција на раце, прибор за јадење и тн....
1. Палента, урда, 2 л кисело млеко и банана. (Или вишни, круша, јаболко) 2. 1 тиквичка, мисиркино и урда. 3. Компир, морков, жолчка и урда. Односно со се ја комбинирам. Син ми ја обожава.
Какво лебче давате? Дали може од интегрално брашно од пченица и 'рж или обично бело ? И од која фирма ?
прво лебче што дадов беше домашно месено. терав така некој период потоа почнав да давам бел на ж. лукс