Давам и обично бело, ама и пченкарно, од овесно брашно (на фри пек се и двете) . Воглавно какво имам дома такво и давам понекогаш. Освен со семиња, мислам дека се 9+ они
@LiliBoz па незнам од кога може леб , воглавно и ние доцна ќе воведеме , додуша со се доцниме . Утре 10м , а уште многу имаме за воведување . Јас се фатив за лебот мислам дека ќе се поправи малце , мн слабо качува килажа @forumce од каде ги купуваш?
ехеее јас пред годинка мислам прв пат дадов леб. не значи дека ќе качи од него. баш и мојот тој период стагнираше . Може да се рече 6 месеци 1 кг едвај. Потоа почна пак убаво да качува ама нема правила. Кога се разболе симна 1 кг па го врати за брзо време и сега пак стагнира на таа тежина . гледај да не слабее другото не е битно.
Мајки, сакам во зеленчуковите каши да воведам и лук. За некој ден сме 7 месеци, смеам ли? И дали има врска млад или стар?
Мајки имам неколку прашања, па ако може некоја да ми одговори Имам телешко домашно ама замрзнато, значи поради транспорт такво ни го донесоа по 'малку' во две кесички. Си реков ќе сварам, за малата едно парче, другото ние ќе го јадеме, нема како поинаку ама може ли барем уште за утре да сочувам? Да оставам уште едно парченце во водата во која се вареше и да го ставам во фрижидер и утре и тоа да и го спремам? Може ли да воведам урда, младо сирење и она абц сир? 7+ сме Кога ќе воведувам јајце смеам ли во кашата исто така нешто ново за прв пат или само со веќе воведени намирници? Со што најчесто комбинирате гриз?
Јас почнав со купечки на Хипп и Холле...Денес се наканив пусти мерак тиквичка да му подготвам но се слушнав со педијатарот и ми рече круша зошто каки немаме цели 5дена 2 дена слива цела каша на ден,денес 10лажички круша и пак нема каки Јаболчето на Холле е преубаво,Морковот на Хипп е прилично гадничок ама касна малово 15 лажички тие 3 дена.Круша,слива,тиква на Хипп исто се добри...ги пробав...а синко не се мрштеше само што имаме сеуште проблем ил не е проблем незнае да јаде јас стави му тој со јазичето и надвор па затоа ставам некој 7-8 лажички во тањирче и 5-6 ќе касне Јас ќе му давам бар месецов додека да пробуваме вкусови од тие каши што се со еден вкус а од зеленчук со план сум да пробаме Тиквичка,Батат(сладок компир),Брокула и овошје Банана(со точки) овие работи да му ги приготвам ама мака ќе му направам ако му дадам сега од овие намирници ЗАБЧЕ ИМАМЕЕЕЕ Мама жива радосна
Официјално од утре ќе јадеме, среда со среќа да пројаде каши мали Педијатарот ни рече наредниве 2недели да пробуваме само вкусови по 3дена и тоа еден ден овошје, друг зеленчук, па потоа да мешам и да давам до кај 10ч оброк каша, колку изеде толку/односно колку бара, па околу 12-13ч да давам пред подој чист нов вкус 4-5лажички и се така во круг.. Туку да прашам, купечкиве каши што не се мешани може јас да ги мешам?? Пример чисти јаболко и банана да смешам и да дадам?? Знам има мешавини некои ама прашувам и за вака
Емче додека чекам некој да ми одговори мене, да ти кажам јас тебе Немам некое големо искуство, посебно не со купечки кашички, ама во врска со мешање, сум мешала купечка кашичка со нешто плус. Затоа што во принцип тие се потечни и дека малечки, зборувам од тие 125мл и на пример во слива сум додавала свежо јаболче, крушка или обратно во јаболче нешто плус или со палента сум ги мешала. А верувам може и така кашички да мешаш, зошто да не, само што на почеток ќе даваш по малку па не знам тоа со чување после во фрижидер како, дека јас не сум оставала досега отворена недоизедена. Инаку да ви тргне среќно ручкањето и на здравје!
Еве јас како практикувам ќе ти пишам. Давам месо секој втор ден и имам оставано месо за нареден пат во фрижидер. Мислам дека така варено може да стои 3-4 дена. Урда, абц смееш, за младо сирење нз, неверувам ,ама некоја мамичка друга нека каже. Сепак не е провриено тоа сирење. Несолено смееш мислам. Кога воведуваш жолчка, Др намирница не воведуваш, ја комбинираш со веќе воведени. Гриз комбинирам со овошје најчесто. @emkaemka Со Господ напред
Сигурно знаеш ќе си извадиш на страна колку лажички мислиш да му дадеш и затвараш тегличе и ставаш одма во фрижидер јас го ставам понавнатре да не е на врата...и стои без проблем 3 дена па и 4 стоеше вчера баш тиквата јас ја м'цнав...Јас сеуште не сум му помешала само чисти вкусови пробуваме сега за сега ама знам сестра ми си ги мешаше а и пр.просо ли паланта ли си ставаше кајсија,јаболче и итн. Со лесно ручкање се да ручкате
Да знам, така рече да вадам 5-6лажици 2та дена, третиот што остане, во тањирче да постои на собна, па да давам. Како ми рече, така ќе давам, 2недели само чисто и после ќе мешам, па во 12ч чисто ново нешто. За 1.5м сме на контрола, рече до тогаш да имаме веќе 1.5 оброк
Јас од фрижидер кога го вадам тегличето ставам колку ми е потребно го ставам тањирчето во топла вода 5мин промешувам и ручкаме Да и нас така ни кажа Др.Драгана да вкусиме поголем дел од овошјето и зеленчукот па да мешаме намирници.
Јас лично ставав нане и магдонос. А црвен пипер не сум ставила сеуште ( 13 + ) не го користам ни за нас, незнам зашто ете ретко за некој наши јадења може.
Мајки, кажете што може да дадам на 10+? За десет дена 11 месеци ќе правиме. Се едно исто вртиме. Може ли јагоди да дадам или да чекам до година? Домат може? Јаткасти плодови?